Добро знам што не сакам, а сакам многу работи

Знам дека нема да се мажам во никаква црква и како шлакната да се вртам во кругови, да пијам скиснато вино и да ветувам свашта на попот што уствари и не го разбира што галами.
Не сакам ресторан никако!!! Свадба на отворено!
Си ја сакам до некаде традицијата, па прифаќам да дојде младоженецот по мене, ама нема да ми крши врати, ќе си отворам сама ќе ги пречекам сватовите. Оро на улица - строго забрането. Од кај мене, на местото на настанот - некоја трева да е, може да биде изнајмено да речеме место како дворот на Кале, или слично... Може и ресторан, со голем двор, за во дворот да ми биде свадбата

Матичарот во ресторанот на тревата. Јас одам по црвен тепих до него деверушките ми фрлаат ливчиња

После тоа има малце ора едно друго, ама исклучиво македонски народни песни, не ми паѓа на памет некој да ми пее ,лепа врањанка, или недај боже некаков турбо фолк (какви глупаци сме ние страшно, на крштевка на едно мое братучедче му ја пееа нисам те се нагледао и играа оро на тоа уште!!!) и не доаѓа во обзир некакви опа нина нај музики кои немаат никаква врска со мојата свадба. Е сега, ова народново, само до вечерата. После вечера иде рок, и само рок. Нормално, тука се модифицира и мојот фустан, па од принцеза би се претворила во диско квин

И лудување до доцна во ноќта, мажот ми под рака и марш негде на меден месец

Се си испланирав јас...
