Кабала и нејзината симболика

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Живи смешки,само ти надевај се.Полни сте со идолопоклонство,пагански ритуали затскриени со христијанство.Наследници,какви наследници,кога Израилот има континуитет илјадници години.Тоа вие што го правите нема никаква врска со Стариот завет,а најмалку со Новиот.Грчките-римски култови ниту биле ниту ќе имаат некаква основа во јудаизмот.
Израилот е Црквата, стариот израел си го распна Месијата што го чекаше, та откако виде дека им ветува царство Небеско и духовно наместо маетријалното како што очекуваа, си го распнаа натенане, како што и пророкуваа пророците а и самиот Христос. Лажните пророци на кои се ослонувате вие беа исмејани од вистинските,
Матеј23:1 Тогаш Исус му говореше на народот и на учениците свои, 2 велејќи На мојсевиот стол седнаа книжниците и фарисеите (заб. предците на денешните рабини)... и откако убаво ги ренда во цела глава од Матеј 23та завршува ...Матеј 23:33 Змии и рожби аспидни, како ќе побегнете од осудата за во пеколот?34 Затоа ете, Јас праќам кај вас пророци и мудреци и книжници, едни ќе убиете и распнете, а други ќе биете по синагогите ваши и ќе ги прогонувате од град во град (заб. како на апостол Павле што му правеа); 35 за да падне врз вас сета праведна крв што е пролеана на земјата (заб. како што некој ден подоцна викаше стариот Израил крвта Христова да падне врз нивните глави и главите на нивните деца), од крвта на праведниот Авел па до крвта на Захарија, синот на Варахијакого го убивте меѓу храмот и жртвеникот. Вистина ви велам сето тоа ќе дојде врз овој род.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Израилот е Црквата, стариот израел си го распна Месијата што го чекаше, та откако виде дека им ветува царство Небеско и духовно наместо маетријалното како што очекуваа, си го распнаа натенане, како што и пророкуваа пророците а и самиот Христос.
Pимјаните го распнаа а не евреите, еврејското казнување е каменување до смрт, евреите немаа казна распнување.
Исус не е распнат ради некој верски престап, пошто кај него не најдоа никакво прекршување на божјиот закон казнив со смрт, туку го распнаа оти прекршил римски закони - забранувал да се плаќа данок, бунтовал народ и им велел дека е тој нивен цар. Со тоа направил прекршок против Рим и бил казнет по римски закон со смрт.
 
Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Ниту кај пророците беше најдена вина па беа каменувани од Израилот. Христос беше обвинет од еврејските водачи затоа што не беше олицетворение на нивната мегаломанска верзија на "владеењето на Израел" за кое Бог спремаше Небесно, духовно, а тие сакаа (и сеуште сакаат) телесно, земско каде Евреите ќе владеат со светот. Тоа е и целта на ционистичкиот покрет, затоа и се форсира кабалата како сесветска религија. Крвта навистина падна на нив и на главите на нивните деца. Израилот како неплодна смоква беше исечен и запален а Црквата накалемена на Лозата Давидова - продолжеток на Старозаветната Црква! Христос навистина направи како што кажа на фарисеите, од камењата направи синови Авраамови!
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192

А што е тоа што ве прави вас Старозаветна Црква?Тоа ли што се собирате и играте на огнот,принесувајќи му жртва на Молох?Тоа ли што на 25 декември или 7 јануари(разлика во календарот) го славите Големото Сонце?Каде е заповедано тоа?Тоа ли што го прикажувате Богот на Израилот насликан на икона и прекршувате заповедите од Стариот Завет?Вие се повикувате на Заветот,а не се придржувате до него.Никој не се огреши на Тој завет ниту Исус ,ниту Апостолите.Туку вие сте накалемени на Константиновата Црква,каде што нејзиниот почеток беше започнат од Павле.Црква која е оформена од човечки закони и заповеди.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Ниту кај пророците беше најдена вина па беа каменувани од Израилот. Христос беше обвинет од еврејските водачи затоа што не беше олицетворение на нивната мегаломанска верзија на "владеењето на Израел" за кое Бог спремаше Небесно, духовно, а тие сакаа (и сеуште сакаат) телесно, земско каде Евреите ќе владеат со светот. Тоа е и целта на ционистичкиот покрет, затоа и се форсира кабалата како сесветска религија. Крвта навистина падна на нив и на главите на нивните деца. Израилот како неплодна смоква беше исечен и запален а Црквата накалемена на Лозата Давидова - продолжеток на Старозаветната Црква! Христос навистина направи како што кажа на фарисеите, од камењата направи синови Авраамови!
Евреите да го најдоа виновен за верски прекршок - ќе го осудеа.
Имало низ историјата и други примери за некој кој тврдеше дека е месаја и некој кој пророкуваше уривање на храмот. Тие прекршоци према еврејските закони не носеа смртна казна туку во најлош случај камшикување.
Но Исус беше најден виновен према Римски закони за бунт против Рим а тој прекршок према римски закон е казнив со смрт и тоа со распнување.
Римската војска го зароби исус, Римски управител го судеше по римски закон, и го осуди на смрт со римска казна - распнување
Ништо еврејско немаше тука.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
А да не сте малку офтопик? Што мислите?
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
А да не сте малку офтопик? Што мислите?
Јасно е,но @Aleksandar Nevski дискусијата ја однесе во друг правец.Тука најде на оваа тема да докажува колку била исправна неговата црква.А темава нема никаква врска со тоа.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Клифот или Келипот (еврејски קליפות, различниот изговор се однесува на Херметичката и Еврејската Кабала, соодветно) буквално значи “Лушпи”, “Школки” или “Кори”, во еднина: קליפה, Клифа или Келипа, “Кора”). Како што видовме погоре од древната и подоцна Луријанската Кабалистичка космологија, Келипот се метафорички “школки” кои го обвиткуваат светото. Тие се духовни пречки кои го примаат своето постоење од Бог само на надворешен, наместо внатрешен начин. Школките ја сокриваат светоста, како што кората го сокрива овошјето внатре. Оттука тие се синоним за идолопоклонство, коренот на нечистотијата преку припишување лажен дуализам на Божеството и постојат од “Другата Страна”во свет спротивен на она што е свето. Како што видовме, тие се појавиле како дел од целта на Создавањето, заради што исто можеби имаат и корисни својства, како што кората го штити овошјето, спречувајќи растурање на Божествениот тек.
Кристијан Кнор фон Розенрот во неговата Kabbala Denudata (1684) (преведена како Разоткриена Кабала од страна на МекГрегор Метерс) овие сили ги изедначува со Кралевите од Едом, во едно езотеричното толкување од Постанок и Хроники за 8-те Кралеви на Едом кои владееле пред кој било Крал во Израел. Во последователната традиција, Клифот се толкувале како мистични светови и ентитети, соединети со идеи кои потекнуваат од демонологијата. Оваа тенденција за поистоветување на Клифот со бестелесни “демони” е суеверие кое требало одамна да се отфрли во депонијата за средновековно незнаење. Но, за жал тоа преживува до денес благодарение на вродениот страв од темнина, во комбинација со испревртени доктрини на примитивните теолози и спиритуалисти. Најдобриот начин е можеби да се сфатат како атавистички резидуи кои се надраснати и со право би требало да бидат отфрлени, иако не се, или пак задржале некаков сопствен живот. Со јазикот од Светите Книги на Телема, светот на Школките е едноставно профаниот свет на неиницираните, “будалестиот свет”, “светот на старата сива земја”.

20. Нека биде скоро, о Боже, мој Боже! Копнеам по Тебе, скитам осамен меѓу лудиот народ, во сивата земја на пустошот. – Liber VII, III:20

Целиот текст тука: Link
 
D

Daedalus

Гостин
@Aleksandar Nevski и @Let 3 ок е да се споредува кабалата со христијанство и слично, али глејте не бегајте од колосек со тоа што ќе се фокусирате само на христијанството и ќе заборавите кое е всушност името на темава.
Знам дека кабалата има поврзаности со Стар Завет, многу „христијани“ ја користеле и верувале во истата, а притоа можеби постојат и допирни точки помеѓу Новиот Завет и кабалата, имам читано различни толкувања и поврзаности иако не тврдам дека сум експерт околу проблематикиве.
Така да не пречат споредби и анализи, само не почнувајте да се сосредоточувате само на христијанството.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
@Aleksandar Nevski и @Let 3 ок е да се споредува кабалата со христијанство и слично, али глејте не бегајте од колосек со тоа што ќе се фокусирате само на христијанството и ќе заборавите кое е всушност името на темава.
ок за у будуќе ќе си пазам, јас цитирам предходен пост, така да ојдов офтопик по инерција.
 
Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
@Aleksandar Nevski и @Let 3 ок е да се споредува кабалата со христијанство и слично, али глејте не бегајте од колосек со тоа што ќе се фокусирате само на христијанството и ќе заборавите кое е всушност името на темава.
Знам дека кабалата има поврзаности со Стар Завет, многу „христијани“ ја користеле и верувале во истата, а притоа можеби постојат и допирни точки помеѓу Новиот Завет и кабалата, имам читано различни толкувања и поврзаности иако не тврдам дека сум експерт околу проблематикиве.
Така да не пречат споредби и анализи, само не почнувајте да се сосредоточувате само на христијанството.
Кабалата е извитоперување на Стар (по малку и Нов) Завет. Христијани кои практикувале Кабала немало и ќе нема. Оној што практикува Кабала е кабалист а како учење кое се коси во суштина со истото, Христијанството не дозволува компромис. Не постои христијанин да практикува кабала, тоа би бил кабалист а не христијанин. Гностицизмот е осуде од Црквата и гностиците може да се сметаат за зачетоци на учењето на кабалата која зема елементи од нивнотот учење ама нема сомнеж дека нивнотот учење не е христијансво од никого бидејќи нема допирни точки. То е то во врска со кабалата. Сакав да разјасниме некои ствари пошто многу спомнуваат христијанска кабала ама такво нешто не постои. Кабалата е чисто еврејско окултистичко учење.
 
https://www.youtube.com/watch?v=xbGqNPnNiTI Во светот се случува промена,а таа промена ја носи Кабалата.За овие 2000 години црквата не го даде одговорот на човештвото,и затоа се повеќе луѓето ќе се вртат кон вистината.Црквата цело време е затворен систем на верувања,на прописи,без детална елаборација на своите погледи.Но затоа Кабалата која е повеќе филозофски систем отколку религиски,користејќи ја Тората,Зохарот,ги решава проблемите на човештвото.А дали има окултизам,дали има паганство?Доколку тоа го нема во своите редови Црквата,тогаш слободно нека напаѓа.Но бидејќи таа е затруена со стари безвредни обичаи,кои и носат само економска придобивка,и плацебо ефект на верникот кој ги спроведува.Што се случува во 21 век,зошто интелектуалците не одат да ги спроведуваат громазните ритуали на црквата?Едноставно стануваат свесни дека ниту бадниковото гранче,ниту паричката,ниту накитената софра,ниту оганот ништо од тоа не допираат до човековата душа,или психа.Тоа е само површност,плиткост,традиција.Но затоа Кабалата има начин,како во човековата душа со постојан тренинг,постепен напредок да дојде до усовршување на човековата волја.Градење на човекот како личност.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Кои се придобивките на човештвото од кабалата?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Кои се придобивките на човештвото од кабалата?
Јас сум длабоко убеден дека многу правци на западната филозофија, своите корени ги имаат од мистичните учења меѓу кои е и кабалата.
 
Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Во светот се случува промена,а таа промена ја носи Кабалата.За овие 2000 години црквата не го даде одговорот на човештвото...
Тоа е твој личен став и треба да стои пред реченицата едно МОЈ СТАВ Е ДЕКА... и да продолжиш со цитатот пошто мене и многумина милионе и те како не иразува тој став на Црквата која е жив организам и секојдневно дава одговори на секакви филозофски, психички, психолошки, социопатолошки и незнам се какви не проблеми со кои се соочува човештвото. Не се изостава и онтолошкиот проблем кој Цркавата го смета за приоритетен бидејќи комплетно ја претставува и мисијата на истата која е СПАСЕНИЕТО НА ЧОВЕКОТ преку враќањето во првобитната состојба на заедничарење и тоа фејс ту фејс со Создателот- Троедичниот Бог, Отец Син и Свет Дух. Сето тоа неможе да се спореди со безличноста на кабалата касде се повикува секоја личност да си изнајде сопствен пат до некакво псевдоблаженство. Таа многуличност на патишта се заплеткуваат во милионите магиски методи каде човек не само си ја губи сопствената личност и се претопува во едно безлично НИШТАВИЛО (ајн соф) наспроти надградувањето на личноста преку самоознавање кое Православната Светоотечка Црква го нуди како терапија против разноразните човечки страсти кои го водат во состојба на болест, грешност, одвоеност од Бога. Затоа во најмала рака го сметам за погрешен, ако не и смешен твојот пост во врска со црквата која не ја познаваш, за разлика од кабалата која сум ја практикувал и познавам.
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom