Каде се парите?

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
ова повеќе важи за стариот систем,да не речам воЈУ. но и сега сигурно постои,
кога заедно со платата се даваше листа со сите одбитоци,на кои многу не маревме
повеќе не интересираа парите,кој горе доле беа повеќе-подоволни него сега.
Имаше повеќе одбитоци од платата изразени во проценти и на сите не можам да се сетам.
Денес некои се можеби и отврлени, но КАДЕ СЕ ПАРИТЕ што ни ги стопирале 20-30-40 год.

1. За фондот за пензиско,се одбивало доста и тоа сите години додека си на работа,
но имало и вакви случаи,отиде лицето во прнзија и пред да ја земе првата пензија,починува
(што било случај и кај мене на работа) што со парите кој му биле одбивани 40 год. Каде се.
2.Се одбивало за школство,некој процент а тоа значи пари,т.с. помала плата.
но има случаи и порано и секогаш вработен кој е без поколение (а и самиот можеби и не учел)
и никој не те праша имаш или немаш деца,туку автоматски ти земаат.
3.Се одбиваше за патишта.(изградба ,одржување или и за администрацијата нивна)
но има случаи вработениот со 40 год,стаж да немал автомобил цел живот,а плаќал за патишта
а работел во близина(во задруга и одел пешки по земјен пат) Каде се неговите пари.
4.Се одбиваше за станбено т.с. СИЗ за становање. (изградба на станови - општествени идр.)
но повеќето вработени во државава живеева во куќи,а цел „век“ плаќаа им се одбиваше за
нечии станови.Тие стан никогаш не земале ниту пак сакале во стан да живеат,ама кој те праша,
за 40 години ти одбиле за еден цел стан сигурно. КАДЕ СЕ ТИЕ ПАРИ.
5.Се одбивало за здравствено осигурување, обавезно на сите вработени некој процент
но имаше вработени здрави како „дрен“- што ниту еднаш не отишле на лекар,ниту зеле рецепта
а меѓу нив и некој самец (да е појасно) работел 40 години и му Земале но тој не земал ништо.
КАДЕ ОТИШЛЕ ТИЕ негови ПАРИ,или како дел од нив да поврати.
6.Се одбиваше за вработивање,(е ова е најчудно) за чие вработување,во овој случај Трпе од
Македонија работеше 40год. женаму никогаш не се вработила,децата лутаа некое време и избагаа
странство по работа и не ги ни видел оттогаш. КАДЕ СЕ ПАРИТЕ НА ТРПЕ.
7. ако има уште а има сигурно дополнете,(на пр.самопридонеси и сл одбитоци )

Коку пари им зела државата на овие луѓе а не им дала ништо,ниту им вратила нешто од земеното.
Како е на запад.Може ли да се бараат дел од парите.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.232
Поени од реакции
34.533
Сте ги изеле, а сега ние го плаќаме долгот за тој систем.
Што мислевте, зошто е толку убаво во Југославија? Требаше да се запрашате „каде одат парите“ многу одамна, во времето кога уживавте во сите поволности кои ви ги овозможуваше државата (и кои секако - чинат многу пари). Парите одеа кај неработниците, кај државните фирми кои само трошеа без никаков приход, за илјадниците вработени (лежачи) во компаниите од типот МРТВ, Македонски железници, Нова Македонија и другите загубари. Сега, кога дојде време да се фатите за работа и вистински да ги заработите парите почнавте да кукате за нив. Човече, со сета почит, колку е само смешно да го завршиш текстот со „Како е на запад“ и „Може ли да се бараат дел од парите“?

1. За фондот за пензиско,се одбивало доста и тоа сите години додека си на работа,
но имало и вакви случаи,отиде лицето во прнзија и пред да ја земе првата пензија,починува
(што било случај и кај мене на работа) што со парите кој му биле одбивани 40 год. Каде се.
Каде се? Ги зема дедо ми (и останатите како него) повеќе 48 години по ред.
Треба да имаш во предвид дека има луѓе кои немаат среќа, но има и луѓе со малку повеќе среќа од останатите. Дедо ми се има пензионирано на 40 години, а веќе 48 години зема пензија. Значи, ја „заебал“ државата. Таму се.

2.Се одбивало за школство,некој процент а тоа значи пари,т.с. помала плата.
но има случаи и порано и секогаш вработен кој е без поколение (а и самиот можеби и не учел)
и никој не те праша имаш или немаш деца,туку автоматски ти земаат.
Да одбивале повеќе, можеби ќе сме имале подобро школство. Оправдувањето од типот „никој не не прашал дали имаме деца и дали сме оделе во училиште“ е бедно. Како може некој воопшто да има против вложување во образованието, без разлика дали самиот има деца?

3.Се одбиваше за патишта.(изградба ,одржување или и за администрацијата нивна)
но има случаи вработениот со 40 год,стаж да немал автомобил цел живот,а плаќал за патишта
а работел во близина(во задруга и одел пешки по земјен пат) Каде се неговите пари.
Очигледно имаш проблем со разбирање на поимот „Општество“. Каде, според моето сфаќање, сите живеат заедно и сите треба да придонесат за доброто на сите. За тоа се и даноците. Или, треба да се проценува секој граѓанин (и селанин) дали во животот возел кола и дали до работа оди пешки, со велосипед, по земјена или асфалтирана патека, пред да го даде својот скромен дел за државата (од која понатаму бара секакви услуги и сервиси и црпе разни ресурси).

5.Се одбивало за здравствено осигурување, обавезно на сите вработени некој процент
но имаше вработени здрави како „дрен“- што ниту еднаш не отишле на лекар,ниту зеле рецепта
а меѓу нив и некој самец (да е појасно) работел 40 години и му Земале но тој не земал ништо.
КАДЕ ОТИШЛЕ ТИЕ негови ПАРИ,или како дел од нив да поврати.
Со твоите пари се лекувале останатите на кои им била потребна здравствена грижа. Дали мислиш дека ако (не дај Боже) ти се разболиш потешко, твоите „бедни“ 300 денари месечно кои ги даваш за здравството ќе бидат доволно за да се платат сите вработени, лекарите, лековите, ресурсите и тн. до твоето успешно закрепнување? Не, туку ќе помогнат и моите пари и на останатите кои не сме посетиле (фала Богу) доктор со години. Тоа е поентата на колективниот живот и на општеството. Твоето размислување е во најмала рака себично. „Плаќам здравствено, а не сум бил на лекар - вратете ми ги парите!“.

6.Се одбиваше за вработивање,(е ова е најчудно) за чие вработување,во овој случај Трпе од
Македонија работеше 40год. женаму никогаш не се вработила,децата лутаа некое време и избагаа
странство по работа и не ги ни видел оттогаш. КАДЕ СЕ ПАРИТЕ НА ТРПЕ.
Објасни го подетално овој дел, имам чувство дека и тука си ги помешал брзините.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.096
Поени од реакции
11.504

Најверојатно мисли на делот „Осигурување во случај на невработеност“, и ден денес земаат 800-1200 денари месечно од бруто платата на вработените, а никој не знае за што се користат парите.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.232
Поени од реакции
34.533
Најверојатно мисли на делот „Осигурување во случај на невработеност“, и ден денес земаат 800-1200 денари месечно од бруто платата на вработените, а никој не знае за што се користат парите.
Ако не знаат, фино е да се прочита законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.

Меѓу другото, член 46 од законот ги објаснува некои од правата на осигурување во случај на невработеност:

1) паричен надоместок;
2) подготовка за вработување (обука, преквалификација или
доквалификација);
3) право на здравствена заштита, во согласност со прописите за
здравствена заштита;
4) право на пензиско и инвалидско осигурување, во согласност со
прописите за пензиското и инвалидското осигурување и
5) права на инвалидни лица за вработување со поволни услови во
согласност со закон.

Целиот закон го имате тука, прочитајте.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.096
Поени од реакции
11.504
Ако не знаат, фино е да се прочита законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.
На прсти се бројат вработените, кои не се правници, а ги читаат законите. Уште побитно е да се сфатат дупките во тие закони (а ги има доста).
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
ова да го напишам.ме потикна баш ваков случај.
Отиде еден колега на годишен одмор,па со бога напред потоа во
полна пензија.Спремаше и поднесе документи.Но не зема ни една.

Но вие доста не образовавте со вашето излагање,задоволен сум со тоа.
А за опшество можеби незнам многу,или ни најмалку.Но не ми е јасно ни
денес,се копа некоја улица во Инџиково,Трубареви или Горно Чисиче
поради некои извадби,и потоа со години стои така земја ,кал и прашина.
А им се одбива на луѓето исто како на оние од:Тафталиџе,Капиштец и Козле
каде е асвалтирано и околу секоја бандера.
А за порано.Нели му одбивале за патишта и на некој од Мариово,а патишта
таму ни денес нема,а оние кој го правеа во 70-ите години,беа тесни да ни две Фичовци не можеа да се разминат.
А за школството еве обеќавам ќе отворам една тема,а и во многу други е пишувано,посебно за Мозоците на Македонија.
(мкд владе,убаво за нив пишува на повеќе места)
 
L

Ligeia

Гостин

Откога Acid прописно ви одговори вие ја сменивте насоката на темата...штета. :)
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Професорот Ѓорѓи Марјановиќ има објавено една книга под наслов „Стручен труд“ и во него ја опишува неговата борба за декриминализација на вербалниот деликт во СФРЈ, почувајќи од Симпозиумот на кривичари во Струга, 1983 година, како и ad hominem нападите против него од владејачките структури во тоа време.

Секако, Марјановиќ не би бил Марјановиќ, ако во меѓувреме, на еден луциден начин не се спротивставува, аргументирано, на сите потрошени милијарди динари во пропадната проекти, непостоечки мостови (како од вицот) итн... и споредбата на оваа проневера со вербалниот деликт.

Она што Anco; го забележува во врска со пензиите е делумно решено со реформата на пензискиот систем (втор и трет столб), за другото е потрошено „легално“ со разни ребаланси на буџети, покриено со режиски трошоции изработка на фантомски студии на оправданост за илјадници проекти, како во СФРЈ, така и сега.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Acid-
те молам и за 4 точка дај образложение-како успеа само неа да ја скокнеш
и останувам цврсто на темата-Каде се парите (не ја менувам)
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
ова повеќе важи за стариот систем,да не речам воЈУ. но и сега сигурно постои,
кога заедно со платата се даваше листа со сите одбитоци,на кои многу не маревме
повеќе не интересираа парите,кој горе доле беа повеќе-подоволни него сега.
Имаше повеќе одбитоци од платата изразени во проценти и на сите не можам да се сетам.
Денес некои се можеби и отврлени, но КАДЕ СЕ ПАРИТЕ што ни ги стопирале 20-30-40 год.

1. За фондот за пензиско,се одбивало доста и тоа сите години додека си на работа,
но имало и вакви случаи,отиде лицето во прнзија и пред да ја земе првата пензија,починува
(што било случај и кај мене на работа) што со парите кој му биле одбивани 40 год. Каде се.
2.Се одбивало за школство,некој процент а тоа значи пари,т.с. помала плата.
но има случаи и порано и секогаш вработен кој е без поколение (а и самиот можеби и не учел)
и никој не те праша имаш или немаш деца,туку автоматски ти земаат.
3.Се одбиваше за патишта.(изградба ,одржување или и за администрацијата нивна)
но има случаи вработениот со 40 год,стаж да немал автомобил цел живот,а плаќал за патишта
а работел во близина(во задруга и одел пешки по земјен пат) Каде се неговите пари.
4.Се одбиваше за станбено т.с. СИЗ за становање. (изградба на станови - општествени идр.)
но повеќето вработени во државава живеева во куќи,а цел „век“ плаќаа им се одбиваше за
нечии станови.Тие стан никогаш не земале ниту пак сакале во стан да живеат,ама кој те праша,
за 40 години ти одбиле за еден цел стан сигурно. КАДЕ СЕ ТИЕ ПАРИ.
5.Се одбивало за здравствено осигурување, обавезно на сите вработени некој процент
но имаше вработени здрави како „дрен“- што ниту еднаш не отишле на лекар,ниту зеле рецепта
а меѓу нив и некој самец (да е појасно) работел 40 години и му Земале но тој не земал ништо.
КАДЕ ОТИШЛЕ ТИЕ негови ПАРИ,или како дел од нив да поврати.
6.Се одбиваше за вработивање,(е ова е најчудно) за чие вработување,во овој случај Трпе од
Македонија работеше 40год. женаму никогаш не се вработила,децата лутаа некое време и избагаа
странство по работа и не ги ни видел оттогаш. КАДЕ СЕ ПАРИТЕ НА ТРПЕ.
7. ако има уште а има сигурно дополнете,(на пр.самопридонеси и сл одбитоци )

Коку пари им зела државата на овие луѓе а не им дала ништо,ниту им вратила нешто од земеното.
Како е на запад.Може ли да се бараат дел од парите.
Decko toa po americki se vika unfunded liabilities...Komunari ne veruvaat vo funded liabilities...parite se proebani vednas...Komunjari neveruvaat vo stedenje i fondovi se trosat vo momentot. Taka da nema ni denar od tie pari.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.556
Поени од реакции
4.595
Сте чуле за поимот СОЛИДАРНОСТ??? Тие фондови работеле и ке работат на принципот на солидарност оти инаку неможе. Што ако не си се разболел а плаќаш придонеси во фондот за здравство?- За да го има за оние на кои им треба меѓу кои можеш да бидеш и ти. Патиштата не ги користат само тие што имаат автомобили, автобусите не одат по небото. Ако сакаме да имаме добар образовен систем (каков што имавме) мораме да плаќаме. ................... мислам дека темава е ептен промашена и нема здрава логика оти ако така резонираме тогаш јас ке речам ,,зошто да плаќам за полиција кога ниту сум се степал, ниту нешто ми украле, ниту ме нападнал некој.... џабе ги плаќам пандуриве..... ептен блесаво
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055

Освен за првото за се друго парите биле и наменети одма да се трошат.

За првото има класичен грабеж од тогашните политичари.Дека тогашната идеологија била на централна економија и се да биде планирано идејата била следнава:

Прво пензија добиле многу стари луѓе кои не уплатиле ни динар зошто фондот не постоел додека они работеле и со тоа секоја генерација би требало да ја издржува таа што била пред нејзе и со тоа фодновите секогаш биле празни а и доста добар дел од времето и во - што бил попунуван со печатење пари.

Денеска го имаме комплетно истото + имаме и луѓе кои се пензионери по 30-40 години со додатоци како народни борци и такви глупости и зимаат пензии по 30-40 илјади + министри,заменици министри и бирократи уште од времето на Југославија сите со пензии од по 20-25К нагоре и секако пензионираните во периодот 85-почетокот на 90тите каде се давале многу добри бенефиции за порано пензионирање дека имало огромна невработеносот кај младите и тоа се пензии по 15-20 илјади.

Секако тука има и илјадници зафркнати кои имаат пензии по 6-10 илјади али проблемот е дека сме дојдени на ниво нешто помалку од тројца вработени на секој во државна администрација и пензионер.

Тоа значи дека 2 и пол работници треба да плати плата/пензија која во просек еве да речеме и 12 илјади да е ( а е барем 15 ) + здравствено осигурување.Или тоа е негде по 7 илјади од даноци по работник во земјава.А просечна плата ни е 250 евра или 15 илјади

А тука нигде не влегуваат и сте тековни трошоци на власта кои се спонзорираат од држење монополи над некој индустрии и патарини и даноци на увоз извоз.

Впрочем ние денес сме скоро 4 пати пооданочени отколку во Турско.

Турците имале само 2 данока.10% данок на приход ( или се што ќе произведеш ) и патарини.

Ние денес имаме.Данок приход ( 18% ) ,ДДВ 18%,данок на имот,патарини,акцизи ( да не се акцизите на бензин би била цената 50% пониска на горивата ) + стотици и стотици админситративни давачки ан сите страни.

Уште да ни воведат јаничарство наза ( да мора секој во војска да иде ) и да се прекрстиме во Македонистан и да си имаме султан.
--- надополнето: 15 јули 2012 во 14:42 ---

Не е солидарност кога никој не го прашал дали сака да плаќа туку е легализиран грабеж од страна на владата врз него за да плати за друг.

Ако сакаме да го имаме најдоброто од сите погоре спомнати се треба да се приватизира зошто така ќе биде загарантирано дека ќе работат со максимална ефективност и ќе се борат да дадат најдобра понуда на нивните купувачи а тоа сме ние.

Според твојата логика уште ќе постоеше Мобимак дека нели треба да имаме комуникации и ќе плаќавме х10 повисоки цени или ќе имавме државен интернет која најверојатно ќе беше дајл уп.

За полиција и војска е сосема друга работа дека самиот поим држава постои за самото тоа.Државата е политичка заедница на група луѓе која служи да бидат загаранирани правата и слободите на секој човек и да служи за одрбана од агресија и поробување.

Државите каде што они се главниот вработувач,лечач,учител и впрочем господари на нашиот живот се модерна креација која првпат на пракса е видена во СССР а денеска се шири низ Европа и Америка како некаква модерна глупост на социјал-демократизам кој ќе ја доживее истата судбина кога ќе нема повеќе туѓи пари да троши за да ги субвенционира сопствените неефикасности а тоа е да ПРОПАДНЕ.

Па кога ќе пропадне нема да има ни државни болници ни државни школи ни државен превоз али знаеш што ќе има ? Ќе има приватни болници и привани училишта и приватен превоз дека самиот поим за нерентабилно работење значи колапс и банкрот и затоа не ни можат да си посмислат да идат во таа насока.
 
Недај боже да ти затреба доктор или болница, тогаш ке видиш колку е добро тоа што сите плаќаат за здравство и ке прерачунаш дека самиот не си платил ништо т.е многу малце и дека ако не плакале сите ке требало да пцовисаш. Нема земја во светот кај што не се плаќа здравство има само разни модалитети на плаќањето. Во спротивно болниците ке бидат само за најбогатите а сиромаштијата ке умира и од најбанални болести.... Исто е и со пензиите, што ке прават старите луѓе ако немаат пензија? Образованието ако не го плаќаме сите тогаш ке преминеме во неписмена нација и образованието ке биде достапно само за најбогатите.... Сите тие работи, пензии, здравство, патишта се работи од општ интерес и мораме сите да плаќаме и тоа е добро. Јас би се побунил повеке за трошењето на нашите пари за владини реклами и непотребна администрација.
 
Џабе објаснуваш и јас напишав но се предомислив да дебатирам на темава.Ние помладите генерации во ништо не се разбираме знаеш...муабетов е на К-15 скечот: Дека се парите знамето шо го продадоа?Дека се? Ја ако требе уше десет долара че даам да се открие знамето кој го продаде :icon_lol:
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Недај боже да ти затреба доктор или болница, тогаш ке видиш колку е добро тоа што сите плаќаат за здравство и ке прерачунаш дека самиот не си платил ништо т.е многу малце и дека ако не плакале сите ке требало да пцовисаш. Нема земја во светот кај што не се плаќа здравство има само разни модалитети на плаќањето. Во спротивно болниците ке бидат само за најбогатите а сиромаштијата ке умира и од најбанални болести.... Исто е и со пензиите, што ке прават старите луѓе ако немаат пензија? Образованието ако не го плаќаме сите тогаш ке преминеме во неписмена нација и образованието ке биде достапно само за најбогатите.... Сите тие работи, пензии, здравство, патишта се работи од општ интерес и мораме сите да плаќаме и тоа е добро. Јас би се побунил повеке за трошењето на нашите пари за владини реклами и непотребна администрација.
Морав во блиско време да одам на доктор баш и заради тоа знам дека државна здравство не треба да идеме.После врткање цела недела по ходниците на државниве болници без никаква поента на крај морав да одам во приватна и ми беше наплатено само малку поскапо но сосема вредно зошто не морав да седам по смрдени ходници на државна која е како постапокалиптична зона.

Старите луѓе ако не си штеделе цел живот или не си уплаќале во фонд за стари години нивна кривица брат секој со свој живот али не може да бидат луѓе терани да плаќаат за други зошто си го заебале животот.Ако немаат ништо заштедено цел живот тогаш нека се надеваат дека стекнале доволно добри пријатели или роднини што би ги издржавале.

Ако не си приметил и сега сме неписмени.Образованието е една огромна дупка која произведува кадри кои се комплетно непотребни а децата губат години од своите животи.Патем ако решиш да не учествуваш во образованието тогаш и добиваш казни зошто мораш да ја поминеш попрагандната машина.Родителите ги гледаат школите како место каде што може децата да ги остават по едно 6 саати да не мораат да се грижат за нив.

Тие работи како здравство,пензии и образование се лични одлуки а не работи од општ интерес.Впрочем и не постојат работи од општ интерес зошто власта не треба да се занимава со такви работи.

Впрочем ако власта верува толку во својата способност да организира здравство,пензиски фондови и образование нека ја дадат опцијата да може кој сака да уплаќа и да си ги средува тие работи сами и да видиме кој ќе остане да ги користи тие услуги од општ интерес.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom