Не е чудно, прво никој не крева узбуна во прво време, авионот почна чудно да се понаша од ко замина од една контрола и требаше да се пријави во друга, тој предел е густ со авио сообраќај дали некој приметил дека фали авион ? не, зато што нема одреден службеник кој води одреден авион туку како ќе му дојде на ред како е слободен на неговиот екран да го следи, може тој или некој од десетици колеги на смената, пилотот самиот не пријавил никаков проблем па да се концентрираат на него, не летал ниту преблиску до некој друг лет па да го контактираат, беше една од многуте точки на екран кои се движат налево надесно се доближуваат или одалечуваат. Радарот си има одреден домет, 50, 100, 200 километри. Авионот го снема во најнезгоден миг при преминување од една конрола во друга, не пријавил никаква вонредна ситуација, свртил и заминал во друг правец без драматизирање. Мобилни телефони не работаат на висини на кои лета авионот (мислам над 3000 метри нема мрежа) башка ако се упатил во пусти делови на океанот каде не е ни покриено со мобилна телефонија. Сигнали од моторите си останаа следни 4-5 часа, но тие не кажуваат положба (координати) Алармирано е но мислам по 2 часа од кога го снема, сепак е процедура, прво некој да примети дека го нема , па да се обиде да контактира со него па да се распраша дали воопшто летнал дали се вратил на аеродром ради проблеми, па дали некој од соседни контриоли или авиони го приметил или има контакт па да му се јави на шефовите кои ќе дадат одлука за аларм. Дур и да се најде сега црната кутија, можно е ништо да не се дознае оти таа има капацитет на снимање на последните 2 сати, па после се пребришува и почнува наново да снима.
Едно е сигурно, по овој настан сигурно ќе се ввоведат други дополнителни мерки за локација на авион, можеби некој сателитски навигациски уред кој не ќе биде ни приступачен за посадата ни ќе може да се исклучи - ќе работи постојано додека лета авион, црните кутии ќе се опремат со подолг капацитет на снимање, ќе се вовеат нови процедури за контрола на лет.... треба да се случат вакви работи за да се увидат недостатоците.