Каква кола да купам до ХХ евра?

  • Креатор на темата kusi
  • Време на започнување
Член од
16 август 2007
Мислења
35
Поени од реакции
1
Јас би ти препорачал Алфа 155 1.8 бензинец. Еден другар сеа зема таква за 4000, колата е топ
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
во германскиот Auto Bild од пред три недели главна тема беше најдобри опции за автомобил до 5000 евра (ова е за германскиот пазар, каде цените на старите коли чинам се пониски од кај нас). Нормално има предлог од секоја класа и евентуално од окоја година. Ама за да не го бараш еве јас ќе ти сумирам на кратко а ти ако сакаш подетално да знаеш што кажува за некој модел пиши ќе ти преведам:
Мали автомобили:
1. VW Lupo
2. Opel Corsa C (2000 - 2006 godina)
3. Ford Fiesta (2001 - 2008 godina)

Компактна класа:
1. Mazda 323 - ако начекаш на старо добор сочувана не се размислувај ова ти е коска од кола
2. Golf IV
3. Ford Focus (1998 - 2004)

Не се препорачува Fiat Bravo или Brava

Средна класа:

1. Mazda 626
2. Skoda Octavia
3. Opel Vectra (1995 - 2002)

Не се препорачува Renault Laguna

Понатаму во класите не навлегувам бидејќи ќе си тазе возаш и ко прво многу големи ќе ти бидат колите а ко второ и ќе бидат многу постари и многу повеќе ќе трошат од и така веќе многу скапите горива.

Бељабагер во германија можеш за 5000 евра да земеш Alfa 156 SW ама финтата е тоа што не се препорачува бидејќи ќе дадеш многу пари на поправки.

И имај на ум дека кола на старо се купува од две причини. Прво бидејќи се нема пари за нова па тогаш се бира модел кој е квалитетен и издржлив и не се гледа многу на убавина. Втора причина е кога човек е жубител на стари автомобили кои многу малку ги вози и ги поседува повеќе за личен мерак, а тоа обично се луѓе кои имаат пари за нова кола. во вториов случај не се гледа наквалитет туку на „убавина“ бидејќи нема да се вози многу па ќе нема ни што да се расипува.

Евентуално интересно би било за тебе Toyota Rav 4 од првата серија скратени бидејќи и тие се доста квалитетни башка не се воопшто големи, нешто малку поголеми од лада нива.
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
318
Поени од реакции
99
Земај некоја јапонска, МАЗДА, ТОЈОТА...
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Абе луѓе дечково е почетник... кола од висока класа и појака од 100кс е премногу (башка неможе да ја вози со законот). Би ти рекол да земеш некое малишанче за 3.000-4.000 евра од типот на Сузуки Свифт, Форд Ка, Рено Твинго/Клио, Опел корса кое нема да биде постаро од 10 години.

Инаку за 6.000 евра јас би земал Ксара некаде околу 2000-та домаќински зачувана.
 

STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
Хонда цивик, форд фокус, шкода фабиа
 
Член од
22 април 2008
Мислења
20
Поени од реакции
1
На старо е се мачка у вреќа и ако купубаш така ти препорачувам да зимаш само директно од човек кој го знаеш.
Од препродавачи ќе земеш поскапо (они сепак се бизнисмени) од тоа што ти би можел да ја продадеш, и уште ако ти се трефне со мана (а добар дел се или со мана или расходовани баги) ќе остаиш разликата у цена до нова кола по мајстори.

Земи си југо за 800 стај плин и терај/поправај за мали пари
Рестото пари чувај додека собереш за нова кола...

... just my piece of mind
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
206 пежо, на старо се разбира.
 

pirlo21

којотот
Член од
12 јануари 2008
Мислења
2.051
Поени од реакции
2.055
Ја би ти препорачал за тие пари да си земеш Сеат Ибица.
 
Член од
10 мај 2008
Мислења
364
Поени од реакции
13
За 6.000 евра имаш една Мазда двосед кабрио. Не знам како се викаше моделот..ама ептен е швалерска :)
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Најпродаваното купе кабрио во историја, а механиката му е коска. Само уште да најдеп некој од германија да ти донесе пошто кај нас ги нема супер би било. Ем шизик ем без премногу јак мотор, ем мала кола. има една негативна страна а тоа е секс само на хауба.
 

Alek_Sk

If you wanna learn something, bring your mothers!
Член од
14 септември 2007
Мислења
614
Поени од реакции
18
Сака до 6.000 евра а форд фиестата толку ли е добра.. :Pff:.За 6.000 евра на старо може да си зема супер кола :)
Може не е нешто екстра ама барем нова е, што ќе земе за тие пари на половно?Мазда двосед ако му се расипе спона господ ќе го види...голф 3ка што работи како трактор и у секој момент да очекува да му одкаже турбина...голф 4ка за 6000евра знај дека не е добар голф, или па е 1,4 бензинец а тие мотори на голфовите им се утнати, јарис е добар али тој што го има не го продава или го продава затоа што има маана, може да најде и ОК јарис али со господ напред,факт е дека пасат не е за почетник...јас имам ауди А4 и сакав да земам помала кола за низ град и за работа, сватив дека кај нас кола асална нема, или е увезена или нешто и фали, не викам дека не може да се најде добра кола ама ептен редко се наоѓа тоа кај нас, сум барал и знам, пред некој ден бев во цитроен си уплатив за ново берлинго, на 25ти треба да ми стигне, пред некој ден дојде еден со новата форд фиеста и баш го прашав колку е и рече дека му ја спуштиле на 8000, колата е бомбонче за почетник, е сеа ако му се проблем тие 2000е тоа е друго.Ај ти кажи ми што да земе за тие пари?И јас сум викал така ама кога ќе дојде моментот за земање ќе видиш дека не е баш едноставно, од сите предлози тука само на Џиш некако ми држи вода.
 

Alek_Sk

If you wanna learn something, bring your mothers!
Член од
14 септември 2007
Мислења
614
Поени од реакции
18
Супер предлог тиграта е закон каков изглед има.. :)
Сега прочитав дека ти си го пишал ова, па да не претерам ама фиестата едно 165,000 пати ми е поубава.:toe:
 

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Може не е нешто екстра ама барем нова е, што ќе земе за тие пари на половно?Мазда двосед ако му се расипе спона господ ќе го види...голф 3ка што работи како трактор и у секој момент да очекува да му одкаже турбина...голф 4ка за 6000евра знај дека не е добар голф, или па е 1,4 бензинец а тие мотори на голфовите им се утнати, јарис е добар али тој што го има не го продава или го продава затоа што има маана, може да најде и ОК јарис али со господ напред,факт е дека пасат не е за почетник...јас имам ауди А4 и сакав да земам помала кола за низ град и за работа, сватив дека кај нас кола асална нема, или е увезена или нешто и фали, не викам дека не може да се најде добра кола ама ептен редко се наоѓа тоа кај нас, сум барал и знам, пред некој ден бев во цитроен си уплатив за ново берлинго, на 25ти треба да ми стигне, пред некој ден дојде еден со новата форд фиеста и баш го прашав колку е и рече дека му ја спуштиле на 8000, колата е бомбонче за почетник, е сеа ако му се проблем тие 2000е тоа е друго.Ај ти кажи ми што да земе за тие пари?И јас сум викал така ама кога ќе дојде моментот за земање ќе видиш дека не е баш едноставно, од сите предлози тука само на Џиш некако ми држи вода.
Голф 3ка на старо 6.000 евра не тропај глупости за 6.000 евра има голем избор на старо зависи тој каква кола сака..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom