КОМУНИЗАМ-промашена или совршена идеологија

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Абе не сме ние оптимисти, друже, ние сме реалисти во песимистичка сегашност. ;)
Bash taka:)

Ama ako poleka gledam po drugive temi, se poveke optimisti, pred se kaj pomladive generacii.

Poleka, poleka kje ne bide. Ako ne nie, togas verojatno nasite deca, a sigurno nasite vnuci kje im bidat smesni ovie grizi i problemi sto nie gi zeveeme vo nasevo bitisuvanje na planetava.

Ah taa EVa i zmijata, ni ebaa mamata:pos:
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Мислам дека конечно најдов тема на која можеме да не се сложиме.

Комунизмот е идеологија која претпоставува дека сите ќе вложат онолку колку што можат, за да го побараат (и добијат) она што им е потребно.

Комунизмот е општество ослободено од посредство на пари (монетарна економија - out!). Како што и теоријата на Маслов кажува, по основните потреби (храна, вода, засолниште, секс, припаѓање) доаѓаат повисоките потреби: почит (од и кон другите), самодоверба, па, дајбоже и самоостварување, моралност, прифаќање на светот каков што навистина е.

Комунизмот е општество во кое ќе живеат самоосвестени луѓе кои ги имаат надминато (задоволено) основните потреби (првите 3 нивоа). Тоа е токму местото каде капитализмот обожава да ја држи својата популација.

Кога комунизмот навистина ќе се случи (викам кога пошто е неизбежен, иако за нас, се чини, толку далечен) луѓето нема да се занимаваат со отварање бизниси заради пари туку ќе се зафаќаат со проекти за кои ќе добиваат признание, и со кои ќе придонесуваат за подобрување на благосостоојбата на човекот и целиот останат живот (и неживот) на планетава (а дајбоже и шире).

Конкурентноста не е апсолутно врзана за пари. Штотуку гледавме кошарка. Конкуренцијата тука беше поради признание. конкуренцијата беше поради почит, и поради очекување на место во алејата на бесмртните.

Тоа ќе бидат наградите кои ќе бидат замена за парите. Парите ионака не се мотиватор. Мотивираат глупостите за кои се залажуваме дека ќе ни направат кеиф кога ќе си ги купимесо парите, нели. ;)

Затоа, друже, јас сум убеден дека комунизмот е единствената можна иднина, иако, морам да признаам, светов околу мене очајнички се труди да ме убеди дека таа иднина никогаш нема да ја дочекам.
Оваа визија за комунизмот како што гледам ја темелиш врз надежта дека еден ден сите ќе размислуваат на овој начин, јас тоа воопшто не го гледам како реално сценарио.
Без разлика дали ќе постои монетарна политика или некоја нова, која ќе се базира на поинаков кредит или признание, луѓето секогаш ќе имаат различно ниво на квалитет. Секогаш ќе постои кај индивидуата потребата за правичност, а поради различноста во квалитетот и интелектот, таа причина за правичност, неминовно ќе продуцира незадоволство и конфликти.
Докажано е дека кога нешто е прогласено за државно, сите го сметаат за ничиво, и никој не се труди да го зачува, да инвестира или да го унапреди истото. Се додека во менталитетот на луѓето постои тоа, никогаш нема да успее систем базиран исклучиво на општа или државна сопственост.
Плус, било кој систем кој ги ограничува амбициите, кој го прескокнува поединецот и оди директно кон популацијата е однапред осуден на пропаст.
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.774
Поени од реакции
5.094
DBack те бива за менаџмент , таму мислам читав за Маслов и мотивацијата .. како не се парите мотивација , тие се спомнуваат како најголема мотивација,па после идеше унапредување и разни бенефиции .. Менаџментот треба да открие што цени вработениот - а тоа се парите , бар Врум тоа убаво го потенцира.:)
Тешко нешто да ги надмине парите како број 1 мотивација.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
DBack те бива за менаџмент , таму мислам читав за Маслов и мотивацијата .. како не се парите мотивација , тие се спомнуваат како најголема мотивација,па после идеше унапредување и разни бенефиции .. Менаџментот треба да открие што цени вработениот - а тоа се парите , бар Врум тоа убаво го потенцира.:)
Тешко нешто да ги надмине парите како број 1 мотивација.
Tesko od denesen aspekt, so denesni razmisluvanja, so denesen mentalitet.

No, kojznae....

Zakana za apokalipsa na zemjava od nekoj asteroid i soocuvanje so mozno izumiranje, moze i te kako da izvrsi tektonsko pomestuvanje vo mentalitetot na homosapiensot.

Vredi da se bide optimist, i da se nadevame deka kje go dostigneme toj najvisok stepen na razvoj na edno opshtestvo:)
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Оваа визија за комунизмот како што гледам ја темелиш врз надежта дека еден ден сите ќе размислуваат на овој начин, јас тоа воопшто не го гледам како реално сценарио.
Без разлика дали ќе постои монетарна политика или некоја нова, која ќе се базира на поинаков кредит или признание, луѓето секогаш ќе имаат различно ниво на квалитет. Секогаш ќе постои кај индивидуата потребата за правичност, а поради различноста во квалитетот и интелектот, таа причина за правичност, неминовно ќе продуцира незадоволство и конфликти.
Докажано е дека кога нешто е прогласено за државно, сите го сметаат за ничиво, и никој не се труди да го зачува, да инвестира или да го унапреди истото. Се додека во менталитетот на луѓето постои тоа, никогаш нема да успее систем базиран исклучиво на општа или државна сопственост.
Плус, било кој систем кој ги ограничува амбициите, кој го прескокнува поединецот и оди директно кон популацијата е однапред осуден на пропаст.
Секако, доколку во комунизмот ја сместуваш државата. Такво нешто тешко да има во комунизам. Комунизмот претпоставува анархија, отсуство на функции и официјални авторитети.

Менталитетот на луѓето, секако, ќе претрпи сериозни промени (за кои јас верувам дека со тековниот експоненцијален развој на технологиите пар генерации ќе бидат доволни) а прво нешто што ќе оди низ прозорец е религијата, тесно следена од парите, државата, а многу наскоро после тоа и пишаните закони.

Комунизмот, друже, е веќе тука - интернетот. Комунизам е торентот, download free mp3 и crack.exe. Истиот концепт на network nodes, од кои секоја е потенсијален центар на комуникации и конечна дестинација. Peer-to-peer концептот е конечната анархистича организација. Секој со секого со кој сака да биде поврзан, без формални врски, без условувања, без лажни ветувања. Секако, ова претпоставува и смрт на семејството, бракот ионака е одамна застарен, а да не претерам па плашам плахи воајери на темава, ќе престанам да пишувам за останатите очекувани смртни случаи од нашето секојдневие. ;)

Со развојот на (нано)технологијата и open-source софтверот (ова накај трансхуманизмот на Петар оди) не-така-далеку во иднината парите ќе изгубат смисол, луѓето ќе станат единствените семоќни богови на самите себе, а везе неам каде се тука журките, откачувањето и сексот, па да ме убиеш!
--- надополнето: Sep 16, 2011 8:14 PM ---
DBack те бива за менаџмент , таму мислам читав за Маслов и мотивацијата .. како не се парите мотивација , тие се спомнуваат како најголема мотивација,па после идеше унапредување и разни бенефиции .. Менаџментот треба да открие што цени вработениот - а тоа се парите , бар Врум тоа убаво го потенцира.:)
Тешко нешто да ги надмине парите како број 1 мотивација.
Многу неточно. Парите не се мотивациски фактор. Парите зе хигиенски фактор. Ова е, иначе, Херцберг. Маслов е за потребите на човекот.

Што значи тоа хигиенски фактор:

Ако немаш пари си демотивиран. Ако ги имаш - не те мотивираат!
Ова е многу интересно. И многу вистинито, веруј.

Најсилни мотиватори, според Херцберг, нели, се постигнувањето и добиеното признание. Или, во превод: тапшање по рамо.

Може звучи смешно во земја заглавена во транзиција веќе 20 години, ама сети се кога си дал гол као копиљ, па цело друштво ко ти урлало „Браво Царе“, а ти си викаш, „леле, леле, што напрајф!“

Ако стварно те интересира ова со мотивацијата - клик.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Секако, доколку во комунизмот ја сместуваш државата. Такво нешто тешко да има во комунизам. Комунизмот претпоставува анархија, отсуство на функции и официјални авторитети.

Менталитетот на луѓето, секако, ќе претрпи сериозни промени (за кои јас верувам дека со тековниот експоненцијален развој на технологиите пар генерации ќе бидат доволни) а прво нешто што ќе оди низ прозорец е религијата, тесно следена од парите, државата, а многу наскоро после тоа и пишаните закони.

Комунизмот, друже, е веќе тука - интернетот. Комунизам е торентот, download free mp3 и crack.exe. Истиот концепт на network nodes, од кои секоја е потенсијален центар на комуникации и конечна дестинација. Peer-to-peer концептот е конечната анархистича организација. Секој со секого со кој сака да биде поврзан, без формални врски, без условувања, без лажни ветувања. Секако, ова претпоставува и смрт на семејството, бракот ионака е одамна застарен, а да не претерам па плашам плахи воајери на темава, ќе престанам да пишувам за останатите очекувани смртни случаи од нашето секојдневие. ;)

Со развојот на (нано)технологијата и open-source софтверот (ова накај трансхуманизмот на Петар оди) не-така-далеку во иднината парите ќе изгубат смисол, луѓето ќе станат единствените семоќни богови на самите себе, а везе неам каде се тука журките, откачувањето и сексот, па да ме убиеш!
Е за тоа не би шпекулирал. :) Значи во кој правец ќе еволуираат луѓето и какви социолошки структури на уредување ќе произлезат од тој еволутивен процес не би навлегувал.

Јас зборувам од денешна перспектива, од овој моментален аспект. За тоа што ќе биде со луѓето во некоја далечна иднина не би коментирал.
Според мене е речиси невозможно во разумно блиска иднина да се очекува толку нагла промена во менталитетот на луѓето, до тој степен за да не им се потребни пари и сопственост.

Технологијата еволуира далеку побрзо од луѓето и нивниот менталитет, а тоа може да биде и пречка. Исто како и кога на дете ќе му дадеш да си игра со оган.
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.774
Поени од реакции
5.094
Фала за линкот ,сега баш читам не е објаснето баш во книгата што ја имам ..,за теоријата на Херцберг - се пишува за позитивни фактори како: самостојност на човекот при вршење на работата,љубов кон работата и професијата и потреба за самодокажување на работникот.
За парите пишува дека се дел од негативните фактори ако не ги обезбедува егзистенцијалните потреби и ако го нагризува човечкото достоинство ..,а може да биде еден од најуспешните фактори ако таа е висока и обезбедува пристоен стандард.

Општо се наведува дека успехот како мотивација се вреднува највисоко - покрај сатисфакција кај поединецот води кон успех и на институцијата.
Сепак тоа би било примарниот мотивациски фактор.:)
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
61
Поени од реакции
35
Две работи се сигурни за мене:
1. Комунизмот е МНОГУ похуман систем од капитализмот и т.н. демократија, и на хартија, а, ако ја земеме во предвид Југославија, и во реалност
и немојте да ми зборите за логори, Голи Оток итн., тоа се големи гревови и утки на комунизмот, но капитализмот ги има во многу погрозоморно изобилство: Гвантанамо, Абу Граиб, да не зборам за многу подземни демократски бункери на САД и комани во Ирак, Авганистан и којзнае уште каде
Или обратно: ако има нешто полошо од комунизмот, тоа е капитализмот
2. Комунизмот во Југославија беше многу подобар за нас Македонците отколку лицемерниот и ксенофобичен европеизам на Брисел:
не ни се оспоруваше името и идентитетот, и античка МАкедонија беше ЛЕГИТИМЕН ДЕЛ од нашата историја! Видете ги енциклопедиите на Југославија и ќе се уверите дека е така.
можевме да патуваме каде сакаме, имавме повисок стандард и никој не работеше на уништување на македонската држава во името на демократијата и стабилноста на регионот, никој не не „урамуваше„ во рамки
А што се однесува до долговите, се испостави дека долговите на Југославија се детска играчка во споредба со долговите на многу поразвиени држави што се тупаат во гради со демократија и се горди што бомбардираат кај ќе им прдне. Така да никој нека не збори дека во ЈУ сме живееле под кредит
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Комунизмот бил застапен во далечното минато, кога луѓето се занимавале со лов и попатно собирање на плодови. Како номади тие го имале како имот само она што можат да го понесат. Во одлучувањето учествувале сите од племето (единката не може сама да опстои затоа што ловот е заедничка дејност, но и никој не се издвојувал од другите по ништо) и тоа е вистинска демократија. Тие имале и помалку деца (не можеле со многу деца да се справат стално во движење), но имале и подолг животен век (воделе здрав начин на живот - постојано во движење и здрава храна). Кога некои од нив почнале да ја обработуваат земјата (што нужно бара стационирање на едно место) почнало акумулирањето на храна (и богатства) на едно место, а тоа било можно затоа што не требало да се носат со себе сите тие работи - затоа што никаде и не се одело. Е, таа акумулација на храна и др. богатства требало да биде заштитена во куќи и амбари (од животни и инсекти), но и со ѕидини (од луѓето). Поради обилието на храна (помалку здрава) и помалото движење животот бил пократок, но - затоа пак, семејствата биле повеќедетни... Е, така почнал капитализмот (па и цивилизацијата - развиток на градовите, државите)...
Заклучок : - Сељаците се криви за се!
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.081
Поени од реакции
12.630
Комунизмот, самиот по себе, според Карл Маркс, е анархистички систем, а по автоматизам и атеистички, бидејќи според Маркс, се ќе биде во рацете на пролетаријатот, нема да има друга власт на Земјата, а тука спаѓа и Божјата власт.

Ова е теоријата за комунизмот за сите антикомунисти и скептици кон комунизмот, дека комунизмот претставува еден вид болест, зло кое се заканува да завладее со светот, зло кое не признава ничија друга власт освен својата, па дури ни Божјата власт не ја признава.

Но важно е да се расчистат некои работи.

Социјализмот, кој владееше во поранешниот Советски Сојуз и Југославија, е преодна фаза кон комунизмот.

Првиот вистински комунистички систем кој некогаш бил воспоставен, а истовремено бил демократски и секуларен, но не и атеистички, е Париската Комуна која траела од 18 март 1871 до 28 мај 1871.

Оваа град-држава, наречена Париска Комуна, во период од нешто повеќе од 2 месеца, вовела социјалистички реформи кои се можеби најголемите остварувања на човештвото во битката за воведување на комунизам.

Голем дел од овие реформи не се непознати за нас бидејќи биле воведени и во поранешниот Советски Сојуз и во Југославија, како што се:

- воведување на секуларна држава, но не и отворено негирање на црквата, на религијата, постоењето на Бог и Божјата власт, што е примерот и со денешните демократии, меѓу кои спаѓа и Македонија;

- укинување на ноќните смени во стотиците пекари низ Париз, нешто вакво барем засега можеме само да го сонуваме во Македонија;

- одлагање на плаќањата на комерцијалните долгови, но уште поважно, укинувањето на каматите на долговите, нешто вакво е повеќе од неприфатливо за денешните банкари и лихвари, за нив кој и да се осмели на ваков потег, мора да биде запален на клада;

- воведување на правото работниците да ја превземат сопственоста врз фирмите во кои работат доколку сопственикот не се појави за да превземе одговорност околу одредени неправилности и незадоволства меѓу работниците, но дури и ако се случи работниците да ја превземат сопственоста врз фирмата, сепак сопственикот има право на соодветна компензација за изгубеното, ова последново со исплаќање компензација на сопственикот го немаше во поранешниот Советски Сојуз и во Југославија.

Грешките на социјалистичките диктатури во поранешниот Советски Сојуз и во Југославија е токму фактот дека во тие држави владееја социјалистички диктатури, а не социјалистички демократии.

Никаде не е пишано дека демократското општество мора да биде повеќепартиско, демократијата е изводлива и во еднопартиско општество, или уште подобро и во непартиско општество, како што го има замислено Маркс комунистичкото општество.

Уставите на државите во кои пишува дека државата која не е повеќепартиска истовремено не е и демократска, постојат исклучиво за да ги штитат интересите на политичките партии, а не и интересите на демократијата.

Всушност, токму поради повеќепартиското општествено уредување, загарантирано од самиот Устав на Република Македонија, денес во Република Македонија има толку многу партии кои што воопшто не и се познати на јавноста, поради што граѓаните на изборите најчесто гласаат за две од повеќето понудени опции на избирачките ливчиња, намерно не ги спомнувам за да не им правам бесплатен маркетинг.

Истовремено, Уставот на Република Македонија не предвидува никакви казни за политичките партии кои на било каков начин му имаат нанесено штета на уставниот поредок во Република Македонија, ниту пак предвидува било какви казни за членовите на истите тие политички партии кои ја имаат нанесено истата таа штета.

Од тука следува заклучокот дека уставите на државите најчесто, ако не и секогаш, ги штитат политичките партии, а од тука следува и заклучокот дека демократското општество може, но дефинитивно, не мора да биде повеќепартиско.

Од една страна, можеме да кажеме дека убаво живеевме за време на социјалистичките диктатури во поранешниот Советски Сојуз и во Југославија, бидејќи имаше работа, редовни плати, редовни пензии, редовна социјална помош и бесплатно здравство за секого.

Но кои луѓе раководеа со државата ?
Кои луѓе раководеа со фабриките ?
Кои луѓе раководеа со економијата ?

Очигледно погрешни луѓе ги држеа раководните места во државата, фабриките и економијата, бидејќи истите тие луѓе бркаа квантитет, а не квалитет.

Пример за тоа е фабриката за автомобили Застава во Крагујевац.
Еден американски автомобилистички експерт и историчар, кој во 1970-те и 1980-те години во повеќе наврати ја посетил Застава, не му го помнам името, во 2009 или 2010 во едно интервју спомна дека Застава имала огромен потенцијал и капацитет за да произведува најисправни и најквалитетни автомобили не само на Балканот, туку и во цела југоисточна Европа, кои дури и би можеле да им конкурираат на американските и западноевропските производители на автомобили, но сето ова за жал, завршило неуспешно бидејќи погрешни луѓе раководеле со фабриката.

Човекот во интервјуто вели дека во Застава работеле млади кадри, некои само со основно, некои со средно, а некои и со високо образование, но сите со одлични идеи за модернизација на фабриката, на производствените погони и на возилата, но не го исполнувале главниот услов за да им се даде дозвола да вршат промени во Застава - не биле членови на КПЈ и немале пријатели, роднини или било какви врски во КПЈ, поради што никогаш не напредувале во Застава и никогаш не дочекале да ги испробаат своите идеи во пракса!

Поради тоа, 101-от и Југото никогаш не претрпеа некои посериозни измени од гледна точка на квалитет, исто како и самата Застава.

Кристално иста беше ситуацијата во сите фабрики во Југославија, во економијата, како и во општественото уредување, функционери можеа да бидат исклучиво тие кои или се членови на КПЈ, или имаат пријатели, роднини или било какви врски во КПЈ и токму поради тоа, Југославија стигна до тоа дереџе до кое стигна, поради што на крајот заврши така како што заврши.

Но да се вратиме на Маркс.
Маркс вели дека кога едно општество ќе стане комунистичко, Комунистичката Партија ја губи својата функција и својата позиција во општеството, бидејќи сета власт ќе биде во рацете на пролетаријатот, по што следува укинување на Комунистичката Партија.

Од тука, ако го земеме во предвид фактот дека во поранешниот Советски Сојуз и во Југославија, а и денес во денешна Кина, Северна Кореја, Виетнам, Куба, како и други држави во кои социјалистичката диктатура до денешен ден е на власт, Комунистичката партија не беше укината, односно до денешен ден не е укината, следува заклучокот дека овие држави се далеку од комунистички, тоа се држави во кои до денешен ден владее социјалистичката диктатура, а не социјалистичката демократија, а повеќе од очигледен е фактот дека истата таа социјалистичка диктатура не планира да тежнее кон воведување на комунистичко општествено уредување.

Единствено за Куба, во документарните филмови, кубанскиот народ говори добро за браќата Фидел и Раул Кастро, но колку е демократско кубанското социјалистичко општество, ќе дознаеме дури откако овие браќа ќе се откажат од секаква власт во Куба, или по нивната смрт.

Баш денес прочитав на Интернет изданието на Би-Би-Си за Латинска Америка, вест во која пишуваше дека околу 30 дисиденти биле уапсени во Куба поради обид за организирање на штрајк со глад, наводно бил приведен, а потоа ослободен Гиљермо Фаринас, кого многумина го нарекуваат "кубанскиот Лех Валенса".

Нема да ме изненади доколку и на браќата Кастро во Куба им се случи истото што им се случи на Бен Али во Тунис, на Хосни Мубарак во Египет, како и на Моамер Гадафи во Либија, но доколку кубанскиот народ навистина е на страната на своите лидери, браќата Кастро, тогаш кубанскиот народ ќе излезе во нивна одбрана, а тоа ќе биде еден од најдемократските настани во поновата историја на Куба.

Мојот заклучок е следниот:
За да комунизмот успее како општествено уредување во една држава, без разлика дали ќе биде воведен по пат на државен удар или војна, или по пат на фер и демократски избори, комунистичкото општествено уредување мора да биде демократско и некорумпирано, за да ја ужива довербата на народот, бидејќи без довербата на народот, било кое општествено уредување е осудено на распаѓање, порано или подоцна.
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
79
Поени од реакции
33
Може ли да добијам некој електронски формат,некој линк од блок,или пак треба во библиотека да прашам за подетално да ги прочитам за марксизам,социјализам,комунизам и другите..да не биде само површински но и не книга од 300 страни ??фала однапред се надевам дека некој ќе може да ми пушти некој материјал
 
Член од
16 септември 2014
Мислења
329
Поени од реакции
764
Комунизмот бил застапен во далечното минато, кога луѓето се занимавале со лов и попатно собирање на плодови. Како номади тие го имале како имот само она што можат да го понесат. Во одлучувањето учествувале сите од племето (единката не може сама да опстои затоа што ловот е заедничка дејност, но и никој не се издвојувал од другите по ништо) и тоа е вистинска демократија. Тие имале и помалку деца (не можеле со многу деца да се справат стално во движење), но имале и подолг животен век (воделе здрав начин на живот - постојано во движење и здрава храна). Кога некои од нив почнале да ја обработуваат земјата (што нужно бара стационирање на едно место) почнало акумулирањето на храна (и богатства) на едно место, а тоа било можно затоа што не требало да се носат со себе сите тие работи - затоа што никаде и не се одело. Е, таа акумулација на храна и др. богатства требало да биде заштитена во куќи и амбари (од животни и инсекти), но и со ѕидини (од луѓето). Поради обилието на храна (помалку здрава) и помалото движење животот бил пократок, но - затоа пак, семејствата биле повеќедетни... Е, така почнал капитализмот (па и цивилизацијата - развиток на градовите, државите)...
Заклучок : - Сељаците се криви за се!
Аман што збориш ?
Животниот век на човект се продолжува минатиот век, само последниве 40 години се дуплира човештвото од некој си 3,000,000,000 на 7,000,000,000 во 1900 се1,650,000,000 во 1800 се 978,000,000.
животниот век во неолитот бил 20 години
во бронзено време околу 25/26
Римскиот период 753BC до 510 год ПЕ животниот век бил 28 години.
Рани 1900 максимум 40.
За каков подолг живот зборуваш жити се ?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Аман што збориш ?
Животниот век на човект се продолжува минатиот век, само последниве 40 години се дуплира човештвото од некој си 3,000,000,000 на 7,000,000,000 во 1900 се1,650,000,000 во 1800 се 978,000,000.
животниот век во неолитот бил 20 години
во бронзено време околу 25/26
Римскиот период 753BC до 510 год ПЕ животниот век бил 28 години.
Рани 1900 максимум 40.
За каков подолг живот зборуваш жити се ?
Да точно е така иако малкумина знаат, животниот век на кромањонецот (спрема наодите и биостатистички обработки на скелетни останки во клисурата на Ѓердап) беше над 70 години. Нешто како денес, тоа се должеше со начинот на живот, имено тие се хранеа со лов и собирање на плодови, живееа во фамилијарни групи, цел ден беа во движење. Драстичен пад на животниот век на само 20 години имаме веќе во следниот културен слој - неолит, кога луѓето почнуваат да обработуваат земјиште, и живеат во населби. Се смена начинот на животот, престанаа движења во потрага по храна, луѓето почнаа да живеат во населби каде фекалните отпадоци беа одма до живеалиштата, секоја болест прераснуваше во епидемија и се смена и изборот на храна.
 
Марк Сисон имаше некоја расправа околу тоа,мислам 2007 .Кромањонецот /стариот човек во просек живеел 30 години под тие “идеални“ услови не дека немало единки кој што живееле и до 70 години како што во денешно време или пред 50 години што има единки што поминуваат95/100 , едноставно во тоа доба поголемиот дел од популацијата преку сила дотерувал до 30, иначе нема некоја фиксна бројка до колку живееле денес полни 30 години и еден ден и пуф паѓа мртов, се е до условите географијата , организмот на самата единка па и заедницата во која што живееле.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom