Каде да најдам? [Design/Interior/Exterior Edition]

Член од
16 септември 2013
Мислења
702
Поени од реакции
691
Еве нека има една ваква тема.

Конкретно за мојот проблем, каде да најдам евтини полици од овој тип? Конкретно оваа чини некои 3000 денари, не сум сигурен дали цената е добра или не затоа што немам други понуди да споредам. Ако знаете каде ги има, ве молам пишете :)

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.142
Поени од реакции
28.898
Брат контактирај некој мајстор сигурно ќе ти направи за поевтино од салон да го земеш.
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
А бе брат појди каде што сечат иверици и порачај си парчина. Еден пиштол за бушење со 3,2 шпирала. 16 или 20 3ка штрафови за иверица и имбус клуч за нив. И по 4 ор тие пластичните со шајче за секоја полица зависно колку сакаш или по 4 од тие дрвените за со лепило ако сакаш да не се мрдаат. Кант и пегла за напред и лесонит по димензија за назад со шајчина за да закачиш околу. Нема да те кошта повеќе од 1000-1500 денари за материјал и едно слободно попладне или кога и да имаш време. ако не ти е за брзање. Сметај дека секој елемент за дома е пола цена материјал пола цена работна рака. Е сега ако немаш можности е друг маубет ама заштеда илијадарка или повеќе не е мала работа.

ИКЕА милиони направија од продавање по принцип состави сам, штета најблиску имаат Грција па ако те носи патот оди види може да има ваков елемент на програмата. Ако не смисли го и пресметај делови сам па купи во делови и дома само состави.
 
Знам дека е така поевтино али ниту имам време ниту сакам да се замарам и сам да правам. Знам дека е боље така али сакам готов производ. Денес да го нарачам утре да го земам.
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Е па друже плати што да ти речам, сигурен сум дека во секоја работилница за тапацирање мебел или столарска работилница не би одбиле 1000+ за работна рака за неколку саати работа. Ако најдеш некој кој може да среди дома демек за лично користење е уште подобро. Зезнати се казни за вака нерегистрирани произведувачи ама мајстори има колку сакаш, бар овде во Прилеп а во други градови убеден сум исто.
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.621
Поени од реакции
10.882
Оди во поли техна. Ќерамидница, карши дојрана кафаната.
Позз
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Еве нека има една ваква тема.

Конкретно за мојот проблем, каде да најдам евтини полици од овој тип? Конкретно оваа чини некои 3000 денари, не сум сигурен дали цената е добра или не затоа што немам други понуди да споредам. Ако знаете каде ги има, ве молам пишете :)

Подобро и поисплатливо ти е да си најдеш мајстор за нешто вакво. Ако се договориш со него или фрлиш некој денар плус за мотивација на мајсторот, плакарчево ќе ти биде готово за ден два.

:)
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.389
Не секогаш е поисплатниво да ти го направи мајстор.
Појдувајќи од таа помисла, дека вие мислите дека секогаш „кај мајстор е поевтино“ - многу мајстори знаат да сечат.

Види во Форманова, јас земав нешто вакво слично со попуст за 3 илјади и нешто (моето е со вратничка).
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Форма нова или прима мебел. Не верувам дека сам да го правиш ќе излезе поефтино. Само една табла иверка е од 2000 нагоре, па сечење, па кантирање, па треба штрафилица да имаш, па чирак да ти придржува додека штрафиш со оглед дека немаш стеги...
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Прашањево е баш како за во темава........:)

Некој да каже кај се продаваат вакви слични градинарски столови во Скопје?
Вакви слични столови во Скопје можеш да најдеш кај пластичарите кога идеш накај Шутка, можеш да најдеш во Бриколаж, Електрометал (мислам дека таму има голем избор)...........:)
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.724
Поени од реакции
1.482
Член од
15 мај 2015
Мислења
13
Поени од реакции
1
Ако може некој да ми помогне каде да најдам само латофлекс летвички 140/200 кои се ставаат под душек на брачен кревет, а да не се со астрономска цена како во некои салони што налетав.
 
mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
797
Поени од реакции
524
Kе ве замолам за мислење каде кој кога оти колку ???!
PS го постирав во неколку теми итно ми е :)
702879_10209060069083201_1422741278_n.jpg 12064391_10209060069963223_1504934513_n.jpg 20160217_151311.jpg 20160217_151442.jpg 20160217_151447.jpg 20160217_151637.jpg
 
Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
497
Поени од реакции
280
Здраво, ми треба помош, да не знаете кој изработува вакви 'завеси' за затварање тераси од лексан во Скопје. Во населба аеродром имам видено повеќе станови вака затворени.

Kajgana Shop

На врв Bottom