Не е ова CSI: Miami, па на крај на епизодата да дадат видео како е извршено кривичното дело.
Што значи тоа тракеторијата на возилата не била претходно спорна? Едно е во медиуми што се пишува, друго е судска постапка. Мора обвинителството да го презентира движењето на возилата на суд.
Иначе, не знам што очекувате, обвинителството се знае дека стои на ставот дека мотив е користољубие.
Абе какво ЦСИ...
За тие 3-цата морони, уште првата недела беше јасно, докази, признание, криви се и ќе го јадат куроѕ... Што ново докажаа со траекторија?
Кој доказ е за таткото? 1 година имаше време Обвинителството да собира докази и да го оформи обвинението...очекував доказ како листинг/телефонски контакт со обвинети...евентуално сведок што ќе сведочи дека воопшто се познава со било кој од обвинети...
Не се силни докази снимки на двете возила на психопативе и кај домот на Панче и пред зградата на Вања и на местото каде што бил запален автомобилот ? Само за овие снимки од возилата каде што се они, плус признанието би го затворил случајов со доживотна
За 3-цата психопати имаше посилни докази и претходно (признание и носење до локација на телата). Ќе бидат осудени максимално...Денешната траекторија ништо нема да смени...
Друго, како тоа ќе го затвориш случајот? Немаш докажано издржан мотив, немаш докажано директен извршител, немаш доказ за вклученост на таткото....?