Каков темперамент имате?

каков темперамент имате?


  • Вкупно гласачи
    370

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
2007 сум одговорила дека сум сангвиник, но од оваа перспектива не би се сложила. Може има некои елементи кои ме карактеризираат, но дефинитивно поголемиот дел од времето припаѓам на меланхолик. Посебно што многу често имам меланхолични периоди... а можеби за време од 5 години сум сфатила точно кај припаѓам, кој знае... :)
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
2007 сум одговорила дека сум сангвиник, но од оваа перспектива не би се сложила. Може има некои елементи кои ме карактеризираат, но дефинитивно поголемиот дел од времето припаѓам на меланхолик. Посебно што многу често имам меланхолични периоди... а можеби за време од 5 години сум сфатила точно кај припаѓам, кој знае... :)
А веројатно си микс од сангвиник и меланхоник... :)
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Последен пат овој тест од прашања го решавав во средно по психологија. Тогаш ако добро паметам ми искочи колерик. Во некои области сум и меланхолик посебно последниве две години. Ако некој од психолизите на форумов го има тестот би сакал да го добијам:)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А веројатно си микс од сангвиник и меланхоник... :)
А бе тоа секако, не постои некој човек кој не би се пронашол во уште една група, само поентата ми е дека тогаш сум одговорила сангвиник, но изминативе две-три години ретко покажувам такви особини, а и тогаш не знам колку сум ги имала. Отсекогаш сум била понаклонета кон меланхолично расположение, со исклучок на одредени периоди. Има некои карактеристики на сангвиниците кои и јас ги имам, но оние на меланхолиците ми се далеееку поизразени, така што можам слободно да кажам дека припаѓам во таа група, а не во таа на сангвиниците. :)
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.358
Поени од реакции
4.882
Проф. по англиски вика дека сум флегматик, значи конечен одговор е флегматик.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.136
Поени од реакции
18.135
Колерик-(holea-жолчка), овие лица реагираат брзо, силно, со долго време траење, на лицето им се гледа што чуствуваат(екстравертно) основна емоција им е лутина и раздразливост. Поради својата екстравертна природа тие се добри организатори, амбициозни, често сакаат да се "главни" со што ги свртуваат другите против себе. Брзо пламнуваат и таа лутина долго ја задржува и останува лут и гневен. Кога ќе започни нешто го завршува до крај

Сангвиник-(sangvis-крв), реагираат брзо со слаби реакции кои траат кратко, екстравертно основна емоција им е веселост и оптимизам. Активен е, започнова некои работи но не ги завршува до крај, лесно воспоставува контакти со многу луѓе кои најчесто се површни. Брзо пламнува а потоа може да се кае

Меланхолик-(melan hole- црна жолчка), реагираат многу бавно, но силно и долготрајно, на лицето не им се забележува што чуствуваат(интравертно), основна емоција им е тага и песимизам. Настаните длабоко ги преживува, тешко воспоставуваат контакти, но кога ќе воспостават тие се вистински пријатели. депресивно реагира. Не реагира брзо и ако некој ги навреди , таа навреда ја памти

Луѓето се најчесо со мешан тип. Освен тоа што се наследува темпераментот може да се контролира и "воспитува". На пр. избувливите луѓе можат да "избројат до десет", мирните да ги интензивираат своите чувства и сл.
Многу мешавина.А добро напиша некој на првите страни, во зависност од ситуација карактерот е променлив ;)
 

imp

МyMoon
Член од
11 јуни 2012
Мислења
39
Поени од реакции
31
Доволно е човек малку да погледне во себе за да свати дека има карактеристики од сите четири типа. Фората е у тоа што некои од карактеристиките се подоминантни а некои не. Јас мислам дека темпераментот се обликува и се менува според големината на егото. Поздрав
 

Kajgana Shop

На врв Bottom