Какви муштерии не поднесувате?

L

.Lost Angel.

Гостин
Ок има секакви, но мене често ми се случува навечер кога одам со такси да плаќам со 1000 ден. зашто немам ситно и нормално таксистот праи фаци нема да ми врати
Не викам не и мене ми се има случено да немам ситно последните 500 ден. да ми се ама да имаш во тебе и вадиш 500,1000 ден за 10,15,20 ден тоа дефинитивно не е во ред.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.166
Поени од реакции
18.212
Смрдени неистуширани луѓе шо никогаш во живот не чуле за парфем, дезодоранс и слично.

И симпатични теткици од 35 +, губам концентрација :pos:
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Такви што ми нарачуваат еКспресо :vozbud: Шала на страна, ме фаќа смеа секогаш кога ќе ми нарачаат еКспресо.
Такви што смрдат, значи не мирисаат туку смрдат. Вчера дојдоа едни такви, значи таков микс од кромид, лук, пот и мрсноќа немав почувствувано. Едвај чекав да станат за да напрскам со освежувачот, ако поседеа уште малку ќе повратев.
Такви што немаат осет и во најголемата гужва ме замараат да им однесам цефче/шеќерче па дури и вода за викенд навечер (ова незнам дали само во Велес се случува или во сите градови) :tapp: . Па дури и те третираат како личен слуга, како по дома да и работам и ми се испонашува. Исто вчера имав таква случка и Боже ми прости неможев да и преќутам иако секогаш се трудам да бидам фина и насмеана.
-Ле муштерика: Девојче водава до кај е? (со арогантен тон).
-Ле јас: Извинете гужва е...
-Ле дечко и: Од Башино село отиде да полни келнеркава. (се посмејува)
-Ле муштерика: Па знам, од прееска реков, уште чекам (со потсмешлив тон и провоцирачка фаца).
-Ле јас: (ФУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУ фаца) Добро немора така да се однесувате, гледате дека има гужва и неможеме да постигнеме насекаде, баш до водата и не ми дошло.

.
За кој кафич се работи ако не е тајна....за да не изедам шамари...ако ми се погодиш ти на смена.:)
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.879
Поени од реакции
4.581
јас затоа не одам по кафичи во велесов, и тогаш кога ќе решам да одам се гребам повеќе пари од дома за да оставам повеќе бакшиш - ќотек да не јадам
малце зезање
он
-ме нервираат муштерии што не појаснуваат ни малку што сакаат, всушност и самите не знаат и на крај ти викаат јас не го замислував вака (ти уствари никогаш не појасни дека си замислил нешто, туку кога дојде кажа дека немаш појма како ќе изгледа)
-ме нервираат муштерии кои мислат дека се единствени муштерии во светот и дека за нивните пари, кои патем добиле попуст ќе мислат дека можат да ми ја извадат душата, ама сум ги заебал јас, секогаш викам, за тие пари повеќе кај друг, кај мене толку
 
D

D_NazGUL

Гостин
Не викам не и мене ми се има случено да немам ситно последните 500 ден. да ми се ама да имаш во тебе и вадиш 500,1000 ден за 10,15,20 ден тоа дефинитивно не е во ред.
Да не работиш случајно у ЕнтерНЕТ???

Инаку можам да трпам секакви муштерии, бидејки имам печатница, покрај другото, и влегуваат секаков тип на луге. Единствено нешто што ме вади од кожа е безобразно ценкање и објаснување за цената на некоја услуга. Да, разбирам дека секој има право да проба, но ако кажам дека цената е ТАА, треба да настапи помирување со ситуацијата и да се одлучи ќе зима или не. Но ценкањето од типот:
  • дај бе дечко што е ова од суво злато ли
  • абе кај комшијана е поефтино
  • де бе шо си се фатил за тие 100 денари
  • а ако не направам 100 визитки, само 20 да напраам?
Треба да се дозволи камшикувањето! ;)
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Мојата листа е оваа:
-Луѓе што смрдат
-Намрштени, и што гледа одма да се кара
-Ценкачи
-Луѓе што дремат цел ден во дуќан (што замараат)
-Луѓе што се понашаат недолично (демек, знаеш ли кој сум јас, јас имам пари, мене сите ме знаат во градот и сл.)
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.853
Поени од реакции
11.516
Муштеријата е секогаш во право.
Арно ама кај нас муштеријата сака да ти се изживува, поради некои си негови, ваљда добро познати фрустрации и комплекси на висока вредност. Работам од 14 години, и сум сретнал секакви мамлази, од кои поголемиот дел ги имате опишано и вие, што значи дека нашиов народ во глобала нема домашна култура. Значи не е до мене, Трајко, Петко и Марина, туку до сите што работат, и трпат неписмени створевини, за да заработат за парче леб/искачање/whatever... Додека работев по кафичи, проблемот со муштериите беше еден и единствен - патеа од комплекси дека иако немаат за гзот да си го избришат, тие сепак ќе ги фрлат и последните пари за нешто кое вреди минимум 100-150денари. И шо ? Простотилак.

