Каде на факултет и како одлучивте што ќе студирате?

Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Јас ќе одам на факлутет за санитарен инспектор, сепак на светот највеќе му треба храна и тоа никогаш нема да се прекине, така да мислам тоа е добра одлука :)
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Мене повеќе ме интересира како “сега“ ќе завршиш средно кога годината само што почна и уписите за на факс се скоро сите завршени.
 
П

Пепси_

Гостин
Мене повеќе ме интересира како “сега“ ќе завршиш средно кога годината само што почна и уписите за на факс се скоро сите завршени.
Читај море од вакви луѓе доктори како тебе шо не читат се по ред умират невини луѓе.
Убаво е пишано значи НАСКОРО кога ќе заврше ваљда е 4та година средно и си планира нормално.
 

Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
Мене повеќе ме интересира како “сега“ ќе завршиш средно кога годината само што почна и уписите за на факс се скоро сите завршени.
Реков дека наскоро ке завршам, темава намерно ја отворив порано за да соберам повеќе информации за факултетите и да ми остане време за на крај да направам мала анализа на мк пазарот со цел да ја изберам вистинската насока во која ке го продолжам моето образование.
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Тоа наскоро е за 8 месеци, до тогаш можеш сто пати да смениш мислење.
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.565
Поени од реакции
2.154
Тоа наскоро е за 8 месеци, до тогаш можеш сто пати да смениш мислење.
Абе дечкото сака да си биде сигурен.
Препорачајте ако знаете, ако не не тролајте без врска ебаго
 

Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
Тоа наскоро е за 8 месеци, до тогаш можеш сто пати да смениш мислење.
Неможам да сменам мислење,уште од основно сум одлучил дека ке биде информатика, е сега прашањето е дали полесно ке најдам работа и ке бидам подобро платен како програмер или дизајнер?Во суштина тоа е прашањето..Јас и двете работи подеднакво ги сакам, и двете ке ги научам само што за едната ке имам диплома и поголемо знаење.
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Нема баш некоја врска прашањево, анализа на маркет кој со еден збор ќе ти го дефинира остатокот на животот нема никад да најдеш, зашто нели до крајот на животот ти е.

Можда не ти се свиѓа одговорот ама оди на тоа што си добар или тоа што те влече, глупости како анализа на маркет според која наводно треба да го дефинираш твојот возрасен живот искрено е глупо. Нема да можеш да работиш нешто што не сакаш до крајот на животот.
А прикаски од типот тоа ја што го сакам, не е платено, бла бла бла, се изговори за мрзи кои сакаат некако да фатат државна работа, и да биде после клати врата зимај плата.
Што и да одбереш и да ја ставиш целата пасија, тоа се бара пасија, тогаш сигурно ќе можеш да кажеш дека си еден од најдобрите во тоа поле, за вистински талентирани и паметни секад има работа, за тие во средината е потешко, затоа што немаат вистинска амбиција да бидат најдобри во нешто, сакаат само плата и мењаат кариери според огласи.

И кој вика дека пасијата ќе ти биде во некој факултет, можеби си добар во некој спорт, се додека си најдобар во нешто ќе те плата, без разлика дали тргуваш со акции или шутираш топка.

Немој да мислиш дека во ИТ ќе можеш да успееш затоа што мислиш дека си добар со комп, ИТ е едно од најшироките полиња, а за жал нашиве факултети ќе ти нафрлат трошки знаење со кои ништо нема да направиш ако сам не земеш да учиш. А за тоа повторно е потребна пасија.

ЕДИТ
Програмер и дизајнер се исто што и механичар и касап, скроз различни, само затоа што работиш на комп не ги прави воопшто слични па да се мислиш помеќу едното или другото. За дизајнер треба да има артистички талент, за програмирање да бидеш добар со бројки.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Неможам да сменам мислење,уште од основно сум одлучил дека ке биде информатика, е сега прашањето е дали полесно ке најдам работа и ке бидам подобро платен како програмер или дизајнер?Во суштина тоа е прашањето..Јас и двете работи подеднакво ги сакам, и двете ке ги научам само што за едната ке имам диплома и поголемо знаење.
Ако тоа сакаш да бидеш биди, се бараат сеа доста информатичари и мислам ќе имаш загарантирана работа :)
 
Г

Гучи

Гостин
Неможам да сменам мислење,уште од основно сум одлучил дека ке биде информатика, е сега прашањето е дали полесно ке најдам работа и ке бидам подобро платен како програмер или дизајнер?Во суштина тоа е прашањето..Јас и двете работи подеднакво ги сакам, и двете ке ги научам само што за едната ке имам диплома и поголемо знаење.
болдираното ;)
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Мислењето ќе ти се смени уште 986 пати :0 Тоа што планираш сега да запишеш ГАРАНТИРАМ дека нема да го запишеш :)
 

Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
Како програмер ти е подобро, и види на александриа што е со 1-2 години курсот ако има за програмери смер, пошто да идеш на факултет и да учиш уште доста предмети кој нема да имаат везе со програмирање без потреба кој нема да ти требаат плус да губиш уште 2 години не ти се исплати
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Никој не ти гарантира ништо во државава. Што мислиш ако завршиш информатика одма ќе те лапне некоја фирма, ќе седиш и ќе уживаш, па не верувам баш, ќе бидеш и програмер и кафе куварица и чистачка. Значи ако се испадне како што планираш за 5 години ќе бидеш дипломиран инженер по информатика - (насока). Пред тебе ќе дипломираат 4 генерации, што од пмф што од електро, годишно да завршуваат по 200 души од двата факултета, тоа се 800 млади луѓе кои бараат работа? Огромна конкуренција!

Ако мислиш да млатиш пари, мисли си :)

Прочитав санитарен инспектор некаде погоре, таков факултет нема, треба да завршиш ветеринарен, земјоделски, медицина, евентуално природни науки, па после да затвараш продавници, кафулиња и така натаму и така наваму. :D
 
A

Auditore

Гостин
Кога се иде на факултет прво мора да знаеш што те влече, затоа што од голема и пресудна важност за да го завршиш факултетот навремено и без посебни потешкотии е да го студираш тоа што го сакаш. Мора да определиш што те влече и откако ќе го направиш тоа ќе размислиш дали си сигурен дека е тоа што дефнитивно би сакал да го работиш и дури тогаш анализирај ја ситуацијата со тоа работно место во државата, како е вреднувано, колку е тражено и слично.
Секако ако се води според ова секој работи што сака, но во пракса ова дали е 30% точно бидејќи завршиш едно а работиш трето, па според мене најубаво ти е да идеш на факултет кој те влече а притоа да научиш Англиски/Француски/Грчки или пак наместо јазици некој занает, затоа што познавачи на наведените јазици посебно последните два се многу тражени и перспективни, а занает како занает секогаш се ценел и мое мислење е дека уште повеќе ќе се цени бидејќи секој сака да си седне во фотејла и да крсти нозе цел ден со завршен факултет.
 

Decoturf

Базинга
Член од
30 октомври 2010
Мислења
504
Поени од реакции
74
само можам да кажам дека што и да одбереш нека биде она вистинското, не е лесно да се студира нешто ако не се сака или пак ако е тешко, зошто факултетот за 18 годишна личност е сепак голем предизвик, посебно ако е тежок...нема да згрешиш само ако го правиш(студираш)она што го сакаш
 

Kajgana Shop

На врв Bottom