Искрено, страв ме фаќа што лик кој нема никаква полициска обука, успеал да поврзе многу работи, и испаднал поснаодлив од целокупна полиција. За греота, не дај боже да ти снема некој близок, таман никогаш не би се надевал дека ке го најдат лицето од полиција.
Сега брзо имаше случај на исчезнати лица по скопјето, едно од нив постаро лице со деменција (мои познати го бараа под дрво и камен) кое за жал е најдено мртво.
Прво, за постари лица никој уво не го боли (ниту институционално, камо приватно) - емпатијата кај ја изгубивме да ми е да знам.
Второ, дури и кога се работи за дете (како во случајот со Вања) институциите се екстремно килави и неспособни затоа што имаат пред сè инсталирано таков раководен кадар (години уназад, ништо ново).
На крај, недај Боже човек да си налепи и да не му си во душата на тој шо си налепил на еден или на друг начин.
Иако овие транзиционите глувци СИТЕ до еден се сумливи како „истражители“ и „помагачи“ на родителите, иако и родителите смрдат на расипано, сепак факт е дека придонесоа повеќе од цел еден систем наречен МВР или ДРЖАВА.
Не знам дали има поголем пораз од тоа, а се сеќавам тоа време тука од некои на форумот беше претставувано као мвр се искинаа барање деноноќно, има резултати, не скокајте по многу.
ТОЧНО е дека премногу шпекулации не треба во такво време и треба првично да се остави на истрагата ама гледаме на крај дека таа истрага уствари дебело потфрлила во делови што ја прави цела слика матна.