Автоматски на оваа појава, следува една друга, а тоа е истурање на бес на невиниот конобар/ица па, кое би можело да го вклучи и шанкерот/ицата. Грешки се случуваат, нормално е, кој работи греши. Ама пустиот Македонски граѓанин (читај сељак) едноставно сака да си ја покаже силата над некој кој се килави за мочани 300-400-500-600 денари во денот дури му ги чисти мрсулите и лигите негови. Самите фрустрации со кои тие не можат да се соочат, водат кон ова девијантно однесување.

Сум бил сведок и извршител на мал милион банални побарувања, враќања на нарачки, ти реков ми рече...и секогаш, буквално секогаш се работело за покажување на тој идиотизам од страна на нашите ни драги/мили муштерии, кои повеќе од газот свој немаат дигнато и не знаат што значат заработени пари.
Но не ги кривам нив, невоспитани се, требало на нивните родители да им текне дека имаат деца, кои имаат недостиг на општа култура и бон тон.

Денес, работам посериозна работа, конечно сум некој нешто погоре од тоа што сум бил (факт е дека никогаш нема да заборавам од каде почнав), но повторно секојдневно среќавам безобразни и неписмени клиенти, кои нормално треба да ги услужам, инаку наебав. Но фала Богу, не ја среќавам кафич-проблематиката, што ми е стварно олеснителна околност.
Денес, моите клиенти ми должат пари, кои мора со рекетари да ги подигнам. И ај сега, кои се полоши?

Сакам да кажам...сите сме пицајзли кога ние ја играме улогата на клиенти/муштерии, тоа е нормално - да сакаш да купиш, нарачаш било што, за кое фино лепо ќе си платиш и искористиш/изедеш/испиеш/.. - сосема оправдано е што сакаш тоа уживање да биде максимално искористено од твоја страна. Ама сепак најбитното нешто без кое не смееш да излезеш од дома, е културата!
Во спротивно си сељак, факт.
 

mr.wicket

limitless..
Член од
20 јуни 2005
Мислења
5.127
Поени од реакции
519
Треба да имаш на ум нешто. Кога тргнуваш на работа одиш да работиш. :)

Незнам што очекувате на работа - доаѓаш и седиш и си одиш.. и на 01 так плата.. :) Мора да се работи нешто..
Такви што ми нарачуваат еКспресо :vozbud: Шала на страна, ме фаќа смеа секогаш кога ќе ми нарачаат еКспресо.
Такви што смрдат, значи не мирисаат туку смрдат. Вчера дојдоа едни такви, значи таков микс од кромид, лук, пот и мрсноќа немав почувствувано. Едвај чекав да станат за да напрскам со освежувачот, ако поседеа уште малку ќе повратев.
Такви што немаат осет и во најголемата гужва ме замараат да им однесам цефче/шеќерче па дури и вода за викенд навечер (ова незнам дали само во Велес се случува или во сите градови) :tapp: . Па дури и те третираат како личен слуга, како по дома да и работам и ми се испонашува. Исто вчера имав таква случка и Боже ми прости неможев да и преќутам иако секогаш се трудам да бидам фина и насмеана.
-Ле муштерика: Девојче водава до кај е? (со арогантен тон).
-Ле јас: Извинете гужва е...
-Ле дечко и: Од Башино село отиде да полни келнеркава. (се посмејува)
-Ле муштерика: Па знам, од прееска реков, уште чекам (со потсмешлив тон и провоцирачка фаца).
-Ле јас: (ФУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУ фаца) Добро немора така да се однесувате, гледате дека има гужва и неможеме да постигнеме насекаде, баш до водата и не ми дошло.

Ме нервира и кога ќе ме прашаат каков чај имаме (а имаме преку 20 видови) и јас треба да им ги набројувам, наместо да ме праша дали има таков и таков па да им кажам.
Мразам деца од под 18 години што упорно настојуваат да им донесам алкохол значи ми иде за партал да ги фатам и да ги фрлам преку улица.
Мразам кога ќе дојдат да пијат еспресо (кое е 40 денари) а ми плаќаат со 1000ка (тоа е велешката демек види ме колку имам) и ќе ми ги собере сите ситни пари па после треба да трчам да раситнувам.
Клиентите треба да се услужeни, нормално некогаш ние преку глава од се, ама не треба да трпат они - ствараме негативна слика пред се за самите себе, па после за компанијата/фирмата кај што работиме.

Нзнам колку од вас го имаат гледано *Кад порастем бичу кенгур* кога се у кино..
Брацо: Човече смрди. (за тој стариот *Слаѓанааа*)
Вработениот од киното: Ама парите не му смрдат :)

Најлесно поминува денот кога без нервози се гледа на работите. Самите си олеснуваме, кога веќе сме решиле да работиме - да ја завршиме работата со воља.

@Везилка
По ова што читам, ти работиш во кафич некој, значи работа ти е да ги услужиш оние кои ќе седнат. Ако незнаат да изговорат Еспресо, што па те нервира тебе? :)
И по се што читам капирам дека тебе ништо не ти се допаѓа... пази ова:
Ме нервира и кога ќе ме прашаат каков чај имаме (а имаме преку 20 видови) и јас треба да им ги набројувам, наместо да ме праша дали има таков и таков па да им кажам.
Те нервира кога некој ќе ти побара кафе? :)))
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Муштеријата секогаш е во право, тоа да. Но било каков и да е муштеријата треба пак убаво да се однесуваме со него. Не треба ако смрди или ако замара да заминеш позади шанк и да седиш таму додека не си отиде. Тебе работа ти е да го услужиш, е сега каков е таков е што да му правиш. Сам си ствара лоша слика за него. Секогаш биди фин, било каков да е (добро, сега има исклучоци многу) а ако ти се заканува, пречи и слични работи ти ќе му пренесеш на газдата па тој нека се справи со него. Има ептен лоши муштерии но има и многу добри. Се зависи од културата и домашното воспитание. Јас работам од 15 годишна возраст и до сега разни сум сретнал.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Такви што ми нарачуваат еКспресо :vozbud: Шала на страна, ме фаќа смеа секогаш кога ќе ми нарачаат еКспресо.
Такви што смрдат, значи не мирисаат туку смрдат. Вчера дојдоа едни такви, значи таков микс од кромид, лук, пот и мрсноќа немав почувствувано. Едвај чекав да станат за да напрскам со освежувачот, ако поседеа уште малку ќе повратев.
Такви што немаат осет и во најголемата гужва ме замараат да им однесам цефче/шеќерче па дури и вода за викенд навечер (ова незнам дали само во Велес се случува или во сите градови) :tapp: . Па дури и те третираат како личен слуга, како по дома да и работам и ми се испонашува. Исто вчера имав таква случка и Боже ми прости неможев да и преќутам иако секогаш се трудам да бидам фина и насмеана.
-Ле муштерика: Девојче водава до кај е? (со арогантен тон).
-Ле јас: Извинете гужва е...
-Ле дечко и: Од Башино село отиде да полни келнеркава. (се посмејува)
-Ле муштерика: Па знам, од прееска реков, уште чекам (со потсмешлив тон и провоцирачка фаца).
-Ле јас: (ФУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУ фаца) Добро немора така да се однесувате, гледате дека има гужва и неможеме да постигнеме насекаде, баш до водата и не ми дошло.

Ме нервира и кога ќе ме прашаат каков чај имаме (а имаме преку 20 видови) и јас треба да им ги набројувам, наместо да ме праша дали има таков и таков па да им кажам.
Мразам деца од под 18 години што упорно настојуваат да им донесам алкохол значи ми иде за партал да ги фатам и да ги фрлам преку улица.
Мразам кога ќе дојдат да пијат еспресо (кое е 40 денари) а ми плаќаат со 1000ка (тоа е велешката демек види ме колку имам) и ќе ми ги собере сите ситни пари па после треба да трчам да раситнувам.
:pos:Јуткави се велешани (y) Иначе ти у кој кафич работиш ?:)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Два типа тие што немаат намера да купат и тие што не знаат да кажат што им треба, во слична ситуација на оваа :icon_lol::

 
A

AnFem

Гостин
Муштеријата е секогаш во право, my ass! Капиталистичка изрека која го штити џебот на газдите.
Еднаш, при гужва (немам намера да откријам каде и што работев, не зборувам за обична гужва во кафич, каде сите седат и кулираат, зборувам за гужва во која треба да услужиш 20-30 души во рок од 5 минути), имав многу работа тој ден и работев сто на саат. Реално, таа работа е за двајца работници, али на газдите им се штедеше... И покрај тоа што беше очигледно дека едвај успевав да постигнам, слушнав коментар: види ја оваа! Мочла! Ако ја плеснам со ташнава...
Само поради тоа што снобот не бил услужен преку ред.

Тоа беше капак на се! Фино лепо и се обратив на личноста и и’ реков: Имаш среќа што сум на работно место, иначе ќе ти излезев надвор да ме плеснеш... Изгледа не очекуваше таква реакција и се стаписа.

Ова е ситница, сум имала искуство со многу погадни и поарогантни муштерии, смрдеата и нечистотијата не беа ништо во споредба со ова, таквите луѓе барем беа луѓе!
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.309
Поени од реакции
84.457
А и кога оставаат бакшиш тоа е 10-20 денари. Денес слабо оставаат повеќе бакшиш. Тоа може да го направи само странец, повеќе да ти остави бакшиш. И кај нашиве има такви, но поретки се. :(
Врска немаш.
Ја (а и други луѓе што ги знам) редовно оставаат бакшиш по минмум 10%.
А странци зависи од кај се. Жена ми порано работеше у Хилтон у Лондон и таму бакшиш оставаат само Американци, Шкоти, Германци и евентуално некој од источна Европа. Енглези и други европејци, посебно Французи не оставаат бакшиш. Али затоа Американци 100% без исклучок оставаат бакшиш.

Иначе по темава, работам со муштерии веќе десетина години и стварно не можам да посочам некаков тип на муштерија што ми пречи некако. Ако некој покаже несоодветно однесување, веднаш се трудам да му дадам на знаење дека тешко ќе оди тоа.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.287
Поени од реакции
34.875
Еве јас ќе кажам за мене се бавам со програмирање, многу едноставна професија.

...Па бара после некаква шара на насловната па после не не тргни ја, ти пратив слика со звучници што пулсираат, не таа слика другата ти ја пратив во тој меилот се сеќаваш?
Тоа копчето од пејпал стави го таму, не таму тоа другото стај го таму, а ова стави го ваму.
Стави ја сликата таму, не ми кажува на која локација?
Код:
IF програмирање = дизајн THAN Избраниот = дизајнер ELSE програмирање =/= WYSIWYG дизајн  ###(во готови темплејти? ;) )
Шала на страна, еве еден мал совет од моето дамнешно искуство во доволно слично поле на работа. Цената што ја бараш нагласувај дека се однесува на готов и по можност документиран проект (од нивна страна). Значи да нагласат тоа и тоа да биде таму и таму.

За детални измени на договореното нагласи дека цената рипа на 50% над договорената, затоа што нели одново го работиш дизајнот и тоа заради нивна промена на договореното.

Сума сумарум, повеќето муштерии ќе седнат да размислат што всушност сакаат пред да си платат 50% екстра и нема да те малтретираат со бескрајни проби. Останатите ќе си платат екстра па и волкот ќе биде сит и овците ќе бидат на број...
 
B

Borg_Drone

Гостин
Сакам да кажам...сите сме пицајзли кога ние ја играме улогата на клиенти/муштерии, тоа е нормално - да сакаш да купиш, нарачаш било што, за кое фино лепо ќе си платиш и искористиш/изедеш/испиеш/.. - сосема оправдано е што сакаш тоа уживање да биде максимално искористено од твоја страна. Ама сепак најбитното нешто без кое не смееш да излезеш од дома, е културата!
Во спротивно си сељак, факт.
Добро Манс тука си во право, и тука и тој што те услужува ќе те разбере но, тука станува повеќе збор за драпање мадиња (од страна на машките муштерии) или препичувањето (од страна на женските муштерики) и за нивното однесување во одредени ситуации, затоа што мислат дека ќе испаднат некој и нешто ако се обидат да понижат некој кој своето парче леб го заработува чистејќи пепелници и маси со дркотини осум часа на ден, зошто ете мисли дека тато му го платил образованието и тато му купил кола и кур што се тресе во ладна вода и.т.н. и он мисли дека го фатил господ за муда.
Жално е што луѓето ги прават споредбите со луѓето на основа на хиерархиската скала.Јас пример никогаш не сум имал таков однос спрема некој што ме услужувал зошто пред се и јас сум работник и свесен сум што значи денеска да си работник.Никогаш на ниту еден кој ме услужувал не сум му се однесувал дрско, а и кога сум имал пари плус сум оставал бакшиш, дали се десет или дваесет денари не е важно.Единствено само еднаш се имам онака добро изнервирано ама тогаш се изнервирав зошто односот на келнерката не беше на место и јас реагирав зошто и имав право да реагирам.Другите ми враќале со коректен однос и јас сум враќал со коректен однос.
Немам и ништо против тие што тато им ја платил дипломата или пак им купил кола од големото богатство едноставно тоа е негов живот и готово, но кој е он мене да се обиде да ме понижува и врз основа на што?Што, мисли дека има повеќе пари и дека може мене да ме третира како играчка?Мислам до каде оди глупавоста на човекот тоа е неверојатно!Многу лоша работа е тоа гордоста, егоизмот и чувството на доминација ако не знаеш како треба со тие работи лошо и ќе ти се вратат, како бумеранг.
Во такви ситуации ништо не сум правел (иако во повеќето ситуации ми одело да му речам нешто) зошто нема да дозволам да се спуштам на негово ниво, а и знам дека ќе летам од работа ако направам таков испад, но ако, нема врска, времето ќе си го направи своето во врска со тој човек јас нема што да се оптеретувам со него ако остане таков каков што е.Тоа е оддамна докажано.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom