THE_CHOSEN_ONE
1903-2012
- Член од
- 13 август 2007
- Мислења
- 3.724
- Поени од реакции
- 1.333
Владата вчера одлучи да го намали данокот на додадена вредност за изградба на станови од 18 на 5 отсто, со што се очекува дека ќе се намали и цената на новите станови
Со оваа мера ќе се стимулира изградбата на станови, ќе заживее градежништвото и ќе им се помогне на граѓаните да го решат станбеното прашање, соопшти на прес-конференција премиерот Никола Груевски, придружуван од целиот владин тим. Одлуката на Владата идната недела ќе се најде во Собранието. Пониската даночна стапка, освен за новите градби, ќе важи и за оние станови што се веќе изградени, а нивната продажба ќе се случи по донесување на законските измени.
- Мерата ќе има неколку позитивни ефекти. Во услови на криза ќе ја стимулира изградбата на станови од страна на градежните компании, со што ќе се помогне да дојде до заживување на градежништвото, но и на другите дваесетина стопански гранки поврзани со станбената изградба, како што се занаетчиството, индустријата, производството на мебел и други гранки - рече Груевски.
Меѓу позитивните ефекти, кои се очекуваат од оваа одлука, е и заживувањето на пазарот на недвижности во Македонија, кој, како што рече Груевски, е еден од двигателите на економскиот развој во секоја земја. Од Владата сметаат дека, и покрај намалување на данокот, приходите во буџетот по ова основа ќе имаат позитивен ефект, заради зголемениот промет на станови со пониски цени.
- Даночните приходи по основа на ДДВ од градежништвото се помеѓу 10-11 милиони евра - истакна министерот за финансии Зоран Ставрески. Градежните компании со воодушевување ја примија веста за намалување на ДДВ. Сега становите сигурно ќе поевтинат, беше нивниот првичен коментар. Од градежната фирма „Бортас“ велат дека ваквата мера, меѓу другото, ќе придонесе за зголемување на продажбата.
- Луѓето досега послабо купуваа станови. Тука свое влијание секако имаше и кризата, но најмногу влијаеја ригорозните услови на банките, кои тешко даваа кредити. Сега очекуваме работите да се подобрат - ни изјавија од „Бортас“. Дека цената на становите сигурно ќе падне сметаат и од „Бис-градба“, и тоа најмалку за 10 отсто. Во „Дујор-пром“, која се занимава со покривни конструкции, нагласуваат дека оваа владина мерка ќе значи инјекција за поттикнување на градежништвото и економијата.
- Сигурно ќе се намалат цените. Луѓето досега беа изгорени како од кризата така и од градежната мафија. Намалената даночна стапка сега ќе придонесе за зголемена продажба - велат од компанијата.
Намалувањето на данокот на додадена вредност кај продажбата на становите беше долгогодишно барање и на стопанските комори на Македонија.
Автор: Александар С. Димковски