„Аурата на доброто кафе кај некои луѓе поттикнува чувство на релаксираност, додека пак кај некои други типови е главниот двигател на енергија. Исто така и средината каде што се пие кафето, без разлика дали станува збор за кафуле, дом, канцеларија, е повеќе од само место за пиење кафе. Онаму каде што се пие кафе е всушност заедница отворена за прифаќање нови идеи и култури. Изборот на вкус пак, неретко се поистоветува со нашиот личен животен избор. Сите овие факти, но и многу други индикатори говорат за нашиот карактер, за нашата социјална припадност и потреби“, вели Славе Младеновски, социолог.