Исчезнати лица

Член од
23 август 2010
Мислења
39.354
Поени од реакции
113.655
Гледајте го таткото Александар, ликот остаре 15 години, за само 24 часа по апсењето.
Или можеби остаре затоа што има грижа на совест за тоа што му се случи на неговото дете ради неговите пороци и хирови.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.279
Поени од реакции
6.183
Од интерес би било да се знае колку коли поминале тоа време, колку од нив се проверени. Ми се чини “инспекторите” се исклизаа на муабетот дека им “текнало” дека е на Панче Жежовски и дека така посумњале. Уместо тоа замисли да идеа со приказната: тоа ни беше сомнително и преку врски го проверивме ни на крај памет дека е на Жежовски. Вака нив им станало сомнително ем ради издувот ем ради Жежовски. Ма даааај.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.330
Поени од реакции
4.127
Или можеби остаре затоа што има грижа на совест за тоа што му се случи на неговото дете ради неговите пороци и хирови.
Многу лесно може да се утврди дали Александар е вмешан, само полицијата е полна неспособни мамини синови и лигуши. За да е вмешан мора да се познавале со палчо подолг период, спротивно на тоа што го тврдат дека не се познаваат. Ако се познавале, полицијата мора да ископа луѓе кои ги имаат видено заедно, кафеани, кафулиња, казина, улици... сигурно не се споиле тајно, директно заради киднапирање и убиство...
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.621
Поени од реакции
42.150

па утврдено е, затоа е во притвор.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.041
Поени од реакции
11.302
Искрено, страв ме фаќа што лик кој нема никаква полициска обука, успеал да поврзе многу работи, и испаднал поснаодлив од целокупна полиција. За греота, не дај боже да ти снема некој близок, таман никогаш не би се надевал дека ке го најдат лицето од полиција.
Сега брзо имаше случај на исчезнати лица по скопјето, едно од нив постаро лице со деменција (мои познати го бараа под дрво и камен) кое за жал е најдено мртво.

Прво, за постари лица никој уво не го боли (ниту институционално, камо приватно) - емпатијата кај ја изгубивме да ми е да знам.
Второ, дури и кога се работи за дете (како во случајот со Вања) институциите се екстремно килави и неспособни затоа што имаат пред сè инсталирано таков раководен кадар (години уназад, ништо ново).

На крај, недај Боже човек да си налепи и да не му си во душата на тој шо си налепил на еден или на друг начин.

Иако овие транзиционите глувци СИТЕ до еден се сумливи како „истражители“ и „помагачи“ на родителите, иако и родителите смрдат на расипано, сепак факт е дека придонесоа повеќе од цел еден систем наречен МВР или ДРЖАВА.
Не знам дали има поголем пораз од тоа, а се сеќавам тоа време тука од некои на форумот беше претставувано као мвр се искинаа барање деноноќно, има резултати, не скокајте по многу.

ТОЧНО е дека премногу шпекулации не треба во такво време и треба првично да се остави на истрагата ама гледаме на крај дека таа истрага уствари дебело потфрлила во делови што ја прави цела слика матна.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.354
Поени од реакции
113.655
Многу лесно може да се утврди дали Александар е вмешан, само полицијата е полна неспособни мамини синови и лигуши. За да е вмешан мора да се познавале со палчо подолг период, спротивно на тоа што го тврдат дека не се познаваат. Ако се познавале, полицијата мора да ископа луѓе кои ги имаат видено заедно, кафеани, кафулиња, казина, улици... сигурно не се споиле тајно, директно заради киднапирање и убиство...
А од кај знаеш дека не е утврдено за неговата вмешаност? Напротив, имаат нешто против него и затоа е во притвор од почетокот. Зошто не е мајката во притвор на пример? Работата е што све сакаме унапред да се дознае за процес што е многу комплициран и се знаеше дека ќе трае (поради екстрадицијата на Палчо).
Најголемата грешка беше што она тенџерено Спасовски излезе со онаква изјава каде спомнуваше монструми, убијци и слично, пред се посочувајќи го Палчо. Колку и да е крив Палчо, на незавршена истрага и незавршен случај не е етички и професионално да излегува со такви изјави и да употребува такви зборови.
 
Член од
6 ноември 2024
Мислења
91
Поени од реакции
149
Сега брзо имаше случај на исчезнати лица по скопјето, едно од нив постаро лице со деменција (мои познати го бараа под дрво и камен) кое за жал е најдено мртво.
Лица со почетен стадиум на деменција не смеат да бидат сами. Тоа е грешка на смејството и нека ги боли додека се живи што го оставиле да залута човекот и да го најдат умрен како куче. Нека почива во мир.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.330
Поени од реакции
4.127
А од кај знаеш дека не е утврдено за неговата вмешаност? Напротив, имаат нешто против него и затоа е во притвор од почетокот. Зошто не е мајката во притвор на пример? Работата е што све сакаме унапред да се дознае за процес што е многу комплициран и се знаеше дека ќе трае (поради екстрадицијата на Палчо).
Најголемата грешка беше што она тенџерено Спасовски излезе со онаква изјава каде спомнуваше монструми, убијци и слично, пред се посочувајќи го Палчо. Колку и да е крив Палчо, на незавршена истрага и незавршен случај не е етички и професионално да излегува со такви изјави и да употребува такви зборови.
Сигурно имаат нешто, сепак притворот го одредува судија, па на таа одлука има право на жалба по која решава совет... обвинителот мора да има приложено нешто поконкретно, иако е можно притворот да му е одреден и само поради изјавата на тој ретардот дека палчо му кажал дека таткото му кажал кога ке оди на школо....
Но, тоа што е во домашен притвор фрла сериозен сомнеж дека има сериозни докази против него. За вакво дело, ако има некој поконкретен доказ, невозможно е да те пуштат во домашен притвор.
 
filjandecko

Komandant benzini-HAVUZ
Член од
5 мај 2012
Мислења
336
Поени од реакции
398
Во ваква и слична ситуација најпаметно е да се пријави во полиција а паралелно да се врши истрага со пријатели,да не се чека да помине време,полесно е и побрзо со познаници да пребараш камери,не ти треба судски налози и др,

На едно ичезнување на лице во Скопје на барање на семејството после неколку дена,бидејчи немаа никаква инфо. со враќање и преглед на камери ја утврдив рутата и времето на исчезнатото лице.
Тоа можеше веднаш,со добра организација ,после неколку саати од исчезнувањето да се заврши и да си знаат на што се..
 
Последно уредено:
Член од
17 ноември 2014
Мислења
4.982
Поени од реакции
7.630
Нема потреба од судење, еден куршум у чело и поздав, case closed. ВАка ќе треба да иде у затвор, од буџетот од државата пари се собираат, дел иде за затвор, дел од парите за храна, и он ја јаде мојата храна. Па зашто да ја јаде мојата храна, а убил девојче од 10 години, сонародничка моја. Метак у чело и крај.
Nalet se i ne ostanuva para povejche za Joint!
Abe druzhe za toa case closed treba da si 100000% siguren deka tokmu toj e avtorot na celava tragedija.
Kako shto i odamna pishav, ovie dibeci vora da se organizirani od nekoja druga pobuda/lichnost.
Zatoa i do sega ne e otkrien motivot.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
470
Поени од реакции
462
Најголемата грешка беше што она тенџерено Спасовски излезе со онаква изјава каде спомнуваше монструми, убијци и слично, пред се посочувајќи го Палчо. Колку и да е крив Палчо, на незавршена истрага и незавршен случај не е етички и професионално да излегува со такви изјави и да употребува такви зборови.
Ме потсети, ова беше затоа што вечерта пред прес конференцијата Петар Богојески излезе со изјави дека убијци се албанци. Се случи нешто со него за таква груба шпекулација или пробен балон?
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.451
Поени од реакции
18.710
Ме потсети, ова беше затоа што вечерта пред прес конференцијата Петар Богојески излезе со изјави дека убијци се албанци. Се случи нешто со него за таква груба шпекулација или пробен балон?
Ваквите како овој Богојески треба да се расчешнат на плоштад, прво напиша дека се Косовари, после дека се ослободени и пребегани во Косово ...
На ваков случај да пробаш да собереш политички поени, па и да правиш дестабилизација во државата треба да си крајно однесен
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.284
Поени од реакции
26.164
Прво што се прави по ПС се гледаат камери во 21ви век. Неможе да не ги обезбедиле камерите уште првиот ден, во спротивно треба некој да одговара. Не треба да гледаат недела дена уназад него точно се знае кога го снемува девојчето. Нереален ми е муабетот дека цивил обичен ќе најде сумњива кола па ќе се присети на некој си случај од Велес. Го здоболе стап просечниот скопјанец за исчезнати стари лица од помали градови, да бидеме реални.
Моја теорија е дека овие Палчовциве работите што ги имаат ископувано ги имаат носено кај Кираца да ги нудат за продажба. И дека заради тоа таа ги има поврзано Палчовци со велешанецот, а девојчево како е во приказната господ знае.
 
Член од
10 јули 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
2.387
“Александар рекол нема шанса Вања да влегла во оваа кола. На снимката се видело дека поминало и пикап возило.

Потоа разбрале дека го нема и Панче Жежовски”

Како тоа одеднаш разбрале за Панче? Како успеале да го поврзат со Вања? Издувните гасови го издадоа Палчо? Кој би рекол…
Друже те читам цело време уште од кога искочи името на овој Гоце Фершпед и ми се чини дека имаш нешто лично со овој со два часа школо. Многу просто е објаснето како дошле до возилото.

Два дена преку камери ја барале Вања, третиот ден дошле до идеја дека е грабната пред зграда. Го зимаш интервалот од 6:30 до 7:30 и ги гледаш сите автомобилски регистрации. Треба да ви е јасно дека кога така ги претставувате Гоце и мајката Кираца, односно моќни луѓе со врски, со завртени еден-максимум два телефона ги имаат имињата на сите што се моткале околу зградата тоа утро. Кога ке видиш кола на исчезнат човек од друг град веќе неколку дена нема ли да ти упали кликерот? Едноставно е, нема никаква филозофија тука.

Се направи хајка околу таткото заради причата дека бил наркоман пред 20-30години. Да било така и денес, ке се најдеа одма и дилерот и лихварот. Па уште таа избришана порака во Вибер групата. Нели објавија дека преку криптирана апликација комумицирал со Палчо. Не само што таткото го промашил чатот туку и цела апликација.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.354
Поени од реакции
113.655
И дека заради тоа таа ги има поврзано Палчовци со велешанецот, а девојчево како е во приказната господ знае.
Првата теорија е дека заради откуп на пари ја киднапирале, ама тука доаѓаме до моментот ако е за откуп на пари зошто тогаш ја убиле? Еве да речеме дека ја убиле несакајќи, а дупката ископана однапред?

Втората теорија е дека заради некоја крвна/фамилијарна одмазда ја имаат убиено, знаеме за Палчо и неговата историја, знаеме за дедо и на Вања кој бил. Ама ако е ова вака се доведува во прашање вмешаноста на таткото, сигурно намерно не си го пратил детето во смрт. Освен..., ако не го изиграле и него.

Има уште доста теории али се надевам дека ќе ја дознаеме вистинската кога ќе бидат донесени пресудите и преслушани сите сведоштва.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom