Казни за педофилија

Член од
27 март 2011
Мислења
347
Поени од реакции
150
Ме интетесира колкави се казните за педофили кај нас во државава особено за оние педофили што си ги силуваат сопствените деца и исто така какви докази се доволни за сигурно да им се пренесуди.Со ова последно ќе излезам од темата право и ќе побарам совет како најдобро може да му се постави замка на еден педофил?
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.102
Поени од реакции
3.948
Јес да одговоров не ми е соодветен, али ова го прашуваш од љубопитност или оти имаш сомневање/знаење за некој ваков случај? Оти ако знаеш за вакво нешто ондак одма пријави во полиција.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.849
Поени од реакции
11.477
Ме интетесира колкави се казните за педофили кај нас во државава особено за оние педофили што си ги силуваат сопствените деца и исто така какви докази се доволни за сигурно да им се пренесуди.Со ова последно ќе излезам од темата право и ќе побарам совет како најдобро може да му се постави замка на еден педофил?
http://www.pravda.gov.mk/documents/KRIVICEN ZAKONIK precisten tekst.pdf


Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години Член 188
(1) Тој што ќе изврши обљуба или друго полово дејствие врз малолетник кој не наполнил 14 години, ќе се казни со затвор од најмалку осум години.
(2) Ако делото од став 1 го изврши крвен сродник во права линија или брат, односно сестра наставник, воспитувач, посвоител, старател, очув, маќеа, лекар или друто лице со злоупотреба на својата положба или при вршење семејно насилство, ќе се казни со затвор најмалку десет години.

(3) Со казната од став 2 ќе се казни и тој што делото од став 1 ќе го стори со малолетник кој не наполнил 14 години со злоупотреба на неговото душевно заболување, душевна растроеност, немоќ, заостанат душевен развој или друга состојба поради која е неспособен за отпор.
(4) Ако поради делата од ставовите 1 и 2 настапила тешка телесна повреда, смрт или други тешки последици или делото е сторено од страна на повеќе лица или на особено суров или понижувачки начин, сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години.
(5) На сторителот на делото од ставот (2) на овој член судот ќе му изрече забрана за вршење на професија, дејност или должност под условите од членот 38-б од овој законик.

Ова е казненото дело, со квалифицираните дела, ги гледаш и предвидените санкции. Што се однесува до доказите, веќе е тоа материја на казнено процесно право и тука не можам да ти помогнам (пошто немам ни слушано се' уште).
Ќе се обидам лаички да ти одговорам: мислам дека во овие случаи најчесто пресудна улога игра сведоштвото на детето, евентуално ако сторителот на делото бил фатен од друго лице додека го вршел делото, после секако, треба детето да биде подложено на медицинска проверка, да се утврди дека станува збор за полов напад (тука не знам дали може евентуално семената течност да се спореди со онаа на осомничениот, доколку има таков, стварно не знам како иде, пошто не знам ни колку напредни лаборатории имаме, ниту колку ни се напредни датабазите).

Ќе дадам и еден коментар кој нема врска со твоето прашање. Според мене, конкретно овие дела кои се против половата слобода и половиот морал се релативно лесно казнети, затоа што јас би го зголемил минимумот. Али ако споредиме дека минималната казна за убиство е 5 години, што да се прави муабет повеќе... да, има квалифицирани кај убиството, се изрекувале и 20 годишни и доживотни казни затвор, но има основи на кои сторителот може да се извлече (од судската практика) итн итн, посебно ако го земе фактот за „независноста“ на судовите.
 
Член од
17 март 2014
Мислења
600
Поени од реакции
1.662
Wtf сопствено дете ? :confused:

Не знам дали е веќе воведена хемиска кастрација на педофилите во Македонија ...

За полов напад врз малолетник до 14 години,
-сторителот ќе добие од 10 до 20 години затвор, наместо досегашните од 8 до 15 години.

За потешките педофилски дела
се предвидува и доживотен затвор.


- доволно е детето/жртвата да потврди дека имало некаков полов напад врз него ...
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.606
Поени од реакции
10.846
За потешките педофилски дела се предвидува и доживотен затвор.
Какви се тие потешки? Која неболуза човече, па малку ли е тоа што детето цел живот ќе има трауми, големи шанси за самоубиство и еден огромен период на рехабилитација ради некој случај кој требало со време да биде третиран од соодветна институција за да не дојде до ваков грозен чин?
Заборавив за момент дека живеам во Недојдија. Јебеш. Затоа многу луѓе правдата си ја земаат во свои раце и затоа никад држава нема да бидеме. Ирак/н е мачја кашлица.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Абе какво поставување замки не си играјте со децата.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.578
Абе какво поставување замки не си играјте со децата.
Точно !!, мене посебно ме нервира ЕУ шемата, голем број луѓе од полицијата сурфа на веб сајтови со детска порнографија во работно време, по службена должност, но не за да открие кој сексуално ги искористувал и ги снимал децата и кој го поставил веб сајтот, туку да се откриваат лица кој приватно ги следат тие веб сајтови. Паралела на ова би било ако испаднат веб сајтови со клипови со вистински убиства, наместо убијците да се гонат да се гонат тие што ги следат сајтовите и ги гледат клиповите...
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Ме интетесира колкави се казните за педофили кај нас во државава особено за оние педофили што си ги силуваат сопствените деца и исто така какви докази се доволни за сигурно да им се пренесуди.Со ова последно ќе излезам од темата право и ќе побарам совет како најдобро може да му се постави замка на еден педофил?
Јас бидејќи имам младолико газе обично ставам малку мед на бутките и педофилите се фаќаат во замката.
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Ме интетесира колкави се казните за педофили кај нас во државава особено за оние педофили што си ги силуваат сопствените деца и исто така какви докази се доволни за сигурно да им се пренесуди.Со ова последно ќе излезам од темата право и ќе побарам совет како најдобро може да му се постави замка на еден педофил?
Не треба ти да поставуваш замка, затоа што некогаш замката во ваков тежок случај може да искочи од контрола. Опиши го случајот во полиција или на 15505 они ќе му постават и ке ти дадат првичен совет како да постапиш во дадена ситуација. Инаку докази има многу... oд разговор со жртвата па се до медицински вештачења. Пред се најважно е да се превземе нешто во врска со овој случај и од кога ќе се потврди основаното сомнение дека е сторено вакво тешко кривично дека доказите еден по еден сами ќе искачаат.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.849
Поени од реакции
11.477
Има доста промени во однос на ова дело. @beautifull liar еве што вели Кривичниот законик со најновите измени.

Силување - член 186
(1) Тој што друг со употреба на сила или закана дека непосредно ќе нападне врз неговиот живот или тело или врз животот или телото на нему блиско лице, ќе го присили на обљуба, ќе се казни со затвор од 3-10 години.
(2) Ако делото од ставот (1) е сторено врз дете кое наполнило 14 години, сторителот ќе се казни со затвор најмалку 10 години.
(3) Ако поради делото настапила тешка телесна повреда, смрт или други тешки последици или делото е сотрено од страна на повеќе лица или на особено суров или понижувачки начин, сторителот ќе се казни најмалку 4 години.

Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години - член 188
(1) Тој што ќе изврши обљуба или друго полово дејствие врз дете кое не наполнило 14 години, ќе се казни со затвор најмалку 14 години.
(2) Ако поради ова дело настапила тешка телесна повреда, смрт,... (исто како погоре), сторителот ќе се казни со затвор најмалку 15 години или со доживотен затвор.

Обљуба со злоупотреба на положбата - член 189
(1)Тој што со злоупотреба на својата положба ќе наведе на обљуба или друго полово дејствие лице кое спрема него се наоѓа во однос на подреденост или зависност или со иста намера го малтретира, застрашува или спрема него постапува на начин со кој се понижува човеково достоинство и човековата личност, ќе се казни со затвор најмалку 5 години.
(2) Ако делото го изврши крвен сродник по права линија или брат/сестра, наставник, воспитувач, посвоител, старател, очув, маќеа, лекар или друго лице со злоупотреба на својата положба или при вршење семејно насилство ќе изврши обљуба или друго полово дејствие со дете кое наполнило 14 години кое му е доверено заради учење, воспитување, чување или нега, ќе се казни најмалку 10 години затвор.

Wtf сопствено дете ? :confused:

Не знам дали е веќе воведена хемиска кастрација на педофилите во Македонија ...

За полов напад врз малолетник до 14 години,
-сторителот ќе добие од 10 до 20 години затвор, наместо досегашните од 8 до 15 години.
За потешките педофилски дела се предвидува и доживотен затвор.


- доволно е детето/жртвата да потврди дека имало некаков полов напад врз него ...
Медицинско-фармаколошко лекување, член 65-а

Оваа мерка е пропратена со казната затвор и најчесто ја намалува казната доколку сторителот одлучи да биде подложен на ваков третман: од доживотен на 40 години, од 40 години на 20 години, од 20 години на минималната казна затвор пропишана за тоа дело. Третманот, т.е. лекувањето трае до крајот на животот или до крајот или по проценка на судот. Значи тука е со согласност на сторителот. Но, доколку се согласи и избегнува, може судот присилно да ја изврши мерката. А доколку сторителот тоа дело го сторил во поврат, задолжително судот носи ваква мерка. Подетално е уредена во Закон за извршување на санкции.
 
Последно уредено:
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
[DOUBLEPOST=1433309406][/DOUBLEPOST]Регистар на педофили http://www.registarnapedofili.mk/
http://www.stop-pedofilija.org.mk/
https://www.facebook.com/Stop.pedofilija
Пријави на 15-505
Посебниот регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија, координиран од страна на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, кој се води во ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, овозможува пристап до одредени информации за сите осуденици за овие кривични дела. Оваа страна преку едноставно пребарување на крајниот корисник му овозможува пристап до листа на сите осудени лица за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија во која се содржани податоци за населеното место, општината и улицата на која живеат овие лица. Исто така, обезбедени се и информации со цел превенција на педофилијата, како и линкови кои би ги збогатиле Вашитe знаења за начините како би можело ваквото злосторство да се спречи .
 
Член од
28 март 2014
Мислења
77
Поени од реакции
43
Знчи станува збор за дете кое треба да се спаси,треба да се спречат грозните нешта да се случуваат во континуитет.Полиција на лице место и тој монструм одма да биде приведен.Поз ЗАМКА спаѓа ова.
Абе какво поставување замки не си играјте со децата.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
А нели рекоа дека можно е да воведат хемиска кастрација за педофилите? Воведоа или тоа беа само муабети?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom