да ми признае сега ( или да дознаам од сигурни извори- блиски до владата
) дека флертува со некоја девојка веднаш би ставила крај на врската. Озбилно ти зборам. Минатата врска 4 години истото па истото флертови, пораки, титкања, те варам не те варам муабети....ФАЛА!
Ако тој човек флертува со некоја друга девојка најпрво не те почитува, а ако не те почитува што ќе ти е?
Секоја врска (а подоцна и брак) се заснова НАЈПРВО на почитување, а ако тоа го нема....маф ти е работа...
Извини ама морам да те демантирам, не се согласувам со мислењето.
Секоја "сериозна врска" се темели на доверба, почитта е нешто друго зависна е од карактерот на човекот, постојат ладно крвни типови на луѓе кои ни сами не се респектираат а не камо ли некој друг, и сепак имаат стабилна врска.
А флертот претставува најеротскиот сегмент во љубовниот живот, поготово ако налеташ на класичен згоден шармер воедно и добар оратор. Во моментите на флерт ти ќе ги заборавиш сите грижи, обврски, контакти со реалноста, дечко влечко итн... едноставно тој момент си под заблуда (што правам,го посакувам) но сепак имам своја морална норма ќе го зачувам достоинството на својот партнер и нема да го правам магаре во очите на другите. Но доколку можам потајно тоа ќе го изведам- тоа е одговорот на 90% од популацијата во современово општество. Желбата за подобро никогаш нема да згасне, човечкото око е ненаситно.
Реплицирај доколку имаш друга теорија за почит или флерт
Он топик- Доколку сте болно љубоморни секој најмал потег ќе го поврзувате со изневерувањето, поготово ако вашиот партнер претходно имал бујна историја во љубовта, исто така пријатели од спротивниот пол со кои си контактира редовно на која и да било тема, и секогаш ќе предизвикувате бурни непотребни расправи додека еден ден жртвата на љубомората не го прекине тоа.
Доколку сте опен мајнд типови со пошироки сваќања, под изневерување ќе подразбирате , лага, секс, искористување, бакнеж (усни на усни тивка музика......)