Исчезнати лица

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.194
Поени од реакции
81.286
За Палчо е лична одмазда, за останатите било кревање револуција и борба против власите и бансктерите. Јас сум скоро сигурен дека има поширок плот све ова.
Kаква одмазда? Му убиле овие на него дете?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.806
Поени од реакции
26.369
Kаква одмазда? Му убиле овие на него дете?
Па имаше бајаги афери во времето 2000-2008 со него, со Тифани зградата, со обештетувањето за зградата Бастион од 1М Евра што му ги поништија во времето на Грујо... Па можда имало некои повуци потегни со тогашниот врв на СДСМ, пошто тогаш го избркаа од партија и за него све отиде надоле. И Ванчо Лазаров и Палчо пред да го избркаат во тоа време биле на висока функција во СДСМ... Башка Ванчо земал неколку станови од него, како и што, они си знаат.

Каква одмазда, само неговиот мрачен ум си знае. Пошто да убиеш ладнокрвно дете, очигледно со умисла, без трага на убиство од страст или афект... според мене неможе да е ништо друго освен некаква си лична одмазда. А што им проповедал на дегениве околу него е друга работа, а можеме да си претпоставиме од подкастите... додуша има такви пациенти и на форумов, така да можеш да си замислиш дека не е воопшто тешко.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.194
Поени од реакции
81.286
еве нешто

самите велат дека не кажале све од икс причини
што е логично
рационалниот ум не може да се задоволи со она што до сега го кажаа

да очекуванме повеќе, значи
 

newcastle

Shearer
Член од
23 декември 2014
Мислења
351
Поени од реакции
213
еве нешто

самите велат дека не кажале све од икс причини
што е логично
рационалниот ум не може да се задоволи со она што до сега го кажаа

да очекуванме повеќе, значи
Лупетат и овие без врска, освен снимки од камери на крај нема да имат ни еден доказ.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.607
Поени од реакции
43.441
Лупетат и овие без врска, освен снимки од камери на крај нема да имат ни еден доказ.
Oni ako lupetaat bez vrska, togas ti bogznae u koe dno talkas so muabetive.
Nieden dokaz, izgleda gatacka im kazala kade ne edno, 2 tela se zakopani. :facepalm:
Pa pogolem dokaz od ova ti treba li? Kako inaku znaele kade se telata? Fateni na kamera kade e kidnapirano devojceto, fateni na kamera vo blizina na nejziniot improviziran grob, davanje tocna lokacija na 2 groba, i ti vikas osven kameri, nema da imaat drugi dokazi.
Sram.
 

newcastle

Shearer
Член од
23 декември 2014
Мислења
351
Поени од реакции
213
Oni ako lupetaat bez vrska, togas ti bogznae u koe dno talkas so muabetive.
Nieden dokaz, izgleda gatacka im kazala kade ne edno, 2 tela se zakopani. :facepalm:
Pa pogolem dokaz od ova ti treba li? Kako inaku znaele kade se telata? Fateni na kamera kade e kidnapirano devojceto, fateni na kamera vo blizina na nejziniot improviziran grob, davanje tocna lokacija na 2 groba, i ti vikas osven kameri, nema da imaat drugi dokazi.
Sram.
Без вистинскиот мотив све и е паѓа во вода, не кажав дека не се тие убијците нормално се гледа на камери ги фаќаат ги млатат како магариња признаваат и толку, ама без вистинскиот мотив делото и е решено половично.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.654
Поени од реакции
36.318
...да се потсетиме како е кажано на 1ви март :
„Нашата работа е завршена, останува само екстрадицијата – рече Коцевски во вечерашата емисија Топ Тема на телевизија Телма“
...ете екстрадицијата е направена на 15ти мај, денес 4ти јуни, тоа се 20 дена, што е сега проблемот? нели работата на обвинителство „е завршена“?? 1ви март- 15мај- денес 04 јуни тоа се три месеци и 4 дена и сега како да помине нивното толкување:toe:

...во истото интервју кажал и нешто друго:

„За случајот со „Онкологија“, обвинителот Коцевски посочи дека случајот е сложен и дека се уште е на почеток. :facepalm:
– Се работи за сложен предмет, истрагата е се уште на самиот почеток. Најново е она што по наредба на јавен