Сите приватни клиники (филип 2.......) имаат договор со фондот за здравство и одтаму ги наплаќаат услугите а тој фонд го полниме сите ние, значи солидарно. Сите приватни болници работат со сини картони. Не правиме муабет за тоа дали болницата е приватна или државна туку за тоа кој ја плаќа услугата. Повеќето интервенции ги плаќа фондот. Е сега дали плаќањето ке биде по овој систем или по системот на приватно осигурување тоа е само модалитет и прашање на условите во државата а се плаќа и вака и така. Лично мислам дека поради економската состојба моментално е подобро да остане овој солидарен систем затоа што 95% од населението во мк би останало без осигурување доколку треба да се плаќа приватно осигурување. Секој што има повеке пари нема проблем, може да си користи луксуз кој ке си го плати.
Што мислиш колку од луѓето имаат заштедено средства од кои би можеле да ја проживеат староста без пензија? Ни 10%. Проблемот не е во пензионерите, проблемот е во тоа што немаме доволно вработени во производството. Соодносот е кроајно лош но за тоа не се виновни пензионерите. Пензиите постоеле и во старо турско и секогаш ке постојат. Неможе да се даде слобода да секој решава дали ке плаќа пензиско осигурување. Мора да плаќа оти ако не плаќа а најверојатно 90% од старите тешко дека ќе натрпаат капитал за староси па после на сите ке треба да им даваме социјална помош или да ги оставиме да цркнат. Ако некој има повеке пари има доброволен пензиски фонд па нека си плаќа и таму и нека си зема поголема пензија.
Нека се даде дозвола да можат да се оформат приватни здравствени фондови и многу болници ќе прекинат да ги користат услугите на државниот.А тој дел ако стане приватно никој нема да има пари е комплетно невистинит.
Дали си приватизацијата на телекомукацискиот секот никој не може да си дозволи телефон,дали со приватизацијата на медиумите некој не може да си дозволи да биде информиран ?Впрочем најскапите тарифи,најмалиот број на телефони и најмалата информираност беа токму за време на кога државата држеше монопол. Баш би сакал да видам каква интернет конекција ќе имавме да имаше државата монопол и врз тоа.
И тоа со 300 денари што цело време го збориш дека се уплаќало за здравствена партиципација не знам од каде го вадиш кога негде околу 7.30% се плаќа од платата за здравствено осигурување. Со бруто плата од негде 20 К се зима нето плата од 13-14 000 денари што е државниот просек при тоа се плаќаат 1500 денари на фонд за здравство.
Јас се кладам дека ќе има приватни здравствени фондови кои радо би наплаќале по 18 000 годишно за здравствено осигурување а при тоа да исплаќаат на болниците слични партиципации како и сегашниот со тоа што услугата која ќе се добива ќе биде многу кратно подобра.
За пензискиот фонд ова ќе го напишам во капс лок и со болд за да сватиш еднаш за секогаш.
ЈАС КОГА СЕ ИМАМ РОДЕНО НИГДЕ НЕМАМ НАПИШАНО ДЕКА ЌЕ ГИ ИСПЛАЌАМ ДОЛГОВИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА КОЈА БИЛА РОДЕНА ПРЕД МЕНЕ.НЕ САМО ШТО НЕ Е МОРАЛНО ДА ГИ ЗАГЛАВУВАМЕ НАШИТЕ ДЕЦА И СЛЕДНИТЕ НЕРОДЕНИ ГЕНЕРАЦИИ СО ДОЛГОВИ КОИ НЕ ГИ НАПРАВИЛЕ ЗА ДА ИМАМЕ ПОЛЕСЕН ЖИВОТ ТУКУ Е И ВО НАЈМАЛА РАКА ПЕРВЕРЗНО И КУКАВИЧКИ.
Исто така баш сакам да видам што ќе се случи кога пензискот фонд ќе пропадне под огромниот притисок (
Патем нема земја во светот каде пензискиот фонд е во + или барем баланс на позитивна 0 па макар и 10 работника по пензионер да имаат ) и што ќе се случи со таа една генерација кој целиот свој живот го поминала во враќање на долговите на своите татковци и мајки а кога стигнало нивното време да седнат е тогаш ШИПАК нема веќе пари а младите не се будали да го поминат животот како рабови.
--- надополнето: 16 јули 2012 во 17:56 ---
kuba
1 besplatno lekarstvo za site ziteli
2.socijalna sigurnost
3.rabota za site .
4.besplatni lekovi
5.besplatna skolarina za fakulteti.
istive benifiti gi imas i vo Severna korea
pa sega podobro razmili
gledaj dokumentarec so majkal mur za helth system in usa and Cuba
sam uveri se !!!
Тој документарец на Мајкл Мур со години е веќе покажан како комплетна лага.Таа опремената болница во Куба е болницата за централното членство на комунистичката партија,истото важи и за тоа малото што го покажуваа каде играат табла и такви работи.
Да беше Куба толку супер немаше да пробуваат Кубанците да препливаат отворен океан во кој има ајкули само за да стигнат до Америка.
Северна Кореја е веќе 16 години во состојба на глад.Единственото нешто што ги вади од глад е фактот дека сепак се од исто потекло со Јужна Кореја па овие се смилуваат и им праќаат храна од време на време.
Кина им има изградено цементен ѕид на границата за да не пребегнуваат а во Камчатка ги праќаат заедно со чувари како робови да сечат дрва и генерално да работат по руските градови за платите што ќе ги заработат да ги вратат назад.