Каде да ја најдам музиката користена во Македонски Народни Приказни?

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Има една фора сега со користење лиценцирана музика у вакви прилики. Ете ви во описот.
Проверете си и за други видеа.

Screenshot_20190120-195125_YouTube.jpg
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.909
Поени од реакции
9.507
И онаа шпицата шо е на серијалот Легенди и преданија е од Tangerine dream
- Betrayal уствари и првата ја има во приказните може и поке се
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
Има една фора сега со користење лиценцирана музика у вакви прилики. Ете ви во описот.
Проверете си и за други видеа.

Прегледај го приврзокот 203398
таа ја има во епизодата, ама не е таа на почетокот што ја бара човекот
не сум ни сигурен дека е во стил на Tangerine Dream

да се направи некоја листа од кои се автори е користена музика во приказните кога се бара песна прво тие да се проверат
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
таа ја има во епизодата, ама не е таа на почетокот што ја бара човекот
не сум ни сигурен дека е во стил на Tangerine Dream

да се направи некоја листа од кои се автори е користена музика во приказните кога се бара песна прво тие да се проверат
Добро, јас посочив како може да се дојде до некаков показател или clue што би рекле енглезите, по онаа старата кинеска "ако сакаш да му помогнеш на човек, не му давај риба, туку научи го да лови", а не по македонската "хејтај све што оди по земја без посебна причина". Може по истиов принцип ќе излезе на видело од друго видео.
На youtube ја нема таа, така да, не знам како сфати дека баш не е од нив.[DOUBLEPOST=1548102095][/DOUBLEPOST]
Дали за музикава поготово за оние песни од грчки автори и други странски автори имале авторски права за користење ? Порано како мал кога бев се мислев дека наши автори ги имаат правено сите песни. Кога пораснав и кога веќе интернетот е толку развиен истражуваш и дознав дека не се од наши автори па тоа малку ме разочара а стварно изборов им е феноменален дури и добро уклопен во сцените.

Во денешниве приказни изборот на музиката е катастрофа, дури и самите приказни немаат некоја интересна содржина да те привлече.
Сега скоро ја открив темава. Постов ти е од пред 3 години, ама пошо си активен, морав да ти одговорам. Не се водело сметка за авторски права. МНП почнаа да се снимаат 80-ти години. Ги прикажуваа наутро секој четврток во таканаречената „Училишна програма“ на РТС (Скопје, не Србија, а после стана МТВ) во која идеше Survival - една фантастична природо-научна емисија на BBC, „Форе-фазоне“, Бранко-коцкица и многу друга продукција на РТБеоград, Загреб - по мене многу квалитетна програма (ама тоа е веќе друга тема). Беше супер кога ќе видиш нешто на македонски јазик како дел од таа програма.
По кажувањата на оригиналните учесници во проектот, бил на самите маргини на телевизијата. Се одвојувале ужасно малку пари и екипата скоро волонтерски ги снимала. Затоа и нема да видиш некои подалечни егзотични локации за снимање од околината на Скопје, најчесто Нерези, Св. Пантелејмон и селата на Скопска Црна Гора, а снимани се често и во некои безвезни зимски термини поради тоа што ништо тогаш не се снимало, па биле слободни. Димитрија Павловски мислам дека беше меѓу првите режисери, а самите приказни се адаптации на приказни собирани од Марко Цепенков и други популарни народни приказни - ова го потенцирам, пошо денешниве мислам дека се измишљотини без поента напишани од молери или пекари. Баш сабајлево, уз кафе пред работа, налетав на една играна серија „Еурека“, која исто РТСкопје ја продуцираше и во телопот „музички избор“ беше името Миодраг Врчаковски, кој е познат наш музички работник, мислам текстови пишуваше, водеше емисии на радио исл. (а е доктор по медицина уствари). Во таа епизода идеше музика од Jean Michelle Jarre, Tokyo Kid мислам.
Не воделе сметка на такозваниот copyright пошо воопшто и самиот проект бил маргинален, а од денешна гледна точка (а и од тогашна, пошо сум ги чекал како дете) мислам дека беше од недостижен квалитет. И самите приказни, а и глумата и режијата. Може да изгледаат наивно, ама пак мислам дека имаат некаква вредност. Е сега, рачунај дали имале пари да ангажираат некој композитор македонски да компонира специјално музика за нив - би било супер, ама ете. Штета - ќе повторам - штета, пошо примерот со „Бушава азбука“ и музиката на Леб и сол за истата беше нешто по што сите ја памтиме.

Вангелис во тоа време беше ултра-популарен со музиката од Chariots of fire, кој зема неколку оскари, после и со Conquest of paradise и тие музики до смрт се репродуцираа по шпици, реклами, тв драми, тв емисии исл. Да биде иронијата најголема, во серијата Тврдокорни, која ги раскажуваше приказните за најголемите македонски војводи, најзастапена беше музика на Vangelis и тоа мислам дека таа серија е снимана по осамостојувањето од СФРЈ.
Во тоа време да чуеш Kraftwerk, Jarre, Vangelis и слични такви space-ambient-electro звуци беше многу секојдневна, логична работа.........тоа како све отиде у цеца, у к***ц фазон, само една деценија-две покасно уште не ми е јасно...
 
Последно уредено:

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.583
Поени од реакции
81.164
Сите си најдовте, само јас не....јас барам една мрачна/тешка електроника, од една малце језива епизода (ако не се лажам дека беше таа) појма немам од кого може да биде :(



ЕДИТ, Мислам дека е оваа ама не сум сигурен! можеби на крајот од епизодата продолжува/се убрзува, вака ми делува доста слично, но не е ритмички иста....

За оваа да не зборуваш на почетокот одма? :)
После 8 години ќе те цитирам :D

Мрачната електроника што ја бараш е првата песна од видеото подоле. Користена е во приказната "Сон". Истотака пробај и со 15:31 истотака мрачна мелодија која е користена во МНП.

И онаа шпицата шо е на серијалот Легенди и преданија е од Tangerine dream
- Betrayal уствари и првата ја има во приказните може и поке се
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.909
Поени од реакции
9.507
После 8 години ќе те цитирам :D

Мрачната електроника што ја бараш е првата песна од видеото подоле. Користена е во приказната "Сон". Истотака пробај и со 15:31 истотака мрачна мелодија која е користена во МНП.
Обично голем број на музиката е земена од филмови и се филмски траки
еве уште нешто случајно налетав
 
Последно уредено:

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.583
Поени од реакции
81.164
Уште една тешка мрачна инструметалка користена во приказните, поточно во "лошата жена е полоша од змија"

 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
НЕ знам дали некој ја објавил, ја слушав денеска и ми текна дека ја имаше, мислам во сцената со слепиот брат нешто Ванчо Петрушевски, кога ќе прогледа или така нешто.

 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.861
Поени од реакции
7.549
[DOUBLEPOST=1552995260][/DOUBLEPOST][DOUBLEPOST=1552995554][/DOUBLEPOST][DOUBLEPOST=1552996109][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Оваа во Тврдокорни ја користеа...можно е и во приказниве...

 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.583
Поени од реакции
81.164
Малце надвор од темата, да не го знае некој името на приказната од каде се вадени деловите? :)

 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.909
Поени од реакции
9.507
Малце надвор од темата, да не го знае некој името на приказната од каде се вадени деловите? :)

Ја знаев приказнава само не ми теквеше на насловот точно повели


 

Kajgana Shop

На врв Bottom