Каков крвен притисок имате?

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.612
Поени од реакции
37.573
Резистентен ми е на такви како вас :D
... воопшто не е смешно, прашање на време кога твоите органи ќе реагираат поинаку поради недоволно снабдување со крв, а со тоа и со потребните материи за правилно функционирање, голем ризик си и за други состојби под итно да си го регулираш, впрочем медицинско лице си зарем има потреба да ти кажеме, ама ти некако го напиша како да ти е „супер“ тој притисок, напротив колабирање од низок притисок е животно поопасно од хипертензивна криза.
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.120
Поени од реакции
1.276
најчесто ми е околу 130/90
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.095
Поени од реакции
2.922
Го гледаш ли скринот? ај прочитај убаво од каде е изваден. Постојат иначе еден куп слаби луѓе со висок притосок, имено срцева болест е исто тесно поврзана со хиптертензија, а од истата страдаат и луѓе кои се фит, иако има поголема шанса да имаш висок притисок кога имаш прекумерна тежина.

Во видеото имаше огромна студија која се водела со децении, статистиката од неа е прилично прецизна, додека резултатите од истата се повторливи и се поклопуваат со сите модерни истражување на здравствени организации, сите светски водичи за хипертензија препорачуваат различни верзии на медитеранска/исхрана полна со овошје и зеленчук, а минимизирање на сол и заситени масти/процесирана храна. Сите овие исхрани се верзии на растителна диета со одредена количина на продукти од животинско потекло за да бидат попрактични за популацијата, исто така многу често рибата и морските плодови се препорачуваат како замена за месото, дали овие организации, ти личат на вегански? И која веганска организација препорачува продукти од животинскo потекло? :facepalm: :popce: :pos:

Ако имаш висок притисок на "нервна база" ни медикаментот за хиптертензија нема да ти помогне, ако со него нема антидепресив, ете уште еден обид да бидеш вицкаст ти пропадна, затоа што како и на другите теми, така и на оваа немаш појма што збориш, и само ги труеш темите со канцер.
Имам 115 кг и 110/80 крвен притисок. Скоро 30 години дарувам крв. Врска нема крвниот притисок со покачена тежина.
Автоматски споено мислење:

Пред да почнете да се колкате со лекови за притисок не е на одмет да ја изгледате серијата Dopesick. Многу убаво е објаснето како функционира Фармако мафијата.
 
Последно уредено:
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.062
Поени од реакции
5.977
Имам 115 кг и 110/80 крвен притисок. Скоро 30 години дарувам крв. Врска нема крвниот притисок со покачена тежина.
Автоматски споено мислење:

Пред да почнете да се колкате со лекови за притисок не е на одмет да ја изгледате серијата Dopesick. Многу убаво е објаснето како функционира Фармако мафијата.
А која е твојата висина на тие 115 кг,дали пиеш секој ден апчиња за регулирање на притисокот,дали имаш секојдневна физичка активност и со каков апарат го мериш?
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.095
Поени од реакции
2.922
А која е твојата висина на тие 115 кг,дали пиеш секој ден апчиња за регулирање на притисокот,дали имаш секојдневна физичка активност и со каков апарат го мериш?
Никогаш не сум пиел никакви апчиња за притисок. А крвниот притисок ми го мереа последен пат пред една година кога давав крв.
Автоматски споено мислење:

Не се занимавам со некоја посебна физичка активност. Плус немам никакви маснотии ни холестерол во крвта.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Имам 115 кг и 110/80 крвен притисок. Скоро 30 години дарувам крв. Врска нема крвниот притисок со покачена тежина.
Автоматски споено мислење:

Пред да почнете да се колкате со лекови за притисок не е на одмет да ја изгледате серијата Dopesick. Многу убаво е објаснето како функционира Фармако мафијата.
Има врска, ама не е единствен фактор. Мојата намера не беше да препорачам да се земаат медикаменти на 125/80 него дека на тие бројки веќе почнуваат ризик факторите, а не да ги лажат луѓето дека не е ништо на 170/110.

125/80 категоријата, се средува скоро секој таков случај со животни промени и во недостаток на други ризик фактори тие бројки не се нешто страшно. Лимитиран сум колку детално можам да доловам што мислам бидејќи куцам од телефон, ме нервира и кратам.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.597
Поени од реакции
6.365
135 со 100, +-. Со години ми е тука некаде. Ми препишаа некој апчиња пред 2 години кој ми го регулираа но за месец два престанав да ги земам.
Од пред еден месец пак бев на преглед, пак ми дадоа апчиња, пренеса по едно на ден од 4мг. Се ми е добро, освен покачен холесторол, 7.5 мислам беше.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.317

И сега пак со пренеса 4 ти е дијастолниот 100?
Ако е така тоа не е добро и треба да ти се промени терапијата. Најлошо е кога не чувствувате никакви тегоби, а притисокот е висок.
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.095
Поени од реакции
2.922
И сега пак со пренеса 4 ти е дијастолниот 100?
Ако е така тоа не е добро и треба да ти се промени терапијата. Најлошо е кога не чувствувате никакви тегоби, а притисокот е висок.
Особено е лошо за фармако мафијата која заработува од ставање на сите луѓе во иста група. Ние не сме правени на подвижна трака па сите да функционираме под исти параметри.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.317
Особено е лошо за фармако мафијата која заработува од ставање на сите луѓе во иста група. Ние не сме правени на подвижна трака па сите да функционираме под исти параметри.
Па сеа ти колку сакаш можеш да филозифираш. Факт е дека константно висок притисок е многу лоша рработа и не смее да се трпи заради револтот кон "фармацевтската мафија".
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.095
Поени од реакции
2.922
Па сеа ти колку сакаш можеш да филозифираш. Факт е дека константно висок притисок е многу лоша рработа и не смее да се трпи заради револтот кон "фармацевтската мафија".
Проблемот е повишен крвен притисок. А тоа за секој организам е различно. Најдобар профит за една фармацијата се лекови за хронични болести. Затоа и се измислени тие смешни категории за висок крвен притисок.
 
Член од
21 декември 2018
Мислења
169
Поени од реакции
75
Abe gotovo od 3 evra meseno ke gi zbogatet
 
Kajgana Shop

На врв Bottom