итаљанциве растур прават
Денеска во Италија на виделина излезе можен скандал од огромни размери. Имено, во рутински полициски претрес, кај еден од челните луѓе на екипата на Венеција се пронајдени 250 милиони евра во кеш. По спроведената истрага, полицијата изразила сомневање дека парите се заработени од спортско обложување и веднаш стартуваа серија испрашувања во екипата на Венеција. Тренерот Андреа Манзо како и 6 други играчи од клубот се испрашани во текот на денешниот ден. Постои сомневање дека и екипата на Џенова е вмешана во целата ситуација, но сега засега не се откриваат никакви официјални информации. Челниците на Венеција веднаш излегоа со соопштение во јавноста во кое изнесоа демант за било каква поврзаност на клубот со криминални активности. Истрагата е во тек, вечерва или утре се очекуваат првите официјални информации.