Каква свадба?

Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Значи,каква свадба сакате да имате?Дали сакате мал милион гости во некое ептен ексклузивно место,т.е. дали сакате да потрошите побајаги пари и да одите на меден месец од соништата или пак повеќе сте за нешто поразлично како свадба на која би присуствувале само најблиските пријатели и роднини,а парите да ги потрошите за свадбата да се одржи на некоја плажа на зајдисонцето или пак сакате нешто поскромно...?

Јас отсекогаш сум сакала свадба на плажа,а во водата да се гледа златно-жолтиот одблесок од сончевите зраци,да биде при крај на пролетта кога не е многу топло.Да има малку гости и сите да бидат облечени во бело.Сакам да имам раскошна венчаница со кристалчиња...па толку сега за сега:)
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Свадба хехе од премногу гледање и што бев девер ми се здосади да идам на свадби и ред глупости,но сепак најубаво е да биде мала со мал круг на луѓе,и да биде свечена како нивната љубов.Јас ако би можел да бирам би бирал некаде кадешто е мирно и нема многу допир со цивилазацијата.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Искрено би одбрал традиционална свадба.Значи не знам дали со сите адети како идење по невеста и слично (за тоа би се договорил со невестата и родителите) ама сепак во црква па во ресторан и така. Немам голема желба за експерименти,а во однос на луѓето да има роднини ама да не биде па и цел град што се вика.
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Втората опција ми е поромантична.Токму првиот пример на јавност и транспарентност, немање можност за приватност е она што ми смета, а е дел од нашата традиција.Никој нема вистинска желба да ја прослави твојата љубов со тоа што ќе ти дојде на свадба(секако овде мислам на оние луѓе кои на твојата свадба првпат во животот ќе ги видиш).Затоа поинтимна атмосфера секогаш повеќе ми одговара отколку правење ,,настан на неделата,, од сопствената свадба.
 

Волшебник

....твој избор....
Член од
16 мај 2007
Мислења
220
Поени од реакции
4
Традиционална свадба....Да го зачуваме од што многу поколенија се мачеле да го направат.....
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Потпис пред матично и мала интимна забава со најблиските мои и негови. Тоа е доволно. Нема потреба од фешти.
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Би сакал да се одбележи..јебига свадба е,е добро сеа може нема да викам мал милион гости,ама пак доколку имам можност нема да се штедам за свадба
 
Член од
29 јуни 2007
Мислења
17
Поени од реакции
4
Јас ќе правам свадба во септември. Ќе биде многу скромна со најблиски роднини и повеќе пријатели. Ги отфрлив роднините затоашто знам дека не би дошле на мојата свадба за да ја прослават нашата љубов. А моите пријатели се тие кои ќе дојдат затоа што сакаат да бидат таму а не се таму по дифолт. Ќе биде традиционална, со одење по невеста со туркање врати и слично. Тоа некако и дава шмек на целата свадба, само нема да дозволам да се свири черешна се од корен корнеш...уф...ужасна песна која ме тера да плачам.:nenene:
 
Член од
8 јули 2006
Мислења
54
Поени од реакции
30
_EMMA_ напиша:
Јас ќе правам свадба во септември. Ќе биде многу скромна со најблиски роднини и повеќе пријатели. Ги отфрлив роднините затоашто знам дека не би дошле на мојата свадба за да ја прослават нашата љубов. А моите пријатели се тие кои ќе дојдат затоа што сакаат да бидат таму а не се таму по дифолт. Ќе биде традиционална, со одење по невеста со туркање врати и слично. Тоа некако и дава шмек на целата свадба, само нема да дозволам да се свири черешна се од корен корнеш...уф...ужасна песна која ме тера да плачам.:nenene:


Apsolutno se lozuvam so tebe:)) lele kolku ja mrazam ta pesna. :ne_zboram Inaku i jas sum sega vo slicna situacija, se spremame za zaednicko ziveenje a dogodina i svadba ama vo sekoj slucaj ne mislam da gi vikam rodninite koi ne sum gi videla 100 godini tuku samo onie so koi sum vo kontakt pslednive 5 godini. a inaku si sakam i jas so adetite da se teraat sepak toa e nase odbelezje:)))
 

Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
па мене не ми претставува никаква пречка да имам огромна свадба а после тоа да отидам на маурициус на меден месец.

Ама сепак мразам гужви. Значи најблиските во хотел најверојатно, кафаните некако не ми праат мерак. Наједонставно да си помине - колку адетот да се направи и вечерта :zlo: нели прва брачна ноќ? :)

после тоа барем две недели да се променам, да заборавам на работа, семејство и сето тоа... да си поминам убаво со невестата на меден месец и то!

и покрај тоа што со Анастазија имавме план на јахта со попче тоа да го направиме ненајавено и најмалку кога ние ке очекуваме - само мене пречка ми беше што ке правиме со попот после тоа?:tapp:

иначе најсоодветен месец или март или април би било :)
 

Fatty

Режи :)
Член од
2 јуни 2006
Мислења
427
Поени од реакции
5
Sakam savdbata da mi bide kako na brat mi eden drugar so praese diplomska:) u golem dvor, i dva benda da mi svirat Fluks(punk) i Canon(rege) :) togas bi bila najsrekna :)
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
m.. Ne mn romanticno iskreno.. Rap.. Najbliskite.. Droga.. Alkohol.. Stay HC
 

Kajgana Shop

На врв Bottom