Сум користела и шаума и палмолив,и не можев да се ослободам од првут и чешање. Од Head n Shoulders стана прекршлива. Затоа веќе 3 години се мијам со шампони на растителна база. Од шампон од бреза и камилица верувајте,нема подобро,посебно од шампонот од камилица,сјајот и ефектот на здрава коса е неспоредлив.
После шампонирање обавезно ставам и балсам за расчешлување на база на бадем ,не дека имам екстра бујна и виткана коса,но ептен е проблематична кога станува збор за чешлање.
И еднаш неделно ставам маска од Genera,прекрасно мирисаат,и сум презадоволна. Не се прескапи,секако,цената не го пресудува квалитетот,со една кутија од големите се служам речиси 2 и пол месеца.