Каков е интернетот на Телекабел, Теленет...

Статус
Затворена за нови мислења.

Топка

Генерал
Член од
21 април 2006
Мислења
1.220
Поени од реакции
2
Ice Eyes напиша:
A колку се плаќа месечно?
500 денари со лимит на трансфер од 400 мегабајти. Секој нареден прекорачен мегабајт се наплаќа по цена од еден денар. СМетката не може да изнесува повеќе од 1500 денари без разлика на количината на трансфер на податоци. :wink:
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Acid напиша:
Ја шиткам финтата за 1500 денари.

Ццц . . . како не ти е срам бе да им шиткаш финти на другарите :icon_lol: :wink:
Јас сум сосема задоволен од интернетот, за 1500 денари месечно е премија.
 

Раскољников

Моделатор
Член од
15 март 2006
Мислења
167
Поени од реакции
1
Луѓе, сакам да прашам за во Карпош КТВ Зора дали нуди интернет, дали се потпишува договор, лимити, цени, брзини, ако знае некој би му бил многу благодарен да ми каже.
 
Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
Раскољников напиша:
Луѓе, сакам да прашам за во Карпош КТВ Зора дали нуди интернет, дали се потпишува договор, лимити, цени, брзини, ако знае некој би му бил многу благодарен да ми каже.
Јас ги имам овие информации од пред два-три месеца, незнам уште дали важат.

Пакет 1 - 512/128 Kbps (download/upload) - сообраќај 500 MB - 500 денари сосе ДДВ
Пакет 2 - 512/128 Kbps (download/upload) - сообраќај 2 GB - 1000 денари сосе ДДВ
Пакет 3 - 512/128 Kbps (download/upload) - сообраќај неограничен се намалува брзината после одредена количина на симнати гигабајти - 1500 денари сосе ДДВ

Приклучок за сите пакети 800 денари, кабловски модем 2700 денари.
Интернетот го откупуваа до тогаш од MOL и доделуваа до 3 јавни IP адреси.

Значи некаде е сличен како тој од Телекабел со некој ситници. За подетални информации ќе треба да се јавиш и да се распрашаш точно што како е.
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Од пред неколку недели КТВ Зора откупија линк и од оннет, зошто тој од мол им бил поскап а не можел да ги опслужи сите корисници.
 

Раскољников

Моделатор
Член од
15 март 2006
Мислења
167
Поени од реакции
1
vardarce напиша:
Јас ги имам овие информации од пред два-три месеца, незнам уште дали важат.

Пакет 1 - 512/128 Kbps (download/upload) - сообраќај 500 MB - 500 денари сосе ДДВ
Пакет 2 - 512/128 Kbps (download/upload) - сообраќај 2 GB - 1000 денари сосе ДДВ
Пакет 3 - 512/128 Kbps (download/upload) - сообраќај неограничен се намалува брзината после одредена количина на симнати гигабајти - 1500 денари сосе ДДВ

Приклучок за сите пакети 800 денари, кабловски модем 2700 денари.
Интернетот го откупуваа до тогаш од MOL и доделуваа до 3 јавни IP адреси.

Значи некаде е сличен како тој од Телекабел со некој ситници. За подетални информации ќе треба да се јавиш и да се распрашаш точно што како е.
OK, 10х
 

Stefanos_M

Moscow_Boy
Член од
23 април 2006
Мислења
563
Поени од реакции
0
Aj neka ja pishe nekoj stranata na telekabel, kaj shto se gleda transferot. Mi se izbrisha...
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Раскољников напиша:
Луѓе, сакам да прашам за во Карпош КТВ Зора дали нуди интернет, дали се потпишува договор, лимити, цени, брзини, ако знае некој би му бил многу благодарен да ми каже.
Epa ima luge so ne se bash zadovolni od brzinata i stabilnosta na Internetot na Zora(i ja sum se uveril vo gorenavedenoto). Sea za sea najbolje internet kabelski imaat Telekabel:je:JA IAM TELEKABEL
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Сеа за Зора...немав платено три месеци и не ме исклучуваа...вчера отидов да платам(куртоазија) и за три месеци ми земаа само 1500 ден...сеа или таа шо работи таму ме сака нешо или многу фини станале у зора...не знам
Ама ми се свиѓа...LONG LIVE ZORA(и девојчето шо ми наплаќаше) :)
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
И јас така со Телекабел.. 3 месеци за 1850 (со претплата) (=
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Една работа не ми е јасна.. во моментов онлајн се 167 корисници на Телекабел, кои користат 4Mbps од вкупно достапни 81Mbps од Downstream каналите (0 и 1), и 797kbps од вкупно 25Mbps од Upstream каналите (1-6).

Значи, и да има и 5, 10 пати повеќе корисници во исто време (што до сега немам приметено да се случило :)), пак ќе биде далеку од преоптеретување на мрежата.

Прашањето, или тоа што ме буни/нервира е - за кој к*р ни` ја намалуваат брзината од 512к на 256к, кога никој не му пречи на никого, т.е. никој не "краде" нечиј bandwidth? Колку што знам, они го плаќаат само линкот, а не и количината на податоци.

Што е причината за намалувањето? Алчност? Не ќе да е, зашто и вака и така можат да соберат уште многу корисници. И вака и така плаќаме по 1500 за интернет..
 
Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
Кога на некого ќе му дадеш прст ќе ја сака целата рака затоа поарно е да сте ограничени отколку да цицате до максимум затоа што покасно кога ќе се наполни капацитетот ќе се буните дека е лош интернетот на Телекабел. Тоа е македонски синдром, а мислам дека и светски ако се научиш на добро секогаш ќе бараш добро. Што се 81 Mbps на интернет линк за кабловски оператор што покрива реон од 100.000 жители? Телекабел сигурно го откупиле линкот со надеж дека ќе имаат повеќе корисници и нормално е да остават луфта за нив, а не цел да го дадат на моменталните корисници што ги имаат. Они си дефинирале некој пакет кој после одредена количина на симнати податоци ќе му се намали брзината и неможе сега ако имаат слободен капацитет да им дадат од тоа и да не им ја намалат брзината, сепак си се држат до правилата поставени од нив односно до производот што го продаваат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom