Erich Zann
Модератор
- Член од
- 13 мај 2012
- Мислења
- 14.631
- Поени од реакции
- 31.841
Има повеќе класификации, делби и поделби околу оваа тематика, но се одлучив според онаа на Хипокрит, кој ја дава во 4 поделби, не е многу сложена (можеби поради ова и има недостатоци) но како и да е решив да ја отворам темава.
Темпераментот се однесува на брзината на манифестирање на емоционалните реакции, нивната јачиња и времетраење.
Хипокрит пишувал за:
1.Колерик
2.Сангвиник
3.Флегматик
4.Меланхолик
Колерик - брзи емоционални реакции, неговите емоции се многу силни, траењето им е долго, надворешно ги манифестира, а основниот емотивен тон им е лутина (гнев). Тоа е човек што брзо пламнува на емоционални дразби, со силни емоционални реакции кои доста долго траат со карактеристична експресивност. Заради неговите нагли реакции често запаѓа во судир со околината. Накратко, колеричниот темперамент се карактеризира со : нагли, брзи и јаки реакции.
Сангвик - Брзи емоционални реакции, неговите емоции се слаби, траењето им е кратко, надворешно ги манифестира, а основниот емотивен тон е ведро расположение. Тоа е човек кој брзо пламнува, но и брзо се смирува. Експресивноста му е карактеристична и важи за весел и комуникативен човек кој е прифатен од околината. Во целина овој тип го карактеризираат брзи, но слаби реакции.
Меланхолик - бавни емоционални реакции, неговите емоции се силни, траењето им е долго, надворешно не ги манифестира, а основниот емотивен тон е тага. Тоа е човек кој ретко реагира, но кога ќе реагира, реагира со силни емоции кои не се експресивни, а се долготрајни. Најчесто неговите реакции се во врска со неговата личност. Тешко носи одлуки, не е многу подвижен, чувствува загриженост. Кај него преовладуваат непријатни чувства, тага и загриженост.
Флегматик - бавни емоционални реакции, неговите емоции се слаби, трањето им е кратко, надворешно не ги манифестира, а основниот тон е рамнодушност. Тоа е мирен, сталожен, слабо осетлив и слабо подвижен човек. Неговите емоционални доживувања не се експресивни, така што оддава впечаток на незаинтересираност за надворешните случувања. Основни карактеристики на овој тип се : слаби и спори реакции.
Или подетално на сликава би било вака.
Па прашањево е доколку одберете, каде се сместувате себеси меѓу овие 4 видови?