Каков ефект има КОВИД на цена на недвижности

Член од
27 октомври 2017
Мислења
512
Поени од реакции
743
Балонот го чекаат на форумов повеќе од 10 години. Направија пресметки, немало теорија повеќе од 500 евра да биде квадрат. Да почекаме уште 10? Кај и да е, ќе паднат
Така е. Но рачунај дека цените се мање више исти веќе 10-12 години, додека платите од 2008 навака се дупло зголемени. Така да балонот не пукна туку постепено се дишеше.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.709
Поени од реакции
6.839
Така е. Но рачунај дека цените се мање више исти веќе 10-12 години, додека платите од 2008 навака се дупло зголемени. Така да балонот не пукна туку постепено се дишеше.
Ова не сум го приметил! Да знаев, два стана да купев!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Да дишеше немаше со години да се продаваат по овие цени, а во одредени населби и да растат. Притоа, секој втор или првипол анкетиран на тв или коментатор на ФБ или овде, се жали примањата се мали или дека наводно просечна плата била 15-18000, а не 23-24000. Ако се во право, ако народ нема што да јаде, како тоа толку станови се купуваат (со оглед на цените и побарувачката). Само немојте -го продаде нивата оти нива, земјоделско земјиште е живо џабе. А на 15-18000 плата или несигурни примања, не давет кредити туку така на 25-30 години. Нешто овде не се поклопува во приказната.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Напротив, цената на недвижностите ќе расте! Во кризава, скоро сите очекуваат потрес во економијата и можна инфлација! Излез, инвестирање во недвижност!
Многу луѓе очекуваа пад на цените во Грција на пример, ништо не се случи и нема да се случи, како си растеа цените така си растат!
 
Член од
24 јули 2020
Мислења
1
Поени од реакции
0
Нема никаков балон тука. Цените не се пораснати нагло, и тоа се случува само во убавите населби блиску до центар. Практично ако имаш стан таму, нема зашто да го продаваш освен ако не идеш во странство.
Луѓето мислат дека цената зависи од трошоците за изградба, ама таа зависи од побарувачката на станови. Скопје како единствен колку толку жив град во државата секогаш ќе има побарувачка.
така да корекција на цена скоро сигурно нема да има.
 
Член од
15 ноември 2018
Мислења
83
Поени од реакции
49
Напротив, цената на недвижностите ќе расте! Во кризава, скоро сите очекуваат потрес во економијата и можна инфлација! Излез, инвестирање во недвижност!
Многу луѓе очекуваа пад на цените во Грција на пример, ништо не се случи и нема да се случи, како си растеа цените така си растат!
Kako koga vo grcija nedviznostite se so drasticno pomala cena? Pogledni gi smesnite ceni na stanovi vo Solun.
 

MSE

Член од
13 мај 2017
Мислења
261
Поени од реакции
332
Од Петок продолжуваат со работа Извршителите, а од Октомври банките си продолжуваат по старо, па ќе се види реалната цена на недвижностите :icon_mrgr:

Едит: Да додадеме на тоа и можно намалување на плати во Администрација.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Kako koga vo grcija nedviznostite se so drasticno pomala cena? Pogledni gi smesnite ceni na stanovi vo Solun.
Нормални станови за смешна цена нема, дури и реновираните се со баагимити солени цени. Остај подруми од 70 и некоја. Пробај нормално нешто да најдеш, ќе видиш колку чини. Една деценија работам со нив, знам за што зборам.
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.178
Kako koga vo grcija nedviznostite se so drasticno pomala cena? Pogledni gi smesnite ceni na stanovi vo Solun.
абе цена како цена за некој ниска за некој висока, таму болката е што имаат висок данок на недвижнините, ако не се лажам 3% е данок на имот што би дошло на стан од 30К евра да плаќаш 900 евра данок годишно, кај нас е 0.05 со 0.1% зависно дали живееш во истиот имот или не што не е мала разлика нели?

ако се случи да се зголеми данокот на имот на 2-3% или на 2,3,4... стан да се плаќа се поголем данок на имот тогаш и кај нас ќе се продаваат и би требало цената да оди надоле, а не како сега кој има париче а не го бива многу-многу за бизнис си инвестира во недвижнина, па ако падне некое париче од кирија арно ако не ни леб ни вода сака.

а конкретно за прашањето не би можел да дадам реален и издржан одговор,
кај нас ни логика ни математика не функционира по природните закони, реално платите се многу ниски имаме голема разлика во економски слоеви: екстремно богати vs тешка сиромаштија и тек-тук некој % средни, квалитет на градба скоро мизерен, никаква инфраструктура за квалитетен живот а цените на недвижнините ненормално високи соодветно на ситуацијата и економската моќ на населението,

ама нај веројатно беше во право членот погоре цената не може да падне ако има побарувачка.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
абе цена како цена за некој ниска за некој висока, таму болката е што имаат висок данок на недвижнините, ако не се лажам 3% е данок на имот што би дошло на стан од 30К евра да плаќаш 900 евра данок годишно, кај нас е 0.05 со 0.1% зависно дали живееш во истиот имот или не што не е мала разлика нели?
Грешка ти е протолкувана даночната политика, 3,09% е данок на промет со недвижности во Грција која се плаќа кога се купува недвижноста, а годишен данок на недвижности е 4 еур м2 , 1 евро државен +3 евра општински.
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.178
можно е да имам лошо разбрано
 
Член од
27 октомври 2017
Мислења
512
Поени од реакции
743
Така а знаете ли всушност дека во Солун е уствари сиромаштија, само малку подобри се од Скопје. Затоа и се недвижностите ефтини. Просечна плата во Солун е пониска од Софија!!!
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.606
Поени од реакции
5.117
Во Скопје само може да растат цените на становите на подолг рок, становите одат ко алва, и убавите места и општини веќе се ако не 100%, ама 80% изградени и зафатени. Се гледа сега секое шупче место, паркче, да се узурпира и доизгради, се танчат убавите парцели и места. Плус и самата инфлација има удел во растот на цените.
Во другите градови во државава незнам, ама може и да паднат некој процент. Не ради коронава, пошто за некое време се ќе се врати во нормала, туку најповеќе поради што се се попразни и попразни малите места, а тоа би значело повеќе станови, помала побарувачка и пад на цените.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom