Исчезнати лица

Член од
24 март 2010
Мислења
15.284
Поени од реакции
26.164
Првата теорија е дека заради откуп на пари ја киднапирале, ама тука доаѓаме до моментот ако е за откуп на пари зошто тогаш ја убиле? Еве да речеме дека ја убиле несакајќи, а дупката ископана однапред?

Втората теорија е дека заради некоја крвна/фамилијарна одмазда ја имаат убиено, знаеме за Палчо и неговата историја, знаеме за дедо и на Вања кој бил. Ама ако е ова вака се доведува во прашање вмешаноста на таткото, сигурно намерно не си го пратил детето во смрт. Освен..., ако не го изиграле и него.

Има уште доста теории али се надевам дека ќе ја дознаеме вистинската кога ќе бидат донесени пресудите и преслушани сите сведоштва.
Јас мислам (и е скроз шпекулирање, немам никаква индиција) дека овие Палчовциве имаат стварно скроз мрднато, се имаат убедено во сопствените лаги, и дека убиството е ритуално. Често фантазираа со коловрт, словенска митологија, и слични глопости со кои се бавеле на големо разни окултни друштва пред 100 години.

Плус Палчо патолошки ги мрази луѓето што го направија милионер, и е убеден дека заради нив прокоцкал се. Како е возможно, дури и теоретски, да е таткото вмешан - не можам ни да шпекулирам. Се ми е прелудо во таа приказна.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.759
Поени од реакции
10.517
Моја теорија е дека овие Палчовциве работите што ги имаат ископувано ги имаат носено кај Кираца да ги нудат за продажба. И дека заради тоа таа ги има поврзано Палчовци со велешанецот, а девојчево како е во приказната господ знае.
Имаат они ископано... :гомце:
Дај не зезај!
Најголеми копачи и шверцери испаднаа Паско и тие таквите од фелата, што стварно работеа на археолошки локалитети!
Овие Далтониве што купуваа стари турски мапи на пазар 3, или работеа по прикаски од пра-дедо Ставре за германците кога си бегале и го закопале ковчегот на Заветот.. :icon_lol:
Испаднаа шупелки!
Нит нешто имаат најдено, нит па три чисти имаат од тоа..
Е ова им е левелот и профилот!

Не викам дека имаат ископано нешто вредно, туку дека каква и глупост да извадиле од земја, сосема можно е да ја носеле кај Кираца на продажба. И затоа нејзе Панче како име и значел нешто.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.759
Поени од реакции
10.517
Не викам дека имаат ископано нешто вредно, туку дека каква и глупост да извадиле од земја, сосема можно е да ја носеле кај Кираца на продажба. И затоа нејзе Панче како име и значел нешто.
Не знам друже..
Многу некако теории на заговор ми е муабетов.
Поверојатно е Панче Жежев да и ја правел фризурата за некоја матурска :rolleyes:
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.279
Поени од реакции
6.184
Друже те читам цело време уште од кога искочи името на овој Гоце Фершпед и ми се чини дека имаш нешто лично со овој со два часа школо. Многу просто е објаснето како дошле до возилото.
Друже немам ништо лично против никој, коментирам само тоа што мислам, слушам, гледам, а понекад и мирисам. Да станува збор за некој лик од Велес, Битола, Црвулево…не би можел да имам ни почетна сумња пошто не ги знам приликите таму. За случајов и те како имам сумња пошто не е прв пат дете на моќник од 90тите да биде под заштита. Алал вера на витезштвото ако е вистинита приказната што ја презентираше Трајковска, ама премногу “минат труд” има за да се купи тоа така лесно. Али ако си стварно другар, ќе дојдеш и во судница со јајца на сите у фаца да им плеснеш. Тоа не се случи, а веќе на 20ти следното судење каде ќе мора да се појави ќе има шанса да се искаже.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.284
Поени од реакции
26.164
Не знам друже..
Многу некако теории на заговор ми е муабетов.
Поверојатно е Панче Жежев да и ја правел фризурата за некоја матурска :rolleyes:
Не викам дека не е. Затоа обвинителството треба малце појасно да го објасни мотивот и поврзаноста. Засега, од судењето има повеќе прашања отколку одговори.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.759
Поени од реакции
10.517
Не викам дека не е. Затоа обвинителството треба малце појасно да го објасни мотивот и поврзаноста. Засега, од судењето има повеќе прашања отколку одговори.
Е тука потполно се согласувам со тебе!
Овие две-три рочишта отворија повеќе прашања, него ли што (било што) одговорија!
А, да, македонската полиција не знаела кај тера со случаите на исчезнатите! Мада ова на сите ни бше јасно... и кај живееме.
Толку се разјасни до сега.
 
Член од
6 ноември 2024
Мислења
91
Поени од реакции
149
Моја теорија е дека овие Палчовциве работите што ги имаат ископувано ги имаат носено кај Кираца да ги нудат за продажба. И дека заради тоа таа ги има поврзано Палчовци со велешанецот, а девојчево како е во приказната господ знае.
Кога го прочитав името Кираца Трајковска како сведок во случајов, имам побуди да истражувам подлабоко. Обвинителите нека си ја бркаат работата професионално, тоа е најважно.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
На сминките не се гледала таблицата на цитроенот. Како поврзале дека станува збор за баш тој цитроен? Цитроенот е запален на денот на исчезнување на Вања, Палчо недела дена покасно му вика на адвокатот у кола по пат накај Белград дека го следел некој велешки Цитроен кој пази не го следи веќе недела дена.
На тие снимки што отидоа кај Срџан Ного што ни ги покажаа не се гледа таблицата, меѓутоа цитроенот го нашле на сајф сити и од таму ја извадиле таблицата и од таму дознале чива е.
Автоматски споено мислење:

Или можеби остаре затоа што има грижа на совест за тоа што му се случи на неговото дете ради неговите пороци и хирови.
Прашањето поставено претходно е коректно, дали човек што може да си го приушти Тифеџиќ, ќе учествува во киднапирање на сопственото дете...
 
Последно уредено:
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.279
Поени од реакции
6.184
На тие снимки што отидоа кај Срџан Ного што ни ги покажаа не се гледа таблицата, меѓутоа цитроенот го нашле на сајф сити и од таму ја извадиле таблицата и од таму дознале чива е.
Автоматски споено мислење:

Прашањето поставено претходно е коректно, дали човек што може да си го приушти Тифеџиќ, ќе учествува во киднапирање на сопственото дете...
Чекај сега, од исказите пишува дека они го виделе цитроенот дека испуштил издувни гасови, им текнало у моментот дека у Велес има некој стар човек исчезнат со Цитроен, се јавиле по роднини у Велес и им потврдиле дека таква боја бил. Плус нашле и бензинската у Велес (ова незнам како успеале) каде точел гориво.

Од кај знаеш дека таткото го плаќа адвокатот?
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.451
Поени од реакции
18.710
Кога ќе сведочи таткото ? Чисто ме интересира неговата изјава и одбрана, ако воопшто е способен да гугни нешто а моментално не изгледа така
Мислам дека МВР има повеќе информации кои не се споделуваат во јавноста
Ова исказите на Палчо се живи глупости, колку да кажи нешто во судница, сака да се прави паметњакович ама мислам дека е во дупка без излез
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
Чекај сега, од исказите пишува дека они го виделе цитроенот дека испуштил издувни гасови, им текнало у моментот дека у Велес има некој стар човек исчезнат со Цитроен, се јавиле по роднини у Велес и им потврдиле дека таква боја бил. Плус нашле и бензинската у Велес (ова незнам како успеале) каде точел гориво.
Кај прочита бе издувни гасови, јас не видов тоа. Кираца кажа јасно, кога увиделе дека Вања не излегла пешки од дома, на снимки кои интензивно ги набавувале и гледале 2 дена, зборам не само Гоце и таткото, туку цела фамилија, вклучително и мајката, се префрлиле на коли. Колку коли имало? 10-20 сите коли кои ги нашле им ги дале таблиците на некој познат во МВР и овие им кажале чиви се. Исто во МВР имаат објава за исчезнат човек и автоматски одма знаеле дека возилото е на Панче. Ова се дешавало на 29 Ноември и прашањето е како МВР не го поврзало возилото на Панче со запаленото возило во Бразда на 27 Ноември (?!?) . Кога го дознале ова, виделе дека возилото оди заедно со некој бел пикап, на кој полицијата не можела да ја види регистрацијата, па овие од некоја 4К камера ја виделе. И така се поврзале со пикапот на Десна и отишле таму кај нив. Ова го изјавија инспекторите.

Буквално све што е откриено во случајов е откриено од екипата на Кираца.

Од кај знаеш дека таткото го плаќа адвокатот?
Значи кој и да му го плаќа, можел да му ги плати и хировите без да си организира киднапирање на ќерката. Александар потекнува од фамилија која се офајдила во транзицијата и не верувам дека имале проблем со пари.
Автоматски споено мислење:

Ова исказите на Палчо се живи глупости, колку да кажи нешто во судница, сака да се прави паметњакович ама мислам дека е во дупка без излез
Палчо успеа суптилно да го насочи фокусот кон таткото. За него освен снимките на сејф сити нема никаков доказ. Накратко сите знаат дека е убиецот, ама постои можност да не го осудат.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.451
Поени од реакции
18.710
Кај прочита бе издувни гасови, јас не видов тоа. Кираца кажа јасно, кога увиделе дека Вања не излегла пешки од дома, на снимки кои интензивно ги набавувале и гледале 2 дена, зборам не само Гоце и таткото, туку цела фамилија, вклучително и мајката, се префрлиле на коли. Колку коли имало? 10-20 сите коли кои ги нашле им ги дале таблиците на некој познат во МВР и овие им кажале чиви се. Исто во МВР имаат објава за исчезнат човек и автоматски одма знаеле дека возилото е на Панче. Ова се дешавало на 29 Ноември и прашањето е како МВР не го поврзало возилото на Панче со запаленото возило во Бразда на 27 Ноември (?!?) . Кога го дознале ова, виделе дека возилото оди заедно со некој бел пикап, на кој полицијата не можела да ја види регистрацијата, па овие од некоја 4К камера ја виделе. И така се поврзале со пикапот на Десна и отишле таму кај нив. Ова го изјавија инспекторите.

Буквално све што е откриено во случајов е откриено од екипата на Кираца.

Значи кој и да му го плаќа, можел да му ги плати и хировите без да си организира киднапирање на ќерката. Александар потекнува од фамилија која се офајдила во транзицијата и не верувам дека имале проблем со пари.
Автоматски споено мислење:

Палчо успеа суптилно да го насочи фокусот кон таткото. За него освен снимките на сејф сити нема никаков доказ. Накратко сите знаат дека е убиецот, ама постои можност да не го осудат.
Теорија нема да не го осудат
Палчо дури мислам дека изјави дека таткото е невин е не знае зошто е обвинет.
Изјави од тројца прво обвинети е доволно да те стрпаат во затвор, барем кај нас е така.
Јас пак ќе речам имаат и други докази кои допрва ќе излезат во јавноста, вештачени телефони, уреди, сигурно има уште нешто.
Затоа мислам и дека таткото е во притвор, нема шанса да е од прв ден притворен поради една изјава дека му кажал кога оди Вања на училиште.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
Теорија нема да не го осудат
Палчо дури мислам дека изјави дека таткото е невин е не знае зошто е обвинет.
Изјави од тројца прво обвинети е доволно да те стрпаат во затвор, барем кај нас е така.
Јас пак ќе речам имаат и други докази кои допрва ќе излезат во јавноста, вештачени телефони, уреди, сигурно има уште нешто.
Затоа мислам и дека таткото е во притвор, нема шанса да е од прв ден притворен поради една изјава дека му кажал кога оди Вања на училиште.
Не е таткото во затворски притвор. Само сеуште стои во обвинението.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.279
Поени од реакции
6.184
Кај прочита бе издувни гасови, јас не видов тоа. Кираца кажа јасно, кога увиделе дека Вања не излегла пешки од дома, на снимки кои интензивно ги набавувале и гледале 2 дена, зборам не само Гоце и таткото, туку цела фамилија, вклучително и мајката, се префрлиле на коли. Колку коли имало? 10-20 сите коли кои ги нашле им ги дале таблиците на некој познат во МВР и овие им кажале чиви се. Исто во МВР имаат објава за исчезнат човек и автоматски одма знаеле дека возилото е на Панче. Ова се дешавало на 29 Ноември и прашањето е како МВР не го поврзало возилото на Панче со запаленото возило во Бразда на 27 Ноември (?!?) . Кога го дознале ова, виделе дека возилото оди заедно со некој бел пикап, на кој полицијата не можела да ја види регистрацијата, па овие од некоја 4К камера ја виделе. И така се поврзале со пикапот на Десна и отишле таму кај нив. Ова го изјавија инспекторите.

Буквално све што е откриено во случајов е откриено од екипата на Кираца.

Значи кој и да му го плаќа, можел да му ги плати и хировите без да си организира киднапирање на ќерката. Александар потекнува од фамилија која се офајдила во транзицијата и не верувам дека имале проблем со пари.
Автоматски споено мислење:
“Од оваа снимка тој и испратил „скриншот“ на мајка му. Иако ниту на снимката, ниту на сликата не се гледала регистрацијата на „ситроенот“, Кираца интуитивно го поврзала возилото со велешанецот Жежовски за кого слушнала дека е исчезнат со возилото. На снимката се гледал и „пикапот“ кој според обвинението, го возел Палчо.

По нејзина иницијатива, се јавила кај своите роднини во Велес, кои и кажале дека таа е колата за која прашуваат, од која на снимките пред зградата на Вања се испуштале издувни гасови, како да тргнува. Таа и синот обезбедиле снимки од бензинската во Велес и уште две други снимки кои и ги предале на полицијата. Таа се сомневала дека Панче е педофил и тој ја грабнал Вања.”

https://www.slobodenpecat.mk/kiraca-trajkovska-bila-mozokot-taa-intuitivno-gi-povrzala-ischeznuvanjata-na-vanja-i-panche/
 
Kajgana Shop

На врв Bottom