Исчезнати лица

Член од
3 октомври 2018
Мислења
36
Поени од реакции
38
А глеаш, веќе во темава ја распнавме. Ставија слики од фејсбук. Можно е и некој трет да ја мести со отисоци и други докази.
Малку ми е симптоматично што јас разбрав дека дечково работел во фирма од Италија, ама не градежна, како што збори мајкава. И воопшто, таква фирма како што таа опишува, воопшто нема во државава, барем по мое сознание.
Друже, не сакам да судам или слично, ама по коментарите на профилот на мајката на Пино, како од неа така и од останатите - сум згрозен. Пази на иронијава: Бараат СМРТ за Ангела и за Ф.А, а истовремено се згрозени од чин-убиство, небаре со СМРТ ќе се задоволи правдата? Не, нема. Со тој чин ќе постанат ИСТИ како и убијците/убиецот.
Имаше случај во Америка, дечко доставувач на пици, вечерно време оди на нарачка во куќа да достави пица. Го начекуваат, ограбуваат и со нож до смрт го прободуваат. После извезно време се фаќа убиецот и соучесниците, одат на суд и таткото на убиениов младич се договара со Обвинителството да не му пресудат смртна казна. На денот на пресудата, завршните зборови на таткото кон убиецот на својот син беа во конотација на "Ти простувам и не гледам со гнев кон тебе. Сигурно си бил во недостаток на љубов и внимание па тоа со тек на време резултирало да сториш убиство".
На крај татково го гушна убиецов, и убиецот не можеше да верува и почна да плаче и се каеше.
Ова е класичен пример како треба да постапуваме.
А не како појше од пола од затупенава и исфрустрирана нација која е преполна со гнев и нагон за насилство.
Сум за затворски казни но не и за смрт за убијците/убиецот, зашто на тој начин ќе постанеме ист/и како нив/него.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.911
Поени од реакции
10.542

грешиш
смртната казна треба да е пример за другите, да знаат што може да ги снајде ако направат вакво нешто

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
3 октомври 2018
Мислења
36
Поени од реакции
38
грешиш
смртната казна треба да е пример за другите, да знаат што може да ги снајде ако направат вакво нешто

Sent from my iPhone using Tapatalk
Затоа се' повеќе и повеќе има убиства.
 
Член од
3 октомври 2018
Мислења
36
Поени од реакции
38
уживај дека со солзи и прошка ке ги трогнеме монструмите

Sent from my iPhone using Tapatalk
Го почитувам твоето мислење, но сепак верувам дека и во нив има барем ронка човечност поради која вреди да им се прости.
 
Член од
27 јануари 2018
Мислења
375
Поени од реакции
1.231
Го почитувам твоето мислење, но сепак верувам дека и во нив има барем ронка човечност поради која вреди да им се прости.
Не може да бараш трошка човечност од монструм кој на свиреп начин убил млад човек.
И јас не сум за смртна казна бидејќи со тоа би му ги скратиле маките ама сум за доживотен затвор.
Зошто да простам на човек кој го убил моето чедо и ми ја скратил радоста?
 
Член од
3 октомври 2018
Мислења
36
Поени од реакции
38
Не може да бараш трошка човечност од монструм кој на свиреп начин убил млад човек.
И јас не сум за смртна казна бидејќи со тоа би му ги скратиле маките ама сум за доживотен затвор.
Зошто да простам на човек кој го убил моето чедо и ми ја скратил радоста?
Да не ме разбереш погрешно - не се правам светец, религиозен и слично. Далеку сум од тоа.
Да му простиш од две причини:
1. Сите правиме грешки
2. Со тоа што ќе му простиш покажуваш дека си подобар човек од него.
А на крајот на краиштата сите треба да се трудиме да бидеме подобра верзија на себеси од вчера, нели?
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Друже, не сакам да судам или слично, ама по коментарите на профилот на мајката на Пино, како од неа така и од останатите - сум згрозен. Пази на иронијава: Бараат СМРТ за Ангела и за Ф.А, а истовремено се згрозени од чин-убиство, небаре со СМРТ ќе се задоволи правдата? Не, нема. Со тој чин ќе постанат ИСТИ како и убијците/убиецот.
Имаше случај во Америка, дечко доставувач на пици, вечерно време оди на нарачка во куќа да достави пица. Го начекуваат, ограбуваат и со нож до смрт го прободуваат. После извезно време се фаќа убиецот и соучесниците, одат на суд и таткото на убиениов младич се договара со Обвинителството да не му пресудат смртна казна. На денот на пресудата, завршните зборови на таткото кон убиецот на својот син беа во конотација на "Ти простувам и не гледам со гнев кон тебе. Сигурно си бил во недостаток на љубов и внимание па тоа со тек на време резултирало да сториш убиство".
На крај татково го гушна убиецов, и убиецот не можеше да верува и почна да плаче и се каеше.
Ова е класичен пример како треба да постапуваме.
А не како појше од пола од затупенава и исфрустрирана нација која е преполна со гнев и нагон за насилство.
Сум за затворски казни но не и за смрт за убијците/убиецот, зашто на тој начин ќе постанеме ист/и како нив/него.
Ова е веќе филозофско-етичка тема за дискусија. Тука повеќе коментираме „детаљи“, поточно хаосот од шпекулации после секое јавно објавено исчезнување.
Што пласира таа на фејсбук сега (па и порано) е дискутабилно. Нема поголема и полоша работа од губење на сопствено дете. До таму ја разбирам, иако претходно (не со исмејување) имав и иронични коментари. Кај неа е евидентен гнев кон мвр и судските власти....дали вака ќе ги реши, со фејсбук постови - се сомневам. Да се обидеше да се консолидира и да се изразува соодветно, веројатно ќе покренеше поголема иницијатива, па и ќе дојдеше до некоја меѓународна инстанца - вака....тешко. Не знам каков профил човек е, меѓутоа, како се изразува....ај да не зборам....сепак, тоа е ирелевантно - само кратко ќе пишам: вакво убиство мора да има прилично цврст бекграунд, след од настани. Веќе над 18 години, по сите светски теркови, човек се нарекува „маж“, а не „дете“. Што работел дечково? Во какви односи биле сите инволвирани? Кој им бил мотивот?
Ако судиме според мајката - „ороспиата и го убила детето“. Во ред. Таа така мисли и може и таа вистината, може нејзиниот син не споделувал се' со нејзе, па таа да знае со што се' се бавел истиот.
Од каде да знам дека не биле дечко и девојка и овој ја кршел од маање секој ден, па на нејзе и пукнал филмот.......карикирам. Не викам дека и заради тоа требала да го убие - поентата ми е дека ништо не е дефинирано. Има идентификувано тело, двајца осомничени и хаос, куп шпекулации, фејсбук статуси, лоши статии по интернет.
Прво нека се расчисти, па да си простуваме, а пошо скоро никогаш не се расчистува - затоа и не простуваме. Дека таа не смее да повикува на линч, убиство и слично понатамошно насилство - се согласувам. Не е тоа начин на решавање на работите. Смртната казна пак е веќе трета тема, исто дискутабилна, која си има многу про и контра аргументи....не би одел натаму.
 
Тотално се согласувам!
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.911
Поени од реакции
10.542
Не може да бараш трошка човечност од монструм кој на свиреп начин убил млад човек.
И јас не сум за смртна казна бидејќи со тоа би му ги скратиле маките ама сум за доживотен затвор.
Зошто да простам на човек кој го убил моето чедо и ми ја скратил радоста?
а бе затвор ама у буквална смисла на зборот
демократијава му еба мама на системов, хотели ги напраи затворите
за кај нас па да не збориме од пиле млеко имаат

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.135
Pred edno vreme gledav statistika za kriminalot vo zemjite koi praktikuvaat death penalty me interesirase dali takvata kazna ima vlijanie vrz psihata na potencijalen kriminalec i ispadna deka bas tie zemji sekoja godina se soocuvaat so pogolem broj na kriminalci i egzekucii od prethodnata.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Да не ме разбереш погрешно - не се правам светец, религиозен и слично. Далеку сум од тоа.
Да му простиш од две причини:
1. Сите правиме грешки
2. Со тоа што ќе му простиш покажуваш дека си подобар човек од него.
А на крајот на краиштата сите треба да се трудиме да бидеме подобра верзија на себеси од вчера, нели?
Убиство по грешка? Не батка, сите правиме грешки, сите знаеме да избувнеме и да отераме некој упм, ама дека сите вадиме чифтето за да му го разнесиме мозокот на другото не би рекол.
Затворот дали оправа еден од 1000 да станат подобри луѓе, најчесто тоа е место каде се доусовршуваат или дозабегуваат тие кои веќе имале проблем со главата, жалното е што со данокот што го плаќаме јас и ти ги хранат како волови, тие си продолжуваат со бизнисите кои ги имале и претходно и кога ќе излезат имаат уште поголема сила од претходно.
За ваквите случаи јас би одел со смртна каза и би ја стримал на национална тв како поука дека за вакви прекршоци нема прошка и нема назад, па да видиш дали ќе се преиспита секој пред да направи вакво срање без разлика колку е психопат.
За точка 2 нема што да покажуваш, тој веќе не е човек, човечки е да си различен од животно и ако не се согласуваш или ако некој не го сакаш да преминеш или да му кажеш со говор, убивањето е веќе поврзано со животински нагон, па ако тој не научил до 27 години да си го контролира тој нагон нема зошто да продолжи да живее.
И да, ако јас се прашувам не само за убиство туку и за тешки финансиски криминали, дрога, политички криминали, сексуални насилства и тн би ги осудувал на смртна казна, а нивните органи ќе одат во банката на органи за да спасат некој друг живот и конечно нивното постоење на планетава да има поента.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Во Албанија за време на Енвер Хоџа кога ќе го фатат крадецот го прашувале со која рака украл. И му ја сечеле. Барем таква информација имам. Затоа кражбите биле реткост.
И кај нас треба да се воведе смртна казна, барем за потешките сторители.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
20 декември 2017
Мислења
376
Поени од реакции
202
Научно е докажано дека со смртна казна ништо не се постигнува т.е криминалот е ист само што се повнимателни, но ако со тоа се задоволува желбата на близок на жртвата не гледам зошто да се им се пресуди со смрт, но под еден услов. Роднината да ја изврши истата т.е она да го убие.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.524
но ако со тоа се задоволува желбата на близок на жртвата не гледам зошто да се им се пресуди со смрт, но под еден услов. Роднината да ја изврши истата т.е она да го убие.
:eek:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom