Каков крвен притисок имате?

Член од
23 септември 2015
Мислења
723
Поени од реакции
386
Нормално дека дојдов да се информирам, а за тоа дали сум здрав спрема сите параметри и испитувања сигурно дека не сум и никој не е
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Screenshot 05-24-2023 23.39.43.png

Тина Тарнер ја раскажала својата приказна околу високиот крвен притисок:

„...Моите бубрези се жртви на тоа што го негирам фактот дека мојата хипертензија има потреба од терапија со конвенционална медицина. Се ставив себеси во голема опасност одбивајќи да ја прифатам реалноста дека ми требаат дневни лекови до крајот на мојот живот. Предолго го сметав моето тело за неранлив и неуништлив бастион.

Долго време боледувам од хипертензија, ми беше дијагностицирана во 1978 година, но не се грижев многу за тоа. Не се сеќавам дека некогаш сум добила објаснување за тоа што значи висок крвен притисок или како тој влијае на телото. Високиот крвен притисок го сметав за моја нормална состојба. Затоа, навистина не се обидов да го контролирам.

Во 1985 година, еден лекар ми даде рецепт за апчиња од кои требаше да земам по едно на ден, и тоа беше тоа. Не размислував повеќе за тоа. Откако доживеав мозочен удар во 2009 година поради мојата лошо контролирана хипертензија, се борев да станам повторно на нозе. Ова е кога за прв пат дознав дека моите бубрези повеќе не работат толку добро. Тие веќе изгубија триесет и пет проценти од својата функција. Се обидов да дознаам повеќе за функцијата и значењето на овие органи. Повеќето луѓе веројатно дури и не знаат каде се наоѓаат нивните бубрези и за што служат додека нивното здравје не е доведено во прашање.

Продолжив да добивам рецепти за контрола на мојата хипертензија. Но, бев убедена дека тие направија да се чувствувам уште полошо. Со текот на времето развив фатална аверзија кон овие апчиња. Се сетив дека уживав во животот пред да почнам да ги земам и посакав да бидам бистра и енергична како порано.

Кога еден пријател ми предложил поинаков пристап и ми препорача хомеопатски лекар во Франција, јас не се двоумев. Тој ги замени моите конвенционални лекови со хомеопатски лекови. И ми рекоа секогаш да пијам, пиј, пиј.
Навистина, по некое време почнав да се чувствувам подобро. Не им кажав на моите лекари за мојот експеримент, а кога требаше да се изврши мојот следен рутински преглед, бев возбудена да видам дали хомеопатските лекови го намалија мојот крвен притисок и ја подобрија мојата бубрежна функција.

Ретко во животот сум била толку во заблуда. Не знаев дека неконтролираната хипертензија ќе ја влоши мојата бубрежна болест и дека ќе ги убијам бубрезите со откажување од контрола на мојот крвен притисок.
Никогаш не би го заменила мојот лек со хомеопатски алтернативи ако имав идеја колку е погрешно за мене. Благодарение на мојата наивност, завршив на точка каде што се зборуваше за живот или смрт.

dev-tina.jpg

На почетокот, можеби не забележав никакви знаци на болест, но некои од симптомите за кои ги обвинив лековите, како што се мојот замор, гадење или повремена раздразливост, беа навистина знаци на моето заболување на бубрезите во последната фаза. Како би можело да се сетам сама да донесам одлуки за лекување?

Да имав идеја за ризикот што го преземав, никогаш немаше да користам шанса за алтернативна медицина. Лекарите многу јасно кажаа дека последиците од мојата одлука се неповратни. Мојата бубрежна функција го достигна најниското ниво на сите времиња....“
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.492
Поени од реакции
80.551
140/90 висок е нели?
правив испитувања крв, екг ово оно ништо не било, така сум функионирал, и бев спортис 7 години, можда и наследно татко ми има висок притисок, али не сум осетил да ми прави проблем.
Ти цитирам мислење старо 5 години, ама ајт... :D 140/90 е на граница измеѓу нормален и висок, така го рачунаат лекарите, ама нема потреба од паника, знам луѓе кои правеле секакви испитувања каде ништо не им било најдено а нормален притисок им е 140/100 пример. Се зависи до човекот :)

Еднаш бев на лекар, имав стварно покачен притисок 170/110 или 115, докторот ми рече се додека не осеќаш ништо арен си, чим осетиш како те бутка тогаш реагирај. Иначе мојот нормален е 130/90
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455

Јас кога би би се прашувал, ова би стрпал во затвор, особено ако мериш такви бројки почесто. Ова мислење е екстремно опасно и е базирано на тапкање по рамо кое годишно носи огромен број луѓе во прерана смрт. Новите истражување укажуваат на голема разлика во ризик од морталитет во споредба со оптимален притисок, дури и при умерено покачување.

Немој да веруваш на приказните мене не ми беше ништо иако имав xx итн. Тоа се маалски муабети кои немаат допирна точка со реалноста.

Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.361
Поени од реакции
38.335

само plant based храна и све ќе си дојде у нормала. Очигледно докторчево е од вашите вегански војници.

Иначе секоја зголемена тежина предизвикува висок притисок. Поготово 20 кила вишак ако имаш или повеќе. Не е решението за проблемот веганска храна него намалување на килажата и притисокот би се вратил у нормала.

Исто така притисокот може да биде предизвикан на нервна база. У тој случај пиење соодветна терапија за намалување на притисокот е неопходна. Во такви случаи млеко од авокадо нема да ти помогне.
 
Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
870
Поени од реакции
1.378
za site lekoverni, ne zemajte se zdravo za gotovo na temava, ima panicari ima propovedi.

Od edna strana ke cuete deka visok pritisok e znak na silno srce, od druga strana ke cuete deka niskiot pritisok go oslabuva srceto pri napor. od treta strana ke vidite deka 125 e pokacen pritisok sto e notorna laga.

Eve ja tina tarner cel zivot so visok pritisok pa doziveala 83.

Ne zemajte se zdravo za gotovo, hranete se pametno, ispitajte i dozvolete mu na vasiot lekar/internist/kardiolog da odluci dali da go tretira vasiot problematicen pritisok. Ne se vodete od temive po forumite, barem ne zdravo za gotovo
Автоматски споено мислење:

Mene so 135 80 prenesa 4 mg mi prepisaa
toa e semi-normalen pritisok, valjda si imal masnotii ili zadisuvanje/rizik faktori stom ti go dale..
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
само plant based храна и све ќе си дојде у нормала. Очигледно докторчево е од вашите вегански војници.

Иначе секоја зголемена тежина предизвикува висок притисок. Поготово 20 кила вишак ако имаш или повеќе. Не е решението за проблемот веганска храна него намалување на килажата и притисокот би се вратил у нормала.

Исто така притисокот може да биде предизвикан на нервна база. У тој случај пиење соодветна терапија за намалување на притисокот е неопходна. Во такви случаи млеко од авокадо нема да ти помогне.
Го гледаш ли скринот? ај прочитај убаво од каде е изваден. Постојат иначе еден куп слаби луѓе со висок притосок, имено срцева болест е исто тесно поврзана со хиптертензија, а од истата страдаат и луѓе кои се фит, иако има поголема шанса да имаш висок притисок кога имаш прекумерна тежина.

Во видеото имаше огромна студија која се водела со децении, статистиката од неа е прилично прецизна, додека резултатите од истата се повторливи и се поклопуваат со сите модерни истражување на здравствени организации, сите светски водичи за хипертензија препорачуваат различни верзии на медитеранска/исхрана полна со овошје и зеленчук, а минимизирање на сол и заситени масти/процесирана храна. Сите овие исхрани се верзии на растителна диета со одредена количина на продукти од животинско потекло за да бидат попрактични за популацијата, исто така многу често рибата и морските плодови се препорачуваат како замена за месото, дали овие организации, ти личат на вегански? И која веганска организација препорачува продукти од животинскo потекло? :facepalm: :popce: :pos:

Ако имаш висок притисок на "нервна база" ни медикаментот за хиптертензија нема да ти помогне, ако со него нема антидепресив, ете уште еден обид да бидеш вицкаст ти пропадна, затоа што како и на другите теми, така и на оваа немаш појма што збориш, и само ги труеш темите со канцер.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.361
Поени од реакции
38.335
Ако имаш висок притисок на "нервна база" ни медикаментот за хиптертензија нема да ти помогне, ако со него нема антидепресив, ете уште еден обид да бидеш вицкаст ти пропадна, затоа што како и на другите теми, така и на оваа немаш појма што збориш, и само ги труеш темите со канцер.
антидепресивите немаат некое влијание на крвниот притисок. Уште еднаш шириш лаги и невистини. Тој притисок се регулира со друга терапија и апчиња како блоксан или бензодиазепини кои ја намалуваат анксиозноста.
 
...а бе види вака, имаше и многу студии и препораки за аниковид вакцинирање, па сеа кој како ќе го сфати тоа, сите студии на кои и ти се повикуваш, не се доброволни онака од воздух направени, некој треба да ги финасира, па сега нели финасерот може да диктира и правец на развој на студијата, што да се потенцира, што да се скрие под ќилим.

... ако овие што пишуваат идат во крајност во еден правец, ти богами идеш во крајност во другиот правец и тоа е исто лошо да препорачаш веганска исхрана за нормализирање на покачениот крвен притисок, исхраната може е некој фактор но сосема мал % за причина на покачен крвен притисок, организмот сака разновидна храна нема тука што да се скрати во разноврсноста, од све треба да има, скрати од количина, но не од разноврноста на храната и тука има разлика!

...со само исхрана на овошје и зеленчук, кој гарантира дека во телото не се внесуа повеќе пестициди и несакани супстанци од тие истите што секој ден ќе се конзумира во големи количини пошто било ептен здраво? а да се исфрли од исхрана едно барено на пареа месо сокливо кое ќе го држи организмот сит цел ден?

...книга што пишува како корисно е едно, на терен каде се огледува тоа овошје и зеленчук е друго, една салата не може човек да изеде без подршка од леб, а да не го удри дијареа.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
антидепресивите немаат некое влијание на крвниот притисок. Уште еднаш шириш лаги и невистини. Тој притисок се регулира со друга терапија и апчиња како блоксан или бензодиазепини кои ја намалуваат анксиозноста.
Антидепресиви - генерализирам, за да доловам полесно што мислам, ако напишам анксиолитици, или бета блокатори, добар дел од луѓето нема да разберат што е тоа, сеедно со тебе и оваа над тебе не си трошам време, некогаш може да те цитирам па после ќе се сетам дека подобро со ѕид да си направам муабет.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.361
Поени од реакции
38.335
Антидепресиви - генерализирам, за да доловам полесно што мислам, ако напишам анксиолитици, добар дел од луѓето нема да разберат што е тоа, сеедно со тебе и оваа над тебе не си трошам време, некогаш може да те цитирам па после ќе се сетам дека подобро со ѕид да си направам муабет.
не знаеш основни работи и глумиш селски еким. Ја не знам ни како беше модератор на форумов искрено, ако лечење луѓе со тумерик и чиа семе сите ќе бевме доктори.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
не знаеш основни работи и глумиш селски еким. Ја не знам ни како беше модератор на форумов искрено, ако лечење луѓе со тумерик и чиа семе сите ќе бевме доктори.
Кловн беше тоа и остана.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.034
Поени од реакции
10.247
90/60 ми е мене.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom