Каде се парите?

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.775
Поени од реакции
9.903
Сте ги изеле, а сега ние го плаќаме долгот за тој систем.
Што мислевте, зошто е толку убаво во Југославија? Требаше да се запрашате „каде одат парите“ многу одамна, во времето кога уживавте во сите поволности кои ви ги овозможуваше државата (и кои секако - чинат многу пари). Парите одеа кај неработниците, кај државните фирми кои само трошеа без никаков приход, за илјадниците вработени (лежачи) во компаниите од типот МРТВ, Македонски железници, Нова Македонија и другите загубари. Сега, кога дојде време да се фатите за работа и вистински да ги заработите парите почнавте да кукате за нив. Човече, со сета почит, колку е само смешно да го завршиш текстот со „Како е на запад“ и „Може ли да се бараат дел од парите“?

Каде се? Ги зема дедо ми (и останатите како него) повеќе 48 години по ред.
Треба да имаш во предвид дека има луѓе кои немаат среќа, но има и луѓе со малку повеќе среќа од останатите. Дедо ми се има пензионирано на 40 години, а веќе 48 години зема пензија. Значи, ја „заебал“ државата. Таму се.

Да одбивале повеќе, можеби ќе сме имале подобро школство. Оправдувањето од типот „никој не не прашал дали имаме деца и дали сме оделе во училиште“ е бедно. Како може некој воопшто да има против вложување во образованието, без разлика дали самиот има деца?

Очигледно имаш проблем со разбирање на поимот „Општество“. Каде, според моето сфаќање, сите живеат заедно и сите треба да придонесат за доброто на сите. За тоа се и даноците. Или, треба да се проценува секој граѓанин (и селанин) дали во животот возел кола и дали до работа оди пешки, со велосипед, по земјена или асфалтирана патека, пред да го даде својот скромен дел за државата (од која понатаму бара секакви услуги и сервиси и црпе разни ресурси).

Со твоите пари се лекувале останатите на кои им била потребна здравствена грижа. Дали мислиш дека ако (не дај Боже) ти се разболиш потешко, твоите „бедни“ 300 денари месечно кои ги даваш за здравството ќе бидат доволно за да се платат сите вработени, лекарите, лековите, ресурсите и тн. до твоето успешно закрепнување? Не, туку ќе помогнат и моите пари и на останатите кои не сме посетиле (фала Богу) доктор со години. Тоа е поентата на колективниот живот и на општеството. Твоето размислување е во најмала рака себично. „Плаќам здравствено, а не сум бил на лекар - вратете ми ги парите!“.

Објасни го подетално овој дел, имам чувство дека и тука си ги помешал брзините.

Acid за претседател,не на кајгана на Македонија!
Добар пост за отварање на очите на хард-кор социјал-утопистите.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055

ОН Е социјал-утопист или ај европскиот термин социјал-демократ или американскиот прогресивен либерал затоа не гледам на кого отворил очи освен ако не мислиш на своите.Победен текст немам порчитано "Ние сите треба да се здружиме во едно општество и да плаќаме за да си помагаме али дедо ми што гага пензија со декади тоа нема везе дали е фер или не он се снашол ти само продолжи да си ги уплаќаш парите од плата за дедо ми да си зима пензија,воедно уплаќај и здравствено за дедо ми може да се лечи дека и за тоа скоро ништо не уплаќал".

Патем Анчо кај Асид можеш да видиш кај ти се парите од пензија.Ти ќе работиш до 68-70 и ќе умреш на 75-80 од медицински проблеми поради прекумерна работа и дали 10% од парите ќе си ги земеш што си ги дал .И тоа не се еден двајца доста големи бројки на луѓе се кој нас слични начини ги ограбуваат сите за они да користат.Впрочем да беше мала немаше повеќе од 60% од буџетот да иде на пензии и плати за државна администрација.Од тоа поголем социјализам амин.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.232
Поени од реакции
34.533

Далеку од тоа дека сум утопист. И никаде не реков дека сето тоа е правилно и дека нема подобар начин. Само му објаснив на дедо Анчо „каде му се парите“ и дека тие сами ги „изедоа“ парите со недомаќинското работење, кое за голема несреќа - ние го наследивме и се' уште ги чувствуваме неговите последици.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Далеку од тоа дека сум утопист. И никаде не реков дека сето тоа е правилно и дека нема подобар начин. Само му објаснив на дедо Анчо „каде му се парите“ и дека тие сами ги „изедоа“ парите со недомаќинското работење, кое за голема несреќа - ние го наследивме и се' уште ги чувствуваме неговите последици.
ама сега те молам пообјасни подобро-подетално
што јас,како кв.бравар сум „изел“ од оваа држава,и што недомаќин сум бил,јас или некој друг како мене:дреар,механичар,армирач,столар,монтер и сл.
А и нашите родители не беа погоре: некаде чувар,или молер или чистачи.
Ќажи дали имаше во оваа држава,специјални продавници за бравари ?
Како што имаше за мајори и пуковници и тоа по ексклузивни багатела-цени за производи од екстра класа,кој ние не може ни на да ги сониме.
Кажи колку бравари или ковачи дојдоа до општествен - стан, или цигла по цигла,сидаа некое куќарче во Трубарево,Волково или Стајковци.
Додека оние со чварки на рамењата,и оние џабележовци по општини и Сизови и Разни комори ги менуваа како чорапи,па и за внуци обезбедија.
Кажи кој бравар или ѕидар има куќа на Водно,во тоа време кога се „јадеше“ (може да се чита крадеше)
државата,или викендица во Маврови Анови и Шапка од 180 - 300 м2.
Тие што „Јадеа“ и недомаќински работеа ги направија тие ПАЛАТИ а тоа беа некој си директори на големите фирми и ЈАКИ комунисти.
Кажи кој бравар или фурнаџија и воденичар бил во хотелите во Купари,или дали знае што е Сф.Стефан, или Хвар. Бил до Пчиња,Црна река и Треска.
Можеби дедоти одел на тие места (ако имал некоја чварка на рамена)
Па и во еден Дојран за нив имаше посебно заграден простор и смештај,но направено и со мој пари и пари на други маченици и страдалници кој таму немаа пристап,дури и на плажата, беше само за нив-господа прве класе.
За тие пари зборам.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.232
Поени од реакции
34.533
И Тито бил бравар, па види каков луксузен живот водел.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Југославија било убаво додека траело али муабетот е што таков систем никогаш не може да трае.
Свеста е таква на човекот што го злоупотребува системот.
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.235
Поени од реакции
12.400
А каде е сега.
Забораваш на кредитите за станови куќи викендици со месечна рата колку 2 пакла цигари, забораваш на милионите нишачи на врати кои не само што мораа да бидат вработени него мораа и минимум 1 месец со цела фамилија да одмараат на море секоја година...
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.558
Поени од реакции
4.602
Морав во блиско време да одам на доктор баш и заради тоа знам дека државна здравство не треба да идеме.После врткање цела недела по ходниците на државниве болници без никаква поента на крај морав да одам во приватна и ми беше наплатено само малку поскапо но сосема вредно зошто не морав да седам по смрдени ходници на државна која е како постапокалиптична зона.

Старите луѓе ако не си штеделе цел живот или не си уплаќале во фонд за стари години нивна кривица брат секој со свој живот али не може да бидат луѓе терани да плаќаат за други зошто си го заебале животот.Ако немаат ништо заштедено цел живот тогаш нека се надеваат дека стекнале доволно добри пријатели или роднини што би ги издржавале.

Ако не си приметил и сега сме неписмени.Образованието е една огромна дупка која произведува кадри кои се комплетно непотребни а децата губат години од своите животи.Патем ако решиш да не учествуваш во образованието тогаш и добиваш казни зошто мораш да ја поминеш попрагандната машина.Родителите ги гледаат школите како место каде што може децата да ги остават по едно 6 саати да не мораат да се грижат за нив.

Тие работи како здравство,пензии и образование се лични одлуки а не работи од општ интерес.Впрочем и не постојат работи од општ интерес зошто власта не треба да се занимава со такви работи.

Впрочем ако власта верува толку во својата способност да организира здравство,пензиски фондови и образование нека ја дадат опцијата да може кој сака да уплаќа и да си ги средува тие работи сами и да видиме кој ќе остане да ги користи тие услуги од општ интерес.
Си платил само малку поскапо оти болницата имала договор со Фондот за здравство кој го полниме сите заедно инаку ке си плател многу, многу повеке. Запрашај се колку чинат лечењата од потешки болести и комплицираните операции па прерачунај колку од луѓето во мк би можеле приватно да ги платат тие работи? Не верувам ни 5% од луѓето дека се во таква можност оти сите знаеме колку се просечните примања во мк. Во системот за здравство за кој ти мислиш дека е добар нема милост или ке наброиш тешка сума или ке пцовисаш како пес, ке те прегазат како пијан гомно нема ни да се свртат. И мене некогаш ми имаат доаѓано мисли како твоите, т.е рачунав колку јас сум платил во фондот, колку платиле моите родители во нивниот работен век а фала му на господа не сме биле на доктор па како тие пари залудно се плаќале .... и се така во тој блесав правец се додека реалноста не ме тресна по главата, се додека не дојде ред да се пораѓа жена ми. Породувањето беше толку комплицирано и тешко ( на големо играше скалперот) што дури и докторите во даден момент помислиле дека ке отидат курбан и мајката и детето.... се добро се заврши а добро се заврши благодарејќи на тоа што сите сме одвојувале по многу малку и се направила болница во близина, се опремила таа болница, се остручиле тие доктори (тројца и едеен куп сестри доктори работеа 4-5 часа), се набавиле тие материјали. На приватно целиот третман сигурно би чинел баснословна сума, Е ако тоа требаше јас да го платам на приватно сега ке немав ниту жена ниту син затоа што во тој момент јас немав ниту приближно таква сума а не сум сигурен дека и денес имам таква сума. Пресметав дека целиот придонес што сме го плаќале јас и моите родители и сите околни роднини не покрива таква работа, таква бесценета работа.....

Пензиите се исплаќаат од придонеси од вработените, солидарно секој плаќа кога можи да работи а зема пензија кога неможе да работи...............
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

На првиатно без осигурување е во доста места поефтино одколку на државно без осигурување.Еднаш немав здравствена книшка со мене ми бараа докторите 800 денари за преврска на зглоб ( еден завој искористи само ).

Ако го нема државното осигурување ќе има приватни осигурителни компании во кој исто ќе може да се уплаќа.Денес што се зградите на државните болници би биле изнајмени од докторите за да си почнат свои пракси само знаете што е разликата.Кога ќе почнат свои пракси има местото да свети.Кога ќе им тропнеш на врата нема да ти вика пауза која трае 2 саати и уште кога ќе завршат да ти мрчат цело време додека си внатре како си им ја прекинал паузата.

Тие болници и тие лекари повторно ќе се обучат и ќе се надоградуваат ќе се борат од петни жили за подобро знаење и подобра опрема зошто ако не се борат ќе останат без работа а со тоа и без леб.

А тоа дека приватната болница лекарите би ја оставиле жена ти да умре заради комплицирана бременост мислам дека не е баш вистина.Впрочем приватните болници веќе почнаа со квоти на бесплатни дијагнози а и по неколку бесплатни прегледи по доктор кој се наменети за сиромашните.А не би ни рекол дека сме злобен народ и не сакаме да си помагаме само кога ќе видиш по колку пари се даваат за сите болни деца.Впрочем замисли да имаме во секој сектор клиники од типот на кадиохирургија Филип Втори или Турската за Очи и на какво ниво би ни било здарвството.Не само што здравството ќе стане многу многу поквалитетно би можеле и да станеме регионален медицински центар па и да има работа за други.

Чист пример каде приватните пракси комплетно ја преземаа работата од државните и ја однесоа на комплетно друго ниво е стоматологијата каде приватните забари сега до толку се борат меѓу себе што на сите страни гледаш знаци "Пониски цени","Примаме плави картони" .

Да за некој луѓе ќе нема пари да бидат излечени али да не се лажеме нема ни денес.Понекогаш и цела нација да реши да дава на сите нема да може да постигне.Да се влегува во колку е вреден нечиј живот навистина не би сакал.

За пензиите пак.Придонеси не се плаќаат кога си вработен а да зимаш кога не можеш да работиш.Дури и колку да е фаличен системот никој не бил доволно луд да го направи на такви темели.

Пензискиот фонд е првенствено направен за државите да можат да дојдат до прилив на пари кој им бил потребен после првата и втората светска војна и уште поважно а тоа е тргањето на подкрепа од валутите со што истите прекинуваат да имаат каква било вредност освен замислената.

Со прекумерно печатење на пари државите предизвикувале инфалција поради која обичните луѓе не можеле да заштедат за сопствена пензија .Зошто ти ако почнеш да штедиш на 25 да кажеме и да работиш до 65 тоа се 40 години работење:Проблемот е со и да кажеме минимална инфлација од 1 - 2 % за 40 години од првата година заштедените пари би ти изгубиле помеѓу 40 или 80% од вредноста.

Поради таа константна инфлација ти би морал да ги вложуваш парите и константно да имаш камата поголема од инфлацијата за кога ќе се пензионираш да ја имаш вистинската вредност на заштедените пари.Тука доаѓа вториот проблем а тоа е дека не се сите многу интелигентни или едноставно не се разбираат во финансии и многу луѓе би ги изгубиле своите животни заштеди.

Под маска на помагање државата како институција го има воведено задолжителното плаќање пензија.Значи државите прво го создале проблемот за потоа да дадат решение со кое би ја контролирале иднината на сите луѓе во истата.

Наједоноставното решение би било повторно да се воведат пари со вредност и со тоа да се прекине константната инфлација.

Второто решение е да се направи кој сака да уплаќа а кој не сака да не уплаќа во пензиско и решен проблем.Али водека пак има нов проблем каде политичарите веќе ги имаат потрошено сите пари во фондот и со тоа тој е празен.Нема од што да се исплаќаат пензиите што се должат на сегашните пензионери за нивните уплати.А ако се даде да биде произволен пензискиот фонд најмалку 60% од нова вработените ќе одбијат да бидат во фондот и со тоа нема да има пари од каде би се финансирале сегашните пензионери.
 
Сите приватни клиники (филип 2.......) имаат договор со фондот за здравство и одтаму ги наплаќаат услугите а тој фонд го полниме сите ние, значи солидарно. Сите приватни болници работат со сини картони. Не правиме муабет за тоа дали болницата е приватна или државна туку за тоа кој ја плаќа услугата. Повеќето интервенции ги плаќа фондот. Е сега дали плаќањето ке биде по овој систем или по системот на приватно осигурување тоа е само модалитет и прашање на условите во државата а се плаќа и вака и така. Лично мислам дека поради економската состојба моментално е подобро да остане овој солидарен систем затоа што 95% од населението во мк би останало без осигурување доколку треба да се плаќа приватно осигурување. Секој што има повеке пари нема проблем, може да си користи луксуз кој ке си го плати.
Што мислиш колку од луѓето имаат заштедено средства од кои би можеле да ја проживеат староста без пензија? Ни 10%. Проблемот не е во пензионерите, проблемот е во тоа што немаме доволно вработени во производството. Соодносот е кроајно лош но за тоа не се виновни пензионерите. Пензиите постоеле и во старо турско и секогаш ке постојат. Неможе да се даде слобода да секој решава дали ке плаќа пензиско осигурување. Мора да плаќа оти ако не плаќа а најверојатно 90% од старите тешко дека ќе натрпаат капитал за староси па после на сите ке треба да им даваме социјална помош или да ги оставиме да цркнат. Ако некој има повеке пари има доброволен пензиски фонд па нека си плаќа и таму и нека си зема поголема пензија.
 
Член од
27 јули 2011
Мислења
633
Поени од реакции
241
И не верувал во тебе.
se dodeka ne go zarobile rusite koga za prv pat se sretnal so ideite na socijalizmot kako ureduvanje i sistem na vladenje. Od toj moment nataka tito go vovel komunizmot ali ne so ta sila i zestina kako vo Sovetska rusija.
--- надополнето: 16 јули 2012 во 17:27 ---
Југославија било убаво додека траело али муабетот е што таков систем никогаш не може да трае.
Свеста е таква на човекот што го злоупотребува системот.
koj ti rece taka
sto im fali na korea
sto im fali na kina
Kuba ???
problemot so jugoslavija bese sto ne ostavi tito svoj naslednik koj ce go prodolzi negovoto delo i sto e najvazno politika.
--- надополнето: 16 јули 2012 во 17:32 ---
Сте ги изеле, а сега ние го плаќаме долгот за тој систем.
Што мислевте, зошто е толку убаво во Југославија? Требаше да се запрашате „каде одат парите“ многу одамна, во времето кога уживавте во сите поволности кои ви ги овозможуваше државата (и кои секако - чинат многу пари). Парите одеа кај неработниците, кај државните фирми кои само трошеа без никаков приход, за илјадниците вработени (лежачи) во компаниите од типот МРТВ, Македонски железници, Нова Македонија и другите загубари. Сега, кога дојде време да се фатите за работа и вистински да ги заработите парите почнавте да кукате за нив. Човече, со сета почит, колку е само смешно да го завршиш текстот со „Како е на запад“ и „Може ли да се бараат дел од парите“?

a sega demek podobro e Acid a :pos:, mu cveta na narodov od spomenicive

edno samo ce ti kazam vo jugoslavija imase namenski fabriki za se od patika do avion, i ne mozes da mi kazes ti deka taa zemja bila izgradena celo vreme na kredit od zapad.
Tito vodese mudra politika
1 3 bevme po proizvodstvo na oruzje
2.4 armija po sila vo evropa
3 3 blok po sila vo svet
 
Kajgana Shop

На врв Bottom