Еве моја кратка рецензија за местата на кои сум летувал, можеби на некого ќе помогнам:
1. Родос - фантастични плажи, треба кола нормално, главниот град е преубав. Јас бев сместен во Фалираки, рај за искачање, пиење до (а и после) зори, пијани англичанки и доста тепачки. Во Фалираки плажите се ок и песочни.
Се искача на бар стрит, за цените не се сеќавам бидејќи бев пред 7-8 години.
Патот ваљда би бил до Патра (пристаништето кај Атина) со бус (до Солун од МК), па после бус или воз, после клацкање на фери, а можда има и од Солун, не би знаел јас летав со авион.
2. Крф - убави плажи, троа ладна водата бидејќи јас сум навикнат на Егејското море, бев сместен во Кавос,кое исто како и Фалираки е за искачање со тоа што идат до 19 годишни енглези и до 26 годишни срби.
Плажите во Кавос се песочни со камчиња, али преку ден сите се или на базените од смештајот, или во кревет. Денска шема послабо.
Градот Крф е изграден во венецијански стил со тесни улички, супер град. Башка има и пар Лидл маркети на островот во кои пуниш залихи некогаш поефтино и од наше Кам, а одличен квалитет. Кола ти треба, може и моторче ако си сместен во Ипсос кое е на пар км од Крф градот и е помирно место, али така повеќе ќе се клацкаш до убавите и студени плажи на северот.
Се искача на 1 км долгата барстрит, гага влез, сите стојат на улица и денсаат, коктелите се од 5е за 2 комада па нагоре, пиво ретко кој пие.
Патот од Скопје со бус е 540km, одприлика 10 саати сосе фери (со бус), 6-7 со кола, ама со ферито кое е пократко од 1 саат до Лефкими, не до градот Крф (тоа фери е поскапо и подолго). Автопатот е џам, се качува до врх планине, па надоле кроз мн тунели, али нема кривини и сл срања. 1 застанување, на пола пат меѓу граница и Игуменица (пристаништето). Со бус беше 60е од човек, со кола поефтино, 2 патарини на грчка страна, плин може да се стави на Shell пумпата на која застануваат автобусите, а ваљда може и во Игуменица. За островот Крф не би знаел.
3. Скијатос - фантастични плажи до кои се стига со бусче, моторче или чамче (доста е мал за кола), најубави плажи на кои што сум бил за сите 3 дена кои бев таму - Банана и Кукунариес. Има и други но се немаше време. Најверојатно ќе бидете сместени во главниот град каде е и искачањето на бар стрит, неколку отворени дискотеки во кои не се плаќа влез, али затоас пиво е 7 евра минимум. Нема Лидл има неколку други маркети кои се на 15 мин од центарот, а и не се ефтини.
Во главниот град Скијатос плажа за бањање нема, треба да идете или на градската плажа која е 20 мин од центарот пешки, или не некоја од фантастичните плажи за каде ви треба превоз (буе е 1.50 до Банана и Кукунариес - 1 до друга се).
Скијатос е генерално поскап остров поради фактот дека на него доаѓаат подобростоечи грци од Солун и Атина, данци, италијани и енглези со јахти.
Патот (до Волос - пристаништето) со кола е 420км, значи 5-6 саати со се граница, и после брод мин саат време макс 2.30 - 3 зависи од цената на билетот. По пат има 2 патарини мислам (на грчка страна) мислам дека сеа со пуштањето на тој тунелот се е автопат. Плин до Волос по автопат би требало да има - барајте Shell, таму највеќе може да се најде. Друга опција е со бус до Солун, после со бус од Солун од Волос, воз мислам не иде до волос туку до Лариса па од таму пак би требало со бус. Мислам дека има и фери од Солун, али ќе да е доста клацкање и пари.
4. Тасос - убава природа со поприлично тапа плажи, пензионерско место, пун пенис оси и пчели.
За патот не би знаел да кажам бидејќи бев мнооогу одамна.
Се надевам дека овој пост ќе му помогне на некого.