Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.624
- Поени од реакции
- 59.476
Кико, Интер беше обвинет само од медиумите од Торино и Милано кои знаеш и сам за кого работат. Тоа беше лов на вештерки, си створија тензија и тоа е се. И оваа година после секое мало одлепување се пишуваше за афери во соблекувалната, за тоа со кој се дружел Манчини, за мечот со Сиена (тоа беше класичен пример инаку, се покажа како чиста дезинформација на весникот на Берлускони) и да не бројам...Разговорот пак се тера на почеток! За Јуве се докажа само за 2 сезони, и за тоа плукајте колку што сакате..За сомнежите, колку што имаш ти право да се сомневаш во легалноста на титулите на Јуве, толку и јас имам право да се сомневам во легалноста на титулите на Интер, зошто и Интер беше обвинуван лани за местење, а јас повеќе му верувам на факти, а не на навивачи кои за својот неуспех постојано им е виновен некој друг (независно дали се на Интер, Јуве или Милан)..Јас за неуспехот на мојот тим не барам виновник во некој друг дека местел туку ја барам во својот тим..За неуспехот на Јуве, е виновен самиот Јуве..Не му е виновен Интер, ниту пак Милан.. За да обвинам за местење ми треба доказ..
А те убедувам, дека утре ако освои Титула Јувентус, дека таа ќе биде чиста како солза, впрочем како и останатите 27, па колку и да било да ти се сомнителни тебе, докази ти требаат, исто како што мене ми требаат докази за да обвинам дека лани местеше Интер..
п.с. Оваа работа е дебатирана милион пати, и милион пати сум го напишал мислењето околу оваа работа..Начнувањето на овој разговор е само повторување...
Сомнежот врз Јувентус не беше од навивачите на Интер, туку сите во Италијанскиот фудбал знаеја што се случува. Дека судии се возат на луксузни јахти, повремено се заклучуваат во соблекувални, дека постои шема на ти го дај ми го... Немаше медиумски кампањи, едноставно публиката почна да си заминува од стадионите. Затоа викаме дека во времето на Моџи се случуваа работи подолго време, Интер беше оштетен многу порано, не во тие две години само.
Инаку глупаво е да се каже дека сите 27 титули на Јувентус биле нечесно освоени, еве останува на тие 2, но последниве 10-тина години многу работи си имаа “блескави моменти“ и во освојувањето на други титули. Иако пак ќе речам, имаа и многу силен тим и не им требаше никаква судиска помош.