Во Скопје само може да растат цените на становите на подолг рок, становите одат ко алва, и убавите места и општини веќе се ако не 100%, ама 80% изградени и зафатени. Се гледа сега секое шупче место, паркче, да се узурпира и доизгради, се танчат убавите парцели и места. Плус и самата инфлација има удел во растот на цените.
Во другите градови во државава незнам, ама може и да паднат некој процент. Не ради коронава, пошто за некое време се ќе се врати во нормала, туку најповеќе поради што се се попразни и попразни малите места, а тоа би значело повеќе станови, помала побарувачка и пад на цените.