Ваква сакам
Rolls-Royse купе - 101 EX
Британскиот произведувач на спортски автомобили ги претстави своите планови за новото купе, кој ќе се базира на звездата од минатогодишниот автосалон во Женева, концептот со ознака 101 EX.
Новиот модел на пазарот би требало да се појави наредната година, зголемувајќи ја понудата на Rolls-Royse на три модели, покрај лимузинската изведба Phantome и кабриолетот Drophead.
Новото купе ќе биде изработено на платформа на Phantome и ќе биде наменето за четири патници. Од Phantome – от ќе бидат превземени и алуминиумската конструкција, како и 6,75 литрениот мотор со 453 коњски сили.