Или со зборовите на Џорџ Орвел:
„Можеше, без сомнение, да се замисли општество во кое богатството, во смисла на лична своина и луксуз, би било рамноправно распределено, додека власта би останала во рацете на една мала привилегирана елита. Но во праксата таквото општество не би можело да остане стабилно долго време. Зашто, ако слободното време и сигурноста беа уживани од сите подеднакво, голема маса човечки суштества кои обично заглупуваат од сиромаштија, ќе се описменеа и ќе научеа сами да мислат, и кога еднаш ќе го стореа тоа, порано или подоцна тие ќе сватеа дека привилегираното малцинство нема никаква функција и ќе го отстранеа. Долгорочно гледано, хиерархиското општество беше можно само врз база на сиромаштијата и незнаењето.“
Не би рекол дека е баш така...
Денес (втората половина на 20 век и првата деценија на 21-иот) барем, секој може да се образува, да се описмени ако ништо повеќе. И што стана? Имаме многу учени луѓе, но исто така имаме и многу неписмени или полуписмени. Значи, никој намерно им забранува на луѓето да учат и да напредуваат. Тоа што некои не учат е поради лични или колективни сваќања, традиција и сл. И покрај тоа, не мислам дека неписмените се глупави. Дури, меѓу нив има многу што по интелект се многу повисоко пставени од многумина доктори на науки. Сум сретнал полуписмени овчари кои што навистина се со бистар ум и висока интелегенција, а од друга страна сум сретнал интелектуалци што дома не знаат да си појдат. И уште нешто : - каков е тој израз “независен интелектуалец“? Па нормално дека секој интелектуалец е независен! Ако интелектуалецот своето мислење го врзува со мислењето на некој друг, или со ставот на партијата или еснафското мислење (владеечката научна премиса за одредена проблематика), тогаш тој
не е интелектуалец. Дури и во доменот на неговата дејност со која што се занимава (пр. : историчар), ако владеечкиот став е на пример дека “Словените дошле од зад Карпатите“ тој е
должен да го преиспита тој став и да даде
свое мислење, во спротивно, тој не е интелектуалец туку опортунистички медиокритет кој што папагалски го повторува она што е курентно и профитабилно во моментот...
Хиерархиското општество е погрешно да се мисли дека е можно само со сиромашни и глупави поданици. Пример е Македонија. Кај нас има многу учени луѓе, а не водат, во овие 70 години, полуписмени насилници кои не се владетели поради својот интелект, туку поради својата безобзирност, грабежлив инстикт, бескрупулозност, суровост кон потчинетите и “лигавење“ кон надредените. Значи, не е точно дека народот кога еднаш ќе се описмени ќе ги изгони владетелите и хиерархискиот систем ќе се распадне.
Проблемот со нас (така е скоро и во сите други “демократски“ земји) е во тоа што никој што владее со земјата (или со одреден ресор) не е стручно способен (и интелектуално надмоќен) да ја води таа работа. Ако е така со се, зошто не сакаат владетелите да ги вози со службеното возило некој што нема возачка, но е партиски заслужен и е способен агроном на пример? Или зошто не одат да ги оперира од слепо црево некој електроинжињер, кој е исто така партиски човек?
И да резимирам. Низ цел свет борбата за власт е да се обезбеди
лична материјална корист и привилегиран статус, а не за да функционира државниот механизам.
За да функционира (или да се доведе во ред) една држава како што треба, мора да се воведе строга лична одговорност! Ете затоа диктаторските режими се поефикасни од демократските (барем додека не му го дотераат умот на народот). Тито, Хитлер и Сталин не се убијци. Никој од нив лично не убил (и којзнае дали и би можел да убие) ниеден човек, дури ни животно (тоа што Хитлер наводно се самоубил не се смета). Им кај нас недостасува еден диктатор кој ќе ја среди државата, а после едно 20 години може да си играме демократија... Хитлер ја дигнал Германија од прашина и на работливиот и
одговорен менталитет кој тој им го всадил во нивните глави и ден-денес Германците ги уживаат благодетите на една организирана држава (дури и оние народи кои Хитлер сакал да ги уништи, а сега соработуваат со Германија или одат таму на печалба). Сталин од аграрна земја (земји - СССР) Советскиот Сојуз го направил Светска Сила, Космичка сила и т.н., а сега Путин и оној неписмен бивш ситен криминалец Абрамович да ги уживаат благодетите и да се богатат. И ако “отсранил“ некој од оние кои сакале да му застанат на патот кон таа цел - дали е тој убиец, или само ефикасен државник? Кој знае?
Тито го направил истото со СФРЈ. Вака или така (и тој отстранил многумина кои што биле закана за неговата замисла) од една горе-долу заостаната земја создаде држава која беше за респект и која мораше да се распадне (да ја распаднат) бидејќи беше закана за економијата на ЕУ.
Хиерарсхиското општество е сосема можно (и пожелно) во земја на учени луѓе (инаку Шведска, Данска, Финска и т.н. немаше да постојат досега), но во земји во кои секој ќе биде на местото кое стручно, интелектуално и заслужено му припаѓа...
--- надополнето: Aug 12, 2011 4:05 PM ---
Комунизам е илузија и чиста утопија. И самите комунисти го сметаат за такво. Така да може да се зборува само за социјализам. Социјализмот е колективистичка идеологија во која државата е на прво место. Нема индивидуални слободи и можност за индивидулаен напредок. А тоа значи и лично подобрување на животниот стандард. Социјалистичките земји продадна (и уште пропаѓаат.) Бидејќи се презадолжија и неводеа сметка за иднината само се грижеа колку толку сега да им е подобро. ЕУ и САД се најдобар пример за тоа.
Напротив. Идивидуалните слободи и можностите за индивидуален напредок во социјализмот беа на повисоко ниво од оние на запад. Само што не можеше да се збогати човек толку многу како оние на запад. А и не можеше на вработените во својата фабрика да им дава по 5-6 000 ден. плата за да може тој да си купи јахта... И не беа социјалистичките држави презадолжени како што се на пример денес капиталистичките (покапиталистички - здравје!) САД, Грција, Шпанија и т.н. Една Југославија имаше долг од 20-тина милијарди долари, што е ништо на пример со една Хрватска (1/6 од некогашната ЈУ) која денес има повеќе од 40 милијарди евра (!) долг.
Како тоа социјализмот ја кочел можноста за индивидуален напредок и среќа?! Па во тоа време имаше студенти кои (бесплатно) студираа и по 15-20 години! Кој тоа денес ти го дозволува.За бесплатните семинари, предавања (патот, дневниците и сместувањето ги плаќаше фирмата во која работи оној кој се “образува“), докторати, стручни оспособувања во странство (платено беше се), специјализации за лекарите кои беа платени во целост, заедно со целосната плата која ја земаа лекарите идни специјалисти иако не одеа на работа, дури добиваа и надоместок за одвоен живот од своето семејство, многу ефтини стручни книги, вечерни универзитети за стручно усовршување и т.н и т.н.... И ти ми велиш дека во социјализмот немало можност за личен напредок ... И “лична среќа“... Што подразбираш под тоа “лична среќа“? Јас те убедувам (затоа што 30 години живеев во тоа време) дека тогаш народот беше далеку посреќен отколку сега.