Казни за педофилија

Rokko

SiFU 師父
Член од
30 мај 2014
Мислења
714
Поени од реакции
299
освен ако не е дел од повисоките ешалони во власта
(едноставно не е во ред луѓето со сина крв да одговараат исто како плебсот)
Не терај политика, каде има трагедија. Батали. Тие не се делат на партија, вера и националност.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Слушам некои гласини дека починителон имал врски у власт, пак нешто тој филм. Има ли нешто некој линк во врска со тоа?
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
До редакцијата на Centarnews.net пристигнаа информации за непознатиот човек кој силуваше 12-годишно девојче во гаража близу Млечниот ресторан во скопската населба Карпош, ќерка на познатата актерка Весна Петрушевска. За силување не треба да се молчи затоа објавуваме, правдата мора да биде задоволена!

Насилникот, чие име е Вањо Лазаревски на возраст од 43 години, му е одреден едномесечен притвор. Педофилот Вањо Лазаревски е школски другар на Јанко Тренкоски, поранешниот сопруг на Весна Петрушевска, а а долгогодишното познанство педофилот го злоупотребил бидејќи девојчето го познавало.

Вања Лазаревски познат член на ВМРО-ДПМНЕ, познат провокатор во Карпош за што најзаслужен е неговиот прв братучед Сашо Лазаревски, контроверзниот претседател на Советот на Општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Според информациите Сашо Лазаревски се обидувал по партиски канали да го „среди“ случајот, препознатлив по неговиот стил. Силувањето следело откако девојчето возејќи велосипед во населбата, во еден момент застанало до Вања Лазаревски кој одлично го познавала и од него побарало 20 денари. Вања и рекол дека ќе и даде, но ако со него дојде до блиската гаража. Верувајќи му девојчето тргнало со него. Наместо 20 денари, „дарежливиот“ човек и дал 500 денари и потоа брутално ја силувал во гаражата. На заминување и се заканил да не кажува никому ништо.

Во општеството треба да се зборува за случаите на полови напади, бидејќи на тој начин и самите жртви и нивните семејства би можеле да се охрабрат да го пријават случајот, да ја побараат соодветната помош наместо да молчат и да кријат во себе. Домашното искуство со вакви кривични дела, според предметите кои биле примени во скопскиот Кривичен суд во 2015 и во 2016 година, покажува оти најдолгата определена затворска казна изнесува и до десет години. Имено, во тој период за кривичното дело полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години во Основниот суд Скопје 1 биле примени 11 предмети, а досега се решени седум.[DOUBLEPOST=1469811510][/DOUBLEPOST]
Не терај политика, каде има трагедија. Батали. Тие не се делат на партија, вера и националност.
Што останало бе таму? Ја коа бев задњи пут не беше тоа партија на педофили и криминалци кои газат луѓе еднаш годишно, па се извлекуваат (Зекиров, син му на Вељановски, Урко, Алачки... - колку вкупно имаат одлежано сите овие заедно за четирите живота? Нула месеци?)
Овој од Карпош педофилон како ќе го извадите баш ме занима?
Ти си човекот што знае ваљда како идат тие работи.[DOUBLEPOST=1469819143][/DOUBLEPOST]and we have this
 
Последно уредено:

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Скопје имаше стар театар, се направи,оваа власт го направи,
имаше Офицерски, еве и тој е при крај, оваа власт го направи,
имаше фабрика за сапун, Цветан Димов... се затвори...се сруши,
Предлог да се возобнови таа фабрика (на друга локација надвор од СК)
каде би се решавале овакви случаеви со педофилите.
пред 1 час ·

СИЛУВАЧОТ во демохристијанска униформа
Еве го батката од десно , запомнете го добро, силува 12 годишни девојчиња
препис од друго место
 
Последно уредено:
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Во Русија тинејџери кои на интернет се претставиле како 13 годишно девојче наместиле постар педофил, па средбата во живо не ги задоволила неговите очекувања. Подобро да се спречи отколку да се лечи.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Centarnews.net сепак и понатаму се сомнева во правична правна разрешница на овој грозоморен чин, од причина што до ден денеска случајот не е наведен во редовниот билтен на МВР, ниту беа соопштени иницијалите на насилникот од страна на МВР и покрај тоа што објавија некои портали, дека судија во претходна постапка му одредил триесет дена притвор на педофилот. Токму од овие причини се сомнежите дека Сашо Лазаревски по партиски канали се обидувал да го „среди“ случајот, да го испере образот на неговата фамилија и да ја спаси неговата политичка кариера.


and then:

Доказ Ексклузивно: На силувачот му помагал Ивица Вучевски од СВР, а не братучед му Лазаревски!
Jul 29, 2016Доказ.МкТоп1, Црна Хроника


Овака најпрвин едно големо извинување до Весна Петрушевска затоа што изреагиравме дека била не добра мајка-посвоителка проблемот бил посериозен, ако Весна не изреагирала така се ќе било забошотено!

Значи кога се десило силувањето на девојчето и по пријавата, началникот на СВР во Карпош извесен Роберт вмровски потрчко инаку во МВР донесен од армијата по партиски заслуги се јавил на началникот на СВР Скопје Ивица Вучевски како да се покрие делото и по совет од Вучевски делото кое автоматски по пријавата требало да биде запишано во билтенот истото тоа не било внесено и сакале да забошотат и да ја притискаат Весна и нејзиното семејство, но по нејзината реакција на фб и нашето порталско раширување сепак лицето било обезбедено од неговите партиски другари од ДПМНЕ донесен во станица, неговиот братучед лично не ургирал ами негови луѓе од општинската во негово име.

Македонец силувал девојче во Белград


Вишото јавно обвинителство во Белград поднесе обвинение против карате тренерот Златко Богатиновски (57) заради обљуба на 13 годишно девојче кое го тренирал.

Според српските медиуми, мајката се посомневала дека нешто се случува меѓу детето и тренерот, па го проверила телевонот на девојчето „кој бил полн со експлицитна и директна преписка“ и која што укажувала дека меѓу нив имало сексуален однос.

Слични пораки се пронајдени и на неговиот лаптоп. Со гинеколошки преглед е утврдено дека девојчето имало сексуални односи, по што целиот случај е пријавен во полиција.

Обвинетиот го негира делото и вели дека се му е „подметнато“.

 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
Дали новата влада ќе има слух за овој проблем. Најмногу што досега се презеде беше формирање некоја база која баш и нема некоја цел

Еден од предлозите до парламентарното мнозинство е и законски измени за задолжителна медицинска кастрација на обвинетите за педофилија.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.578
Последно уредено:
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Благи се казните,не се опасни ама за педофили треба измачување,треба да се претепаат до смрт
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
.. а што праиме со педофилите од женски пол, како ќе се праи кастрација ?
па кастрација де. Сега најди колкав % жени се педофили во Македонија или колку од нив извршиле силување.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.578
па кастрација де. Сега најди колкав % жени се педофили во Македонија или колку од нив извршиле силување.
Во закон треба да има рамноправност...А силување нема веска со педофилија... туку друго е проблематично, то што го Болдирав, секаде каде се прави Регистер тој е за осудени, не обвинети...
А имаше кај нас Регистер, ама Уставен го укина..
А околу кастрацијата има и друго а што е врзано со дефиницијата на педофилија... Педофилија е широк поим, педофил може медицински да биде и малолетник ако е 5 години постар од жртвата...Но кај нас малолетник под 14г има неограничен имунитет, а во пракса ретко одговараат и тие со 16г.
Е сега има и едно малцинство кое има традиција и обичај на бегалки и рани бракови. Е сега и да е ( обично девојката ) под 16г оди затвор тој што ја грабнал.. Исто и ако е таа под 14г, тогаш момчето оди за педофилија.А глупаво е да го кастрираш момчето од н.пр. 20г кој всушност и ќе се ожени за жртвата
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
:notworthy: Регистерот може само на мачка на опашот да и го закачиш и да трчаш по неа. Прашуваш како се врши кастрација кај жени. Прочитај си.
Си се загрижил за жени педофили-Те прашав колкав % се жени педофили, во Македонија.
Тоа што еден збор во текст е во поинаков контест не значи дека треба и во вакви теми да релативизираш до бесвест. Читај
Задолжителна хемиска кастрација по првиот полов напад врз дете, бараат од Меѓаши, бидејќи според нив само на ваков начин може да се стави под контрола педофилијата.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.578
:notworthy: Регистерот може само на мачка на опашот да и го закачиш и да трчаш по неа. Прашуваш како се врши кастрација кај жени. Прочитај си.
Си се загрижил за жени педофили-Те прашав колкав % се жени педофили, во Македонија.
Тоа што еден збор во текст е во поинаков контест не значи дека треба и во вакви теми да релативизираш до бесвест. Читај

си дискутираш како ти чини...поентата ми е дебилизмот на Меѓаши... ти не можеш во Регистер на педофили да ставиш некого додека не е правосилно осуден, а тие повикуваат на кастрација на обвинети :facepalm:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom