Каде на факултет и како одлучивте што ќе студирате?

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
А ти,да си прашаш професори,советници за кариера,професоналци,не ќе биде лошо а?
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Никој не ти гарантира ништо во државава. Што мислиш ако завршиш информатика одма ќе те лапне некоја фирма, ќе седиш и ќе уживаш, па не верувам баш, ќе бидеш и програмер и кафе куварица и чистачка. Значи ако се испадне како што планираш за 5 години ќе бидеш дипломиран инженер по информатика - (насока). Пред тебе ќе дипломираат 4 генерации, што од пмф што од електро, годишно да завршуваат по 200 души од двата факултета, тоа се 800 млади луѓе кои бараат работа? Огромна конкуренција!

Ако мислиш да млатиш пари, мисли си :)

Прочитав санитарен инспектор некаде погоре, таков факултет нема, треба да завршиш ветеринарен, земјоделски, медицина, евентуално природни науки, па после да затвараш продавници, кафулиња и така натаму и така наваму. :D
Грешка си која е поврзнатоста во земјоделскиот медицинскиот и ветеринарниот со санитарниот инспектор, тоа нема врска.А иначе има таков факлутет може не се вика како што реков ја али знам дека постои го има во Велес, Скопје Штип и уште некаде.:)
 
К

Кнез Мишкин

Гостин

Дали си сигурен? еве ти го надополнетиот член:
Со членот 4 се менува членот 8 став 2, со можност за државен санитарен и здравствен инспектор покрај лице со завршен медицински факултет да биде назначено и лице со завршен стоматолошки факултет, ако ги исполнува и другите услови уредени со овој закон. Истовремено, се брише работното искуство во струката во траење од најмалку една година, кое претходно беше еден од условите кое лицето требаше да го исполни за да биде назначено за инспектор.

:)
 
AnGeL.BoY

г-дин Дијамант Сваровски
Член од
7 септември 2010
Мислења
55
Поени од реакции
14
Здраво Форумџии!
Еве ме мене повторно, по прилично, малку подолга пауза, назад низ форумиве, но овој пат во друго светло! :)
Оваа година сум матурант и сигурно веќе претпоставувате низ каков период проаѓам, низ какви дилеми, колебања и се слично од тој тип. Причината која ја отворам оваа тема и Ви се обраќам Вас, е тоа што неможам да се одлучам каде понатаму. Посакувам совети, аргументи, искуства и се друго што би ми поможило навреме да си ја решам дилемата. Инаку, во глава најмногу ми кружат правниот факултет - политички студии или граѓанско право. Искрено кажано, на срце повеќе ми лежат политичкиве студии, но се прашувам: што понатаму? каде би се вработил?... За правилен избор си поставив некои услови или да ги наречам критериуми и тоа:
*Сакам кариера
*Сакам работа во која ќе можам постојано да ги докажувам сопствените квалитети, како и да можам да напредувам
*Сакам да можам да си го дозволам луксузниот живот, кој отсекогаш сум го посакувал
*Не сакам цел живот да работам како нечиј “роб“, односно сакам општествена моќ и сила
Се надевам ќе ми помогнете во мојот избор!

П.С. Немојте да ме помислите дека премногу сум амбициозен, туку едноставно сакам многу пари незаработени на многу лесен начин (без никаков труд и енергија) и шо е најважно сакам само да бидам среќен!

Однапред благодарен! :*
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Политичар. Десничар, демохристијан. Таа професија денес. Факултет по желба, ама не е неопходен..
 
C

cige

Гостин
туку едноставно сакам многу пари незаработени на многу лесен начин (без никаков труд и енергија) и шо е најважно сакам само да бидам среќен!

Однапред благодарен! :*
Играј спортска или лото, за тоа не ти треба школо.
 
PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Здраво Форумџии!
Еве ме мене повторно, по прилично, малку подолга пауза, назад низ форумиве, но овој пат во друго светло! :)
Оваа година сум матурант и сигурно веќе претпоставувате низ каков период проаѓам, низ какви дилеми, колебања и се слично од тој тип. Причината која ја отворам оваа тема и Ви се обраќам Вас, е тоа што неможам да се одлучам каде понатаму. Посакувам совети, аргументи, искуства и се друго што би ми поможило навреме да си ја решам дилемата. Инаку, во глава најмногу ми кружат правниот факултет - политички студии или граѓанско право. Искрено кажано, на срце повеќе ми лежат политичкиве студии, но се прашувам: што понатаму? каде би се вработил?... За правилен избор си поставив некои услови или да ги наречам критериуми и тоа:
*Сакам кариера
*Сакам работа во која ќе можам постојано да ги докажувам сопствените квалитети, како и да можам да напредувам
*Сакам да можам да си го дозволам луксузниот живот, кој отсекогаш сум го посакувал
*Не сакам цел живот да работам како нечиј “роб“, односно сакам општествена моќ и сила
Се надевам ќе ми помогнете во мојот избор!

П.С. Немојте да ме помислите дека премногу сум амбициозен, туку едноставно сакам многу пари незаработени на многу лесен начин (без никаков труд и енергија) и шо е најважно сакам само да бидам среќен!

Однапред благодарен! :*

Хехе искрено ако сакаш да уживаш во луксуз, пари и кариера, бидејќи како што сватив на некој начин таму ја бараш среќата, треба да имаш позадина. Денес ако погледнеме малце реално само со учење, без позадина 70-80% нигде не стигнале... а да не збориме за кариери... но не сме ние криви такво е општеството, поголемите риби ги јадат помалите. Конкретно за мене и мојата кардинална животна грешка, дипломирав на ФЗНХ (по 51589494 консултации со други ликови), имав планови као ти, се надевав повеќе од колку што можеш да замислиш, но го мразев факсот, единствено одев мислејќи дека ке станам инспектор, па плата 30-40000, па количе, па малце поише парички, па ќе шеткам, па магистратури, докторати итн итн... дипломирав и се тоа се сруши кога отворив очи.. по 9 месеци се вработив, (но не по струка бидејќи кога идев по конкурсите или ми бараа шуш буш или партиско книжуле или некое чоече) плата имам 12500 колку да остане за 3-4 кафиња некое излегување и некое парталче (доколку претходниот месец не претерам со телефон или преку зима со струја греалки бла бла)... не ми е криво толку што не го работам тоа што го студирав и што изгубив 4 години, бидејки сватив некој работи, криво ми е што знам дека го работаат луѓе што никогаш не го ни мислеле тоа, а не пак да го студираат и што слушав други луѓе што ја ,,кроеа,, мојата иднина и што знаеа што е најдобро за мене. Затоа другарче ако сакаш да си среќен тогаш запиши се таму каде што мислиш дека ќе успееш (никогаш не слушај други, бидејки ако они утре бидат криви никогаш нека да признаат :D), учи го тоа што мислиш дека ќе те исполни, седни анализирај се од сите можни агли, види со какви квалитети располагаш и со што се располагаш, имај некој водич во животот, немој многу да се залетуваш дека кариерата, парите и општествената моќ ќе те напраат среќен... т.е. да ти ќе бидеш среќен, но тоа ќе биде вештачка среќа, никогаш нема да ја почуствуваш онаа правата ако продолжиш да гледаш низ таа призма и немој на ништо никогаш да се надеваш 100%... ќе се разочараш, имај барем 1% или 0,5% песимизам во некој битни моменти и одлуки, а од кога ќе се остварат тогаш тој 1% (0,5%) ке исчезне :)

поз :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom