Кога во гужва ми мафнале, им идам на маса и муабет:
човек 1: „Не знам шо да пијам..... (пауза).... ти шо ќе пиеш?“
човек 2: “па не знам,(пауза) пиена сум 2 кафиња веќе денес, сокови какви имате?“
јас: „Имаме свежо цедени од (набројуванка од овошја), и флаширани (набројуванка од овошја“
човек 1: “(во најголемата жештина) - а топло чоколадо имате? (во најголемиот студ) а сладолед имате?’’
на крај ќе нарачаат кафе или нешо безвезе, али 5ка за памтење на сите производи ќе добијам на крај, како и да е.
На еден од колегите му платија на иста маса 3 пати со 1000, иако им кажуваше дека нема ситно, и уште се курчеле дека ќе го чекаат сеа пола саат за да им раситни. Очекуваат најверојатно да им речеме дека не мора да платат ако немаат ситно. Али колегата е малце инаетлив чоек
У последно време не им се замарам, али во четвртокот работев во Форца кога беше Џибони, скроз ме напнаа. Гледаат дека е гужва, дека едвај се поминува, и се понашаат ко да мора да се напијат нешо, ако не може да им се деси нешто страшно! И се запнале по топло чоколадо и по салеп. Сите со 1000ки плаќаат. И на шанк стојат иако гледаат дека таму се работи. Тоа па не можам да го разберам, гледаат дека 100 пати ги раздвојуваш за да земеш цефка или чаша или рандом нешто, ама упорно таму стојат.
Имаше едни деца, застанати кај шо оставаат чаши и празни ствари за миење и забавно им беше да ни помагаат, па ни празнеа ајнцери и се смееа, и оставија фин бакшиш. На крај сакавме да ги частиме, али они неќеа, викаа дека ни помагале зашо им било забавно. Е такви луѓе сакам у пм, шо ќе ти помогнат уз смеа и нема да мрчат зашо е гужва.
Ама таква е работата, секогаш ќе се најде некој што во најголемиот хаос ќе ти порача нешо за шо ти иде да му ја лупнеш.