Каква свадба?

  • Креатор на темата Креатор на темата Маwечко
  • Време на започнување Време на започнување
Сакам свадба само со луѓе шо ги знам,шо ми се мили и драги,а не цел град,те знаеле не те знаеле па да те озборуваат после.Ама сакам свадба со сите адети,со раскошен фустан со кристалчиња и сл,но музика по мој вкус,а не типични свадбарски песни,поќе на да има забавна музика,шо си ја слушам секојдневно.
 
ај и овде да си прашам
треба да бидам кум- тоа е ОК, но некои ми рекоа дека кумот изнајмувал лимузина за свадбата.Бидејќи мислењата се различни- би сакал да слушнам и ваше мислење,а и кажете ми кои тоа идат во лимузината- освен младоженците?
 
Најмногу до 5-60 гости (од двете страни заедно:)). Со џез музика, многу вино и домашна ракија.
 
ај и овде да си прашам
треба да бидам кум- тоа е ОК, но некои ми рекоа дека кумот изнајмувал лимузина за свадбата.Бидејќи мислењата се различни- би сакал да слушнам и ваше мислење,а и кажете ми кои тоа идат во лимузината- освен младоженците?

Јас би рекол кумот ама поима немам искрено.Ама кој друг па и би одел?
 
Јас би рекол кумот ама поима немам искрено.Ама кој друг па и би одел?
СаШеНкО
фала-
мислев дека и други мислења ќе видам овде, ноооооо... македонецот е таков- ништо не споделува:toe:така да и не сум баш изненаден
 
ај и овде да си прашам
треба да бидам кум- тоа е ОК, но некои ми рекоа дека кумот изнајмувал лимузина за свадбата.Бидејќи мислењата се различни- би сакал да слушнам и ваше мислење,а и кажете ми кои тоа идат во лимузината- освен младоженците?
Кумот и плус девер и деверуша или како и да ги викате вие. Се мисли на момакот и цурата шо се на венчавката до зетот и невестата.
 
ај и овде да си прашам
треба да бидам кум- тоа е ОК, но некои ми рекоа дека кумот изнајмувал лимузина за свадбата.Бидејќи мислењата се различни- би сакал да слушнам и ваше мислење,а и кажете ми кои тоа идат во лимузината- освен младоженците?

Кумот и деверот - од лично искуство.Ама на различни свадби сум видел различен состав во главната кола,најверојатно ради прилагодување.
 
Едно прашање, колку би чинела една свадба, стандард со 50-60 гости, да не знае некој одприлика?
 
Едно прашање, колку би чинела една свадба, стандард со 50-60 гости, да не знае некој одприлика?

Хм, па зависи од тоа кај ќе ја правиш свадбата, навистина е излишно тука да се зборува за цена. Сепак тоа зависи од вас, дали сакате поскромно да поминете или пак сакате нешто полуксузно. Па сега ако знаеш колку е цената на порција лесно ќе пресметаш, но има и други трошоци кои ни најмалку не се за потценување.

Па кога сум веќе на темава да кажам и за мене. Па кога би дошло до тоа сакам мала свадба, со малку гости значи само најблиските. Максимум до кај 40на гости. Би сакала да е на некое така помирно место, со шведска маса. Инаку овие моиве и неговите се за голема свадба со по едно 150души од една страна, ама нече мочи, не сум јас за тоа.
 
Добро знам што не сакам, а сакам многу работи :) Знам дека нема да се мажам во никаква црква и како шлакната да се вртам во кругови, да пијам скиснато вино и да ветувам свашта на попот што уствари и не го разбира што галами.
Не сакам ресторан никако!!! Свадба на отворено!
Си ја сакам до некаде традицијата, па прифаќам да дојде младоженецот по мене, ама нема да ми крши врати, ќе си отворам сама ќе ги пречекам сватовите. Оро на улица - строго забрането. Од кај мене, на местото на настанот - некоја трева да е, може да биде изнајмено да речеме место како дворот на Кале, или слично... Може и ресторан, со голем двор, за во дворот да ми биде свадбата :) Матичарот во ресторанот на тревата. Јас одам по црвен тепих до него деверушките ми фрлаат ливчиња :) После тоа има малце ора едно друго, ама исклучиво македонски народни песни, не ми паѓа на памет некој да ми пее ,лепа врањанка, или недај боже некаков турбо фолк (какви глупаци сме ние страшно, на крштевка на едно мое братучедче му ја пееа нисам те се нагледао и играа оро на тоа уште!!!) и не доаѓа во обзир некакви опа нина нај музики кои немаат никаква врска со мојата свадба. Е сега, ова народново, само до вечерата. После вечера иде рок, и само рок. Нормално, тука се модифицира и мојот фустан, па од принцеза би се претворила во диско квин :) И лудување до доцна во ноќта, мажот ми под рака и марш негде на меден месец :) :)
Се си испланирав јас... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom