Исчезнати лица

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Го чувам ова уште од неделата, за жал бев баниран малце и како што гледам во темава, поарно што бев.

Да кажам уште една информација која многу малку се експлоатира во јавност и мислам дека е важна за цела оваа ситуација.

Имено никој не збори за тоа во каков однос биле Палевски и дедото на убиеното девојче Ванчо-Вања Лазаров. Вања Лазаров е висок функционер на СДСМ(иначе во 2002 е прв човек на царина одма после доаѓањето на СДСМ на власт) во исто време кога и Палевски (90-тите години). Тоа значи дека многу добро се познавале и најверојатно имале одлични односи. Во периодот 2002-2006 година Љупчо Палевски добива 1М евра оштета од државата затоа што претходната власт му го урнала поткровјето на зградата во Дебар Маало, каде што тој бил претприемач. Немојте да ме земате за збор за ова, ама можеби во истата таа зграда живеело девојчето (ова треба да се провери). После 2006 владата на Грујо му го зема тоа милионче на Палевски. Највеорјатно во некои матни зделки и си имале некакви замерки.

Околу тоа што се десило, јас мислам дека е многу чиста ситуацијата кој е убиецот и нема што да се дискутира тука, прашањето е дали се мотивите само тие што се прикажуваат. Јас мислам дека има нешто малце повеќе.

1. Убиениот Велешанец е сеуште мистерија. Според мене има неколку верзии. Ги редам според мене од најголема веројатност кон најмала.
- Можно е да бил соучесник, пошто реално бил во истиот круг на луѓе. Во одредениот момент се предомислил пошто разумот проработел кај него и Палевски ладнокрвно го ликвидирал.
- Ако е вистина тоа околу ископување на златото, тогаш може да бил жртва заради мапите. А златото во меѓувреме да го ископал Палевски и да си го обезбедил бегството, додека црепоиве околу него се надевале дека ќе кренат револуција со парите.
- Да бил жртва за 500 евра лихва. Ова ми има многу малку веројатност, пошто они тука ги играле „големите пари“.
- Да бил случајна жртва, за да му го земат возилото. Ова ми е глупа варијанта пошто поголем ризик си носат, одколку бенефит.

2. Таткото на девојчето. Дефинитивно не е салам човек. Да дадеш лајк кога те приведуваат како еден од осомничените за завера на убиство на сопствената ќерка е ненормално. Па така многу е тешко да се прочита дали бил во играта или е само искоритен како куртон.
- Да бил дел од заверата. Најверојатно е уценет со нешто, што не може да го каже на суд и полиција, пошто покрај затворот што му следи, ќе го јаде и тоа.
- Да бил само обичен деген што тек така ги дал податоците.

3. Типот што го приведоа од Родина, чие било Кангото (возилото што го возел Палевски). Дефинитивно нешто смрди тука, тука имало некаква си координација на (суб)партиско ниво меѓу Десна, Родина и Бачевци (велешанецот Жежовски е од Бачевци, некои викаат се трансферирал у Десна), што после одредено време почнала да се растура дружбата.

4. Паника. Ова не е убиство од паника, пошто девојчето е убиено во 10 часот, а мајката објавува статус на ФБ во 12 часот. Нема како да знаеле дека полицијата е известена.

5. Мотив. Мотивот е многу нејасен. Јас мислам дека е ова лична вендета на Палевски, кои ги организирал малоумниве против Масоните и почнале со фамилијата на Ванчо Лазаров (најверојатно или е влав или овие мислеле дека е влав) кој на некој начин бил дел од таа стара структура на власт (кои спроед дегениве мора да се власи или да имаат скриено влашко потекло). Барем приказната на Палевски кон учесниците била таква, да ги вратат украдените пари од транзицијата на народот. На крајот ќе испадне дека за Палевски ова било лична одмазда према Ванчо, ако е така, тогаш ова е најбаналната причина за убиство на дете која сум ја видел.

6. Од претходното мислам дека заверата е поголема од она што го гледаме. Мислам дека повеќе маргинални организации и партии се вклучени во ова. Иако сум бил експлицитно против бипартискиот систем во Македонија и сум го сметал за туѓ, од мене МВР и системот ќе добијат полна поддршка да му стават крај на ова зло. Пошто ова зло што не снајде е поголемо од СДСМ и ДПМНЕ заедно и треба да се уништи целосно во корен. Треба детална истрага да се утврди кој све знаел за ова, кои биле следните жртви на споисок и колку требало да оди во длабочина. Да посегнеш по животот на едно дете, заради неговиот дедо е ултимативно зло, не е тоа градење Македонштина.

Ова што се случи е можеби најстрашната работа што се случила во историјата на Македонската независност, која не може да се мери ниту со Смилковци. Терорирстите кои ги убија децата на Смилковци биле отруени со идеологија, имало масакри и убиства од страст. Но ова убиство е чиста злоба, во своја најчиста форма. Нема убиство од паника тука. Можеби да, дебилите се испаничиле, но тоа што го направил Палевски е чисто зло, кај него немало паника. После тоа само го организирал своето бегство, ладнокрвно, без никаква тронка на каење и избегал. Снимал видеа буквално како да не се десило ништо. Нема ниту еден знак на човек што го мачи убиство на дете. Знаел што ќе се деси, знаел дека ќе ги фатат, знаел дека ќе го кажат дебилите. Едноставно без да покаже никаква грижа на совест, го убил детето при здрав разум, знаејќи дека тоа што го прави е ултимативно зло. Значи не од ниски животински страсти, не заради идеологија, не заради религија, туку при здрава свест и чист разум ја убил. Ова е нешто настрашносто што се случило во Македонија. Чисто изворно зло. Ако злосторниците во Смилковци биле заведени од ѓаволот, ова е лично ѓаволот. Видете ги подкастите на Палевски на 28 и 29... еден микрометар не му е мрдната совеста.

Исто сакам да му се извинам на @Zlatikevichius и на сите на кои им објаснував (напнував), тотално непотребно иако бев во право, само сакав да не се крева паника дека се работи за индивидуален случај. Но иако се работи за индивидуален случај, веќе не сум на мислење дека Македонија е безбедна земја ниту за децата, ниту воопшто, после ова изворно зло што ни се случи, дефинитивно злото е одомаќинето во Македонија.

А што се однесува до патриотите, сум кажал и пак ќе кажам. Таквите збирштини на луѓе не се никакви патриоти, тие се поопасни за Македонија одколку СДСМ и ДПМНЕ, па и ДУИ. Тие се збирштина на малоумници на кои одредени ликови им продаваат приказни од теории на заговор, за Масоните, за Власите и разно-разни други глупости. Овие се тие кои ја умртвуваа секоја здрава мисла во Македонија, дека секој обид за патриотизам беше инфициран од вакви сомнителни збирштини. Не викам дека внатре нема искрени патриоти, но и тие се веќе инфицирани. Овие имаат поголем кабает за менување на името, отколку сдсм и дпмне. Овие беа тие што донесоа секој кој е против промена на името, ради нивните глупости да се огради и да си тера магарето. Тие се главниот извор на апатија. Овие треба од корен да се уништат. Овие се исис во Македонските редови. Ги повикувам сите Македонски патриоти кои се околи вакви групи, кои шират небулози и теории на заговор, под итно да се оградат од нив. Македонштината не се гради со теории на заговор, не ни се криви масоните, илуминатите, ционистите и лизардите. Чим дошло време кога тој монструм, користејќи ги тие теории на заговор, ги натерал луѓево да учествуваат во едно грозоморно дело и ултимативно зло за своја лична одмазда, ќе треба да се преиспита дали имаат здрав разум тие што ги оформуваат и што се членови на овие збирштини.

Дополнително, човекот од Велес што исчезна пред некој ден и што го најдоа во провалија со колата после неколку дена, има шпекулација дека бил член на Десна.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.386
Посетете ја темава при следната битна информација, кога ветуваме дека ќе биде отворена. @Zlatikevichius, те молам веднаш отвори ја штом има некој нов доказ, пресврт или битна информација за дискутирање (па макар било и утре). До тогаш, да не храниме теоретичарите со филмски сценарија кои се најчесто базирани на креативност, а не конкретни информации.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.797
Поени од реакции
33.617
Нова информација: Јавното обвинителство на Баликесир определило 40 дена екстрадициски притвор за Љупчо Палевски.


Темата е повторно отклучена. Ве молам не почнувајте повторно со вашите теории.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.145
Поени од реакции
16.658
Прочитав дека и пронајденото оружје односно двата пиштоли се вештачат. Знае некој отприлика кога ќе се знае во јавност за наодите од обдукцијата, со оглед дека пред скоро недела дена е завршена и направено е вештачење на оружјето.

Сторителите се уапсени, не знам како би наштетило на истрагата ако објават некои детали од обдукцијата, не мора се детално да објават ама некоја насока.
Се плашам да не се заташка и овој случај како и сите претходни досега.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Прочитав дека и пронајденото оружје односно двата пиштоли се вештачат. Знае некој отприлика кога ќе се знае во јавност за наодите од обдукцијата, со оглед дека пред скоро недела дена е завршена и направено е вештачење на оружјето.

Сторителите се уапсени, не знам како би наштетило на истрагата ако објават некои детали од обдукцијата, не мора се детално да објават ама некоја насока.
Се плашам да не се заташка и овој случај како и сите претходни досега.
На пример може да наштети ако заверата е поголема од овие 5ца. Да сакаат да заташкаат ќе кажат неточни информации или слично. Ќутење не значи по автоматизам заташкување.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.145
Поени од реакции
16.658
На пример може да наштети ако заверата е поголема од овие 3јца. Да сакаат да заташкаат ќе кажат неточни информации или слично. Ќутење не значи по автоматизам заташкување.
Па искрено не знам како би наштетило ако кажат во кој временски интервал се убиени, или ако го поврзат пронајденото оружје со уапсените.
Да немаа никаква трага досега ќе разберев ама вака ...
Ама добро ајде, не сум ни јас некој експерт по криминологија, затоа и прашав.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
3.695
Поени од реакции
5.738
Па искрено не знам како би наштетило ако кажат во кој временски интервал се убиени, или ако го поврзат пронајденото оружје со уапсените.
Да немаа никаква трага досега ќе разберев ама вака ...
Ама добро ајде, не сум ни јас некој експерт по криминологија, затоа и прашав.
Abe so sekoja objava mozhi da se sklopi i prikazna! Zatoa Trpenie spasenie!
I da se nadevame deka so temava ne e zafaten i nekoj od "Elitava" inace presuda otprilika vo 2999345 godina
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.161
Поени од реакции
25.661
На пример може да наштети ако заверата е поголема од овие 5ца. Да сакаат да заташкаат ќе кажат неточни информации или слично. Ќутење не значи по автоматизам заташкување.
Веќе прашањето дали е стандардна процедура да се проверуваат манастири не го сфаќам толку наивно.
 
Член од
28 март 2023
Мислења
640
Поени од реакции
1.004
Прочитав дека и пронајденото оружје односно двата пиштоли се вештачат. Знае некој отприлика кога ќе се знае во јавност за наодите од обдукцијата, со оглед дека пред скоро недела дена е завршена и направено е вештачење на оружјето.

Сторителите се уапсени, не знам како би наштетило на истрагата ако објават некои детали од обдукцијата, не мора се детално да објават ама некоја насока.
Се плашам да не се заташка и овој случај како и сите претходни досега.
А што ти менува тебе или било кому да ги знае резултатите од обдукција? Не е тоа информација од јавен карактер, туку работа на обвинителство.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.145
Поени од реакции
16.658
А што ти менува тебе или било кому да ги знае резултатите од обдукција? Не е тоа информација од јавен карактер, туку работа на обвинителство.
Читај убо, насока некоја да објават, не мора детали, ниту сакам ниту ме интересира да знам како е убиена.
На пример во кој временски интервал настанала смртта, тоа ќе одговори многу прашања.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.295
Добро… зошто мораме да го гледаме волов, што си користи трагедија за лајкови и views!?
Па овој ти е рекла-казала кооперациски муабети цел живот, освен кога за дпСмне не одработува нешто!
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.315
Поени од реакции
4.702
Нова информација: Јавното обвинителство на Баликесир определило 40 дена екстрадициски притвор за Љупчо Палевски.


Темата е повторно отклучена. Ве молам не почнувајте повторно со вашите теории.
Многу штура информација од „телма“, ништо не вели дека таа пресуда може да се обжали, и од 40 дена да стане година.
...
И после ширел народот „лажни вести“, тој само ги дополнува фалинките во информациите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom