КОМУНИЗАМ-промашена или совршена идеологија

Nemorosus

Маршал Изет Фазлиновић
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.598
Поени од реакции
627
Јас сум пишувал многу пати на ова, али зашо фонтов скапан ми е грд па и вољата ми оди. Иначе, гледам си пуцате статистики, видеа, тнтере, мнтере али има една работа... Првин темава е во погрешна категорија „Историја“. Треба да е во „Не-толку-блиска Иднина“ - знаат зошто тие што знаат што е комунизам, а тие што незнаат нека прочепкаат низ форумов имав напишано негде noob-friendly статија. Социјализмот колку и да е „лош“ колку и да е „беден“ тоа е единствениот начин да ги урамни луѓето да можат да живеат нормално, т.е. работникот да дојде целосно на власт. Е сега социјализмот се вели како изопачен капитализам, што има некоја вистина во тоа, но неможе да се каже дека има капитализам во него. Иначе има и многу т.н. патриоти што мислат дека се анти-комунисти, се повеќе патриоти или нешто. Јас ќе ви кажам уште сега, најголемиот патриот е комунист! А и нашите пра-дедовци не се бореле за ништо, тие биле комунисти. Не биле патриоти? Да после и патриотизмот ќе се изгуби, но искрено нема ни да ни треба кога целата планета нема да има држави, туку ќе има само луѓе во неа како што и требало да биде.
 
S

StormRage

Гостин
Прво.Ако сакаш и ти можеш да бидеш масон само треба да имаш доволно кеш за да платиш некој таму да ти ангажира средба.
Второ.Масоните се многу моќни луѓе може да се каже дека во некои земја и тие диригираат што да се случи и што не.И како што кажав не се сите евреи скеој може да биде и не се 90% евреи туку помалку многу помалку но колку и да се моќни не се доволно за предизвик на светска војна можеби така некој немири и слично ама светска војна не.
Трето.Светска војна може само да предизвика немање доволно вода за пиење,немање нафта,ако гробот на Александар Македонски се најде во Македонија,ако некој си игра со нуклеарки и слично.
Не прам муабет за масоните иако и овие би дошле ко масони... Билдерберг го вртат светот, познати како влада во сенка...
со муабетов фативме офтопик домаќински...
--- надополнето: Aug 12, 2011 11:58 AM ---
Мислев на реномиран странски медиум. Стварно незнам од каде ја откопаа нашиве медиуми оваа информација, веројатно биле присутни со известувач таму.:)
Инаку и вториов извор ти е добар.:) Анти-еврејски сајт. Еве кои биле присутни на последниот состанок. http://www.bilderbergmeetings.org/governance.html Ги има секакви. Незнам кој одредил дека евреите се главни таму.:cautious:
во право си за антиеврејскиот сајт :D намерно го зедов пошо ја има вистината поќе... мислам колку шо сум читал за билдерберг...
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Комунизам е илузија и чиста утопија. И самите комунисти го сметаат за такво. Така да може да се зборува само за социјализам. Социјализмот е колективистичка идеологија во која државата е на прво место. Нема индивидуални слободи и можност за индивидулаен напредок. А тоа значи и лично подобрување на животниот стандард. Социјалистичките земји продадна (и уште пропаѓаат.) Бидејќи се презадолжија и неводеа сметка за иднината само се грижеа колку толку сега да им е подобро. ЕУ и САД се најдобар пример за тоа.
 
Член од
20 јуни 2011
Мислења
119
Поени од реакции
28

Значи се било илузија сакаш да кажиш?Дека немало никогаш комунизам?Дека црвената петокрака чеканот и српот биле само илузионистички симболи?Дека ни Маркс не си го разбрирал творештвото?
Зошто така испадна муабетов.
Да расјасниме веќе еднаш и за не правиме повеќе за ова муабет.Комунизмот постоеше и уште постои но сега веќе и не можеме да збпруваме за комунизам во сегашно време.Самите комунисти не го сметале за таков!Социјализмот бил измислен само како трансформациски систем и ништо повеќе.Требало капитализмот да го претври во комунизам и во тоа целосно не успеал затоа што не е се так како што си испланирал Маркс.Се мешале тука лични потреби на функционери со некои други елементи што некои си проучувачи на општеството си ги додавале во комунизмот во различни држави.
Кажав дека има алтернатива СОцијализам,Комунизам=социалдемократија,либерална демократија,дури и либерализам,демократски социјализам...овие и многу повеќе идеологии го задржале најголемиот дел од комунизмот
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Мислев на комунизам како општествено уредување, не на комунистичка партија, симболи итн. Според Марксисичката идеологија комунизам е крајната цел во основа утопија никоја држава не постигнала комунизам. Туку има само социјализам нели затоа беше СФРЈ , социјалистичка а не комунистичка. Како и да е социјализам го кочи индивидуалниот развој на човекот и можоста сам да си ја гради својата иднина и среќа.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Или со зборовите на Џорџ Орвел:

„Можеше, без сомнение, да се замисли општество во кое богатството, во смисла на лична своина и луксуз, би било рамноправно распределено, додека власта би останала во рацете на една мала привилегирана елита. Но во праксата таквото општество не би можело да остане стабилно долго време. Зашто, ако слободното време и сигурноста беа уживани од сите подеднакво, голема маса човечки суштества кои обично заглупуваат од сиромаштија, ќе се описменеа и ќе научеа сами да мислат, и кога еднаш ќе го стореа тоа, порано или подоцна тие ќе сватеа дека привилегираното малцинство нема никаква функција и ќе го отстранеа. Долгорочно гледано, хиерархиското општество беше можно само врз база на сиромаштијата и незнаењето.“
Не би рекол дека е баш така...
Денес (втората половина на 20 век и првата деценија на 21-иот) барем, секој може да се образува, да се описмени ако ништо повеќе. И што стана? Имаме многу учени луѓе, но исто така имаме и многу неписмени или полуписмени. Значи, никој намерно им забранува на луѓето да учат и да напредуваат. Тоа што некои не учат е поради лични или колективни сваќања, традиција и сл. И покрај тоа, не мислам дека неписмените се глупави. Дури, меѓу нив има многу што по интелект се многу повисоко пставени од многумина доктори на науки. Сум сретнал полуписмени овчари кои што навистина се со бистар ум и висока интелегенција, а од друга страна сум сретнал интелектуалци што дома не знаат да си појдат. И уште нешто : - каков е тој израз “независен интелектуалец“? Па нормално дека секој интелектуалец е независен! Ако интелектуалецот своето мислење го врзува со мислењето на некој друг, или со ставот на партијата или еснафското мислење (владеечката научна премиса за одредена проблематика), тогаш тој не е интелектуалец. Дури и во доменот на неговата дејност со која што се занимава (пр. : историчар), ако владеечкиот став е на пример дека “Словените дошле од зад Карпатите“ тој е должен да го преиспита тој став и да даде свое мислење, во спротивно, тој не е интелектуалец туку опортунистички медиокритет кој што папагалски го повторува она што е курентно и профитабилно во моментот...
Хиерархиското општество е погрешно да се мисли дека е можно само со сиромашни и глупави поданици. Пример е Македонија. Кај нас има многу учени луѓе, а не водат, во овие 70 години, полуписмени насилници кои не се владетели поради својот интелект, туку поради својата безобзирност, грабежлив инстикт, бескрупулозност, суровост кон потчинетите и “лигавење“ кон надредените. Значи, не е точно дека народот кога еднаш ќе се описмени ќе ги изгони владетелите и хиерархискиот систем ќе се распадне.
Проблемот со нас (така е скоро и во сите други “демократски“ земји) е во тоа што никој што владее со земјата (или со одреден ресор) не е стручно способен (и интелектуално надмоќен) да ја води таа работа. Ако е така со се, зошто не сакаат владетелите да ги вози со службеното возило некој што нема возачка, но е партиски заслужен и е способен агроном на пример? Или зошто не одат да ги оперира од слепо црево некој електроинжињер, кој е исто така партиски човек?
И да резимирам. Низ цел свет борбата за власт е да се обезбеди лична материјална корист и привилегиран статус, а не за да функционира државниот механизам.
За да функционира (или да се доведе во ред) една држава како што треба, мора да се воведе строга лична одговорност! Ете затоа диктаторските режими се поефикасни од демократските (барем додека не му го дотераат умот на народот). Тито, Хитлер и Сталин не се убијци. Никој од нив лично не убил (и којзнае дали и би можел да убие) ниеден човек, дури ни животно (тоа што Хитлер наводно се самоубил не се смета). Им кај нас недостасува еден диктатор кој ќе ја среди државата, а после едно 20 години може да си играме демократија... Хитлер ја дигнал Германија од прашина и на работливиот и одговорен менталитет кој тој им го всадил во нивните глави и ден-денес Германците ги уживаат благодетите на една организирана држава (дури и оние народи кои Хитлер сакал да ги уништи, а сега соработуваат со Германија или одат таму на печалба). Сталин од аграрна земја (земји - СССР) Советскиот Сојуз го направил Светска Сила, Космичка сила и т.н., а сега Путин и оној неписмен бивш ситен криминалец Абрамович да ги уживаат благодетите и да се богатат. И ако “отсранил“ некој од оние кои сакале да му застанат на патот кон таа цел - дали е тој убиец, или само ефикасен државник? Кој знае?
Тито го направил истото со СФРЈ. Вака или така (и тој отстранил многумина кои што биле закана за неговата замисла) од една горе-долу заостаната земја создаде држава која беше за респект и која мораше да се распадне (да ја распаднат) бидејќи беше закана за економијата на ЕУ.
Хиерарсхиското општество е сосема можно (и пожелно) во земја на учени луѓе (инаку Шведска, Данска, Финска и т.н. немаше да постојат досега), но во земји во кои секој ќе биде на местото кое стручно, интелектуално и заслужено му припаѓа...
--- надополнето: Aug 12, 2011 4:05 PM ---
Комунизам е илузија и чиста утопија. И самите комунисти го сметаат за такво. Така да може да се зборува само за социјализам. Социјализмот е колективистичка идеологија во која државата е на прво место. Нема индивидуални слободи и можност за индивидулаен напредок. А тоа значи и лично подобрување на животниот стандард. Социјалистичките земји продадна (и уште пропаѓаат.) Бидејќи се презадолжија и неводеа сметка за иднината само се грижеа колку толку сега да им е подобро. ЕУ и САД се најдобар пример за тоа.
Напротив. Идивидуалните слободи и можностите за индивидуален напредок во социјализмот беа на повисоко ниво од оние на запад. Само што не можеше да се збогати човек толку многу како оние на запад. А и не можеше на вработените во својата фабрика да им дава по 5-6 000 ден. плата за да може тој да си купи јахта... И не беа социјалистичките држави презадолжени како што се на пример денес капиталистичките (покапиталистички - здравје!) САД, Грција, Шпанија и т.н. Една Југославија имаше долг од 20-тина милијарди долари, што е ништо на пример со една Хрватска (1/6 од некогашната ЈУ) која денес има повеќе од 40 милијарди евра (!) долг.
Како тоа социјализмот ја кочел можноста за индивидуален напредок и среќа?! Па во тоа време имаше студенти кои (бесплатно) студираа и по 15-20 години! Кој тоа денес ти го дозволува.За бесплатните семинари, предавања (патот, дневниците и сместувањето ги плаќаше фирмата во која работи оној кој се “образува“), докторати, стручни оспособувања во странство (платено беше се), специјализации за лекарите кои беа платени во целост, заедно со целосната плата која ја земаа лекарите идни специјалисти иако не одеа на работа, дури добиваа и надоместок за одвоен живот од своето семејство, многу ефтини стручни книги, вечерни универзитети за стручно усовршување и т.н и т.н.... И ти ми велиш дека во социјализмот немало можност за личен напредок ... И “лична среќа“... Што подразбираш под тоа “лична среќа“? Јас те убедувам (затоа што 30 години живеев во тоа време) дека тогаш народот беше далеку посреќен отколку сега.
 
Член од
20 јуни 2011
Мислења
119
Поени од реакции
28
Мислев на комунизам како општествено уредување, не на комунистичка партија, симболи итн. Според Марксисичката идеологија комунизам е крајната цел во основа утопија никоја држава не постигнала комунизам. Туку има само социјализам нели затоа беше СФРЈ , социјалистичка а не комунистичка. Како и да е социјализам го кочи индивидуалниот развој на човекот и можоста сам да си ја гради својата иднина и среќа.
Тоа е цената што ја плаќале определени луѓе,немаат индивидуален развој.Ама затоа постоеле правила на кои сите им одговарале и имало мир никој никоог не етикетирал за разлика од сека кобајаги демократијава наша.
Иначе едниственото социјалистично што го имало во целава приказна било само името :D иначе се друго било комунистично(добро како што кажав "комунистички коктел" секој си правел верзија Сталин Ленин Тито и компанија владетели,ама овај на Титовиов признавале или не најпоќе наликувал на Марксистичкото сфаќање за комунизмот како идеологија.
Некој таму рече дека на оваа тема местото не и било во ИСТОРИЈА.Комунизмот таков каков што беше е мртов а историја се пишува за поинатите работи
 
Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.130
Поени од реакции
795
Хиерархиското општество е погрешно да се мисли дека е можно само со сиромашни и глупави поданици. Пример е Македонија. Кај нас има многу учени луѓе, а не водат, во овие 70 години, полуписмени насилници кои не се владетели поради својот интелект, туку поради својата безобзирност, грабежлив инстикт, бескрупулозност, суровост кон потчинетите и “лигавење“ кон надредените. Значи, не е точно дека народот кога еднаш ќе се описмени ќе ги изгони владетелите и хиерархискиот систем ќе се распадне.
Проблемот со нас (така е скоро и во сите други “демократски“ земји) е во тоа што никој што владее со земјата (или со одреден ресор) не е стручно способен (и интелектуално надмоќен) да ја води таа работа. Ако е така со се, зошто не сакаат владетелите да ги вози со службеното возило некој што нема возачка, но е партиски заслужен и е способен агроном на пример? Или зошто не одат да ги оперира од слепо црево некој електроинжињер, кој е исто така партиски човек?
Е ајде сега ти одговори ми... Зошто не владеат неспособни луѓе? Како сме си го дозволиле тоа?
Кога ќе си одговориш... ќе дојдеш до заклучокот дека Орвел и те како е во право.
Ние се уште сме неописменети и сиромашни луѓе - во секоја смисла на зборот.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Напротив. Идивидуалните слободи и можностите за индивидуален напредок во социјализмот беа на повисоко ниво од оние на запад. Само што не можеше да се збогати човек толку многу како оние на запад. А и не можеше на вработените во својата фабрика да им дава по 5-6 000 ден. плата за да може тој да си купи јахта... И не беа социјалистичките држави презадолжени како што се на пример денес капиталистичките (покапиталистички - здравје!) САД, Грција, Шпанија и т.н. Една Југославија имаше долг од 20-тина милијарди долари, што е ништо на пример со една Хрватска (1/6 од некогашната ЈУ) која денес има повеќе од 40 милијарди евра (!) долг.
Како тоа социјализмот ја кочел можноста за индивидуален напредок и среќа?! Па во тоа време имаше студенти кои (бесплатно) студираа и по 15-20 години! Кој тоа денес ти го дозволува.За бесплатните семинари, предавања (патот, дневниците и сместувањето ги плаќаше фирмата во која работи оној кој се “образува“), докторати, стручни оспособувања во странство (платено беше се), специјализации за лекарите кои беа платени во целост, заедно со целосната плата која ја земаа лекарите идни специјалисти иако не одеа на работа, дури добиваа и надоместок за одвоен живот од своето семејство, многу ефтини стручни книги, вечерни универзитети за стручно усовршување и т.н и т.н.... И ти ми велиш дека во социјализмот немало можност за личен напредок ... И “лична среќа“... Што подразбираш под тоа “лична среќа“? Јас те убедувам (затоа што 30 години живеев во тоа време) дека тогаш народот беше далеку посреќен отколку сега.
СФРЈ во 80тите имаше лош раст инфлација и големи долгови. Тоталитаризмот на Тито на сметка на слободата и правата на граѓаните беше одговорен за економскиот раст за време на неговото владение. Тоталитаризам е ужасна работа. И јас сум бил жив во времето на Тито и добро знам како беше. Со неговата слика на чело на секоја канцеларија и училница. Титољубните песни кој се пеа. Проблемот е што ако си сакал повеќе од тоа што ти го сервирал државата си настрадувал.Државата те кочеше на секој чекор. Пари колку што ти е плата без шанси за свој бизнис и инвестирање. СФРЈ беше рај но, само за медикритески и полуспособни паразити кој неможеа да се грижат сами за себе.
 
Член од
20 јуни 2011
Мислења
119
Поени од реакции
28
Е ајде сега ти одговори ми... Зошто не владеат неспособни луѓе? Како сме си го дозволиле тоа?
Кога ќе си одговориш... ќе дојдеш до заклучокот дека Орвел и те како е во право.
Ние се уште сме неописменети и сиромашни луѓе - во секоја смисла на зборот.
Балкански менталитет-И на тоа влиае,на владете минати и сегашни.Негледаш ХАГ се полни со затвореници(виновни или невиновки) од поранешна Југославија.Денешниве политичари "деморкати" негледаш што прават се натпреваруваат кој ќе има поголема јахта кој ќе има поголемо земјиште стратнство кој ќе има повеќе станови САД и слично...страшно
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Е ајде сега ти одговори ми... Зошто не владеат неспособни луѓе? Како сме си го дозволиле тоа?
Кога ќе си одговориш... ќе дојдеш до заклучокот дека Орвел и те како е во право.
Ние се уште сме неописменети и сиромашни луѓе - во секоја смисла на зборот.
Сеуште со светот владеат агресивните и неписмените, но бескрупулозни никаквеци од позиција на сила и пари. И ти сигурно дозволуваш некоја будала во 2 сатот по полноќ со мотор да ти туражира под прозорец... Зошто не одиш да го замолиш да не го прави тоа? Затоа што за него културен пристап не постои и ќе ти ја “фукни“ една додека се свестиш ( а можеби и неговите другари се тука...) - ете така, тој владее со тебе и твојот мир од позиција на сила и додека вака стојат работите (неефикасни државни органи, кои исто така не сакаат да си имаат расправија со таквите, иако им е тоа работа) така ќе биде и понатаму. Истиот принцип важи и за владеењето со државите, само што за нив не постојат државни органи (полиција и судови) односно, тие органи немаат ингеренција врз нив...
Орвел не е во многу работи во право, посебно поради тоа што работите ги гледа од аспект на Западниот Евро-Американски светоглед каде се што е поинакво од Евро-Американскиот начин на живот е зло и погрешно па мора да се уништи или да се претвори во пародија на Америчкиот начин на живот...
--- надополнето: Aug 12, 2011 11:20 PM ---
СФРЈ во 80тите имаше лош раст инфлација и големи долгови. Тоталитаризмот на Тито на сметка на слободата и правата на граѓаните беше одговорен за економскиот раст за време на неговото владение. Тоталитаризам е ужасна работа. И јас сум бил жив во времето на Тито и добро знам како беше. Со неговата слика на чело на секоја канцеларија и училница. Титољубните песни кој се пеа. Проблемот е што ако си сакал повеќе од тоа што ти го сервирал државата си настрадувал.Државата те кочеше на секој чекор. Пари колку што ти е плата без шанси за свој бизнис и инвестирање. СФРЈ беше рај но, само за медикритески и полуспособни паразити кој неможеа да се грижат сами за себе.
Тито беше на секоја слика но и превземаше одговорност за секој успех или неуспех на ЈУ политиката или економијата. Успехот на државата беше и негов успех, неуспехот на државата беше и негов неуспех. Кој денес така отворено превзел одговорност? Ако некој ја закашка работата - едноставно само ќе го преместат во друг ресор, или некое директорско место во Јавно претпријатие.
Точно, полно беше медиокритети, но оние што сакаа да напредуваат никој не ги спречуваше - напротив и ги стимулираше, а и медиокритетите си дочекуваа пензија во мир и спокој без секојдневна борба... Еве сега не е социјализам : -ајде надарените нека дојдат до израз! Сега дипломираните се вработуваат кај некој полуписмен газда кој ги плаќа мизерно, а за напредување во кариерата може само да сонуваат.
А богати луѓе имаше и во таа Југославија, но тогаш имаше и комисија за испитување на потеклото на имовината. Сега, кој ги испитува сегашниве газди (освен Рамковски) од каде им е баснословното богатство, а пријавуваат минимални приходи? Па врз база на истата работа го уапсиле и Ал Капоне, а на нашиве кокошкари (тоа се нашиве лопови во споредба со таквите гангстери) не можат до ак да им дојдат?! Немој ти се молам... Тогаш немало можност за бизнис, а сега има?! Оди пробај (ама сега - не во матните години пред 15-20 години), започни бизнис, ќе те видам до каде ќе фтасаш. И ова бизнис е што го практикуваат нашиве “бизнисмени“? Да, да... тоталитаризмот е ужасна работа... Најмногу затоа што во тоталитаризмот државните органи функционираат и арамиите и предавниците завршуваат онаму каде што и им е местото...
 
Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.130
Поени од реакции
795
Сеуште со светот владеат агресивните и неписмените, но бескрупулозни никаквеци од позиција на сила и пари. И ти сигурно дозволуваш некоја будала во 2 сатот по полноќ со мотор да ти туражира под прозорец... Зошто не одиш да го замолиш да не го прави тоа? Затоа што за него културен пристап не постои и ќе ти ја “фукни“ една додека се свестиш ( а можеби и неговите другари се тука...) - ете така, тој владее со тебе и твојот мир од позиција на сила и додека вака стојат работите (неефикасни државни органи, кои исто така не сакаат да си имаат расправија со таквите, иако им е тоа работа) така ќе биде и понатаму. Истиот принцип важи и за владеењето со државите, само што за нив не постојат државни органи (полиција и судови) односно, тие органи немаат ингеренција врз нив...
Орвел не е во многу работи во право, посебно поради тоа што работите ги гледа од аспект на Западниот Евро-Американски светоглед каде се што е поинакво од Евро-Американскиот начин на живот е зло и погрешно па мора да се уништи или да се претвори во пародија на Америчкиот начин на живот...
Во право си.
Додека на будалата со моторот не почне секој човек да му излегува и да му наредува да го допре моторот, тој никогаш нема да прекине со употребата на сила. Еден човек ќе го папа. Ама ако му се наврти цело маало тогаш балансот на силите е малку поинаков.
Затоа Орвел вели „неописменети и сиромашни луѓе“. Тука тој не мисли директно на неедуцирани или економски сиромашни личности. Туку неописменети и сиромашни и во културата, манирите, воспитувањето.Како што и самиот претходно кажа материјалната положба нема врска со интелектот.
Додека народот не стане свесен дека всушност тој ја има власта, и дека како социјален агрегат може да дејствува работите да се променат, работите никогаш нема да се променат. И малцинството кое овде се нарекува Власт секогаш ќе си владее комотно, раскошно и расипнички.
Повторно Орвел бил тој што многу убаво кажал - Додека не се свеснат нема никогаш да се побнат, а се додека не се побунат никогаш нема да се свеснат.
Денеска живееме токму во овој круг на зборови. Сите декларативно ја разбираме демократијата, слободата на изразувањето и нашите права... а никој не презема ништо за тие работи да ги оствари. Комунизмот се базираше на заедница, капитализмот и модерната демократија на индивидуализмот... можеби и тука лежи проблемот. Денеска како индивидуи остваруваме далеку помали права отколку што би ги оствариле како групи, како јавност. Погледни само колку демонстрации секојдневно има во САД, во Британија, во Грција, во Италија, во Австралија. Не зборувам за масовни демонстрации од неколку илјадници, туку за мали протести од 20-50 луѓе кои ја стискаат локалната власт за некој локален проблем.
Точно е дека Орвел во многу работи можеби греши, но тоа сигурно не е затоа што застанува на страната на Западниот свет во периодот на Втората светска војна. Ако гледаме од денешна перспектива безмалку целиот свет (или целиот цивилизиран свет) прејде на страната на Западот, а во тоа сигурно дека свој удел имаат и капиталните дела напишани од Орвел.
А за тоа од кој светоглед ги гледаш работите - е па од некој мораш. На пример ти ни ги прикажуваш работите од светогледот на социјализмот и бивша Југославија кога се живеело подобро затоа што си живеел тука. Неможеш да бидеш објективен по раѓање. Кога го прашале Иво Андриќ како може еден олку голем писател да се роди во Травник, тој кратко одговорил: Па човек мора некаде да се роди!
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Не се живееше подобро во ЈУ туку сега се живее полошо :). Во Југославија се живееше добро отприлика 10-тина години (од 1970 до 1980 г.) и тогаш се правеа куќи, се купуваа коли, се шеташе во странство и т.н. а по степенот на развиеност и слобода им беше “зад петици“ на поразвиените Европски земји. А по слобода, пааа, гледам колку се слободни во Европа кога навечер не си безбеден да излезеш од дома и целиот твој живот се одвива : - на работа-дома, на работа-дома...
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Комунизам е политичка теорија чии приврзаници се залагаат за воспоставување на бекласна и бездржавна заедница на изобилството при што сметаат дека единствениот начин за создавање услови за премин кон една таква заедница е воведувањето на еднопартиска диктатура со тоталитарни карактеристики на чело со комунистичката партија. Обично комунизмот се дефинира само преку стремежот за остварување на бескласно општество во кое распределбата ќе се врши според принципот „секој според способностите, секому според потребите“, но бидејќи и други левичарски теории тежнеат кон истата цел (во прв реданархистите), нужно е при дефинирањето на комунизмот да се вклучи и начинот преку кој комунистите намераваат да го изградат бекласното општество, односно, и убедувањето дека патот до бескласното општество води преку т.н. „диктатура на пролетаријатот“, која во стварноста беше диктатура над пролетаријатот и над останатите класи во општеството.

Kajgana Shop

На врв Bottom