- Член од
- 3 октомври 2018
- Мислења
- 53
- Поени од реакции
- 68
Друже, не сакам да судам или слично, ама по коментарите на профилот на мајката на Пино, како од неа така и од останатите - сум згрозен. Пази на иронијава: Бараат СМРТ за Ангела и за Ф.А, а истовремено се згрозени од чин-убиство, небаре со СМРТ ќе се задоволи правдата? Не, нема. Со тој чин ќе постанат ИСТИ како и убијците/убиецот.А глеаш, веќе во темава ја распнавме. Ставија слики од фејсбук. Можно е и некој трет да ја мести со отисоци и други докази.
Малку ми е симптоматично што јас разбрав дека дечково работел во фирма од Италија, ама не градежна, како што збори мајкава. И воопшто, таква фирма како што таа опишува, воопшто нема во државава, барем по мое сознание.
Имаше случај во Америка, дечко доставувач на пици, вечерно време оди на нарачка во куќа да достави пица. Го начекуваат, ограбуваат и со нож до смрт го прободуваат. После извезно време се фаќа убиецот и соучесниците, одат на суд и таткото на убиениов младич се договара со Обвинителството да не му пресудат смртна казна. На денот на пресудата, завршните зборови на таткото кон убиецот на својот син беа во конотација на "Ти простувам и не гледам со гнев кон тебе. Сигурно си бил во недостаток на љубов и внимание па тоа со тек на време резултирало да сториш убиство".
На крај татково го гушна убиецов, и убиецот не можеше да верува и почна да плаче и се каеше.
Ова е класичен пример како треба да постапуваме.
А не како појше од пола од затупенава и исфрустрирана нација која е преполна со гнев и нагон за насилство.
Сум за затворски казни но не и за смрт за убијците/убиецот, зашто на тој начин ќе постанеме ист/и како нив/него.