Goce,ако си во Скопје ставај си Телекабел 1024/256кбс неограничен трафик за 1500ден.Симнувам во просек 25-30Гб, играм Call of duty 2 на нет (најчесто на амерички сервери, пингот ми е од 100-200).И не сум имал никакви проблеми откога сум нивен претплатник.А за тоа дали е исто со другите провајдери не сум баш сигурен, ни по цените ни по брзината.Не сум луд да им плакам на ОННЕТ и МТНЕТ за 10гб трафик такви сулуди суми пари и тоа со договор на 2 години.
Едит:"...CabelTEL, бугарско-американската кабелска, интернет и телефонска компанија вчера(07.05.2007) платила 12.600.000 евра за купување на 13 македонски кабелски оператори.40 милиони евра ќе бидат инвестирани за развој на купените кабелските оператори: скопските Зора, Зора кабел, Кабелскоп, Максат и Наумовски, Кабелсат и Галакси, кочанската Кабелфокс, кумановските Астра 99 и Старкс, штипската Кадис 2002, велешката Спринт, и тетовските Мултиком и Сат медиа. Со надградба на мрежата, ќе биде понуден triple-play сервис, односно телефон, интернет и кабелска телевизија.
Покрај развојот на македонската мрежа, компанијата инвестира и во развојот на мрежите во Бугарија и Србија, и до крајот на годинава, на овој милионски пазар, ќе понуди и High Definition Television, односно телевизија со висока резолуција.Бесплатни локални телефонски разговори за корисниците на 13-те купени кабелски оператори. Меѓуградски разговори по минимална цена и интернет за 20 евра. Ова ќе биде новата понуда на македонскиот пазар, со која CableTEL ќе стартува за неколку месеци.
Пред три месеци, пак, и Кабелскиот оператор Телекабел најави дека до крајов на годинава ќе понуди телефонски услуги во Скопје, Битола и Штип. Влезот во фиксната телефонија ќе се направи со австрискиот партнер ``АИ-Кол``. Но, понудата на CableTEL ќе стаса побрзо. ..."