Имаш повеќе. Dreamweaver е еден од нив. Ама за тоа ти треба некој што знае. Уствари зависи каква сакаш. Ама за минимална (од она што имам како идеа) ти треба повеќе од обична HTML страница.
А идејата како идеа не е лоша. Само се соочуваш со 3 проблеми.
1) Чии слики ќе ставаш? Сите се со авторски права, а македонските клипови или слики тешко се наоѓаат и тешко која во Македонија ќе наговориш некоја за беспари да става слики на нет и да правиш пари (освен ако не ти е женска и да и е фетиш да се слика гола за на нет).
2) Начин на исплата? Освен со СМС кој воедно е најбрз начин и кредитни картички (што треба додатно да се види како тоа се прави) не гледам друг начин.
3) Во САД,ЕУ луѓето плаќаат по 30-50 долари месечно за страница како што ти имаш идеја да правиш и затоа е исплатлив бизнис. Кај нас кој ќе ти плати 30-50 денари за тоа
Не знам дечки и јас сеа за тоа се размислував. 5000 евра се премалку пари за било каков бизнис. Еве отвори Нет Кафе. Полно ги има. Сите работат само по 6-7 саати на ден кога сите компјутери се зафатени а ти требаат минимум 8 саати да излезиш на чисто во месецот. Плаќаш кирија, кредит за компјутерите, струја, опрема за нет кафето и придонеси (осигурување, стаж, фирмарина, даноци...).
Тоа може во Скопје по населбите да напраиш такво нешто. Во Битола, Охрид, Прилеп тешко дека успева.
5000 евра? Немора толку. Купи си Тико до 2-3000 евра (некое поубаво) и направи си договор со фирма и вози такси. Исплатлив бизнис. Или некој друг да вози за тебе. Како што слушам се земаат 500 евра чисти пари месечно. 150 давај му на тој што ќе вози - 350 се за тебе за нешто што ништо не работиш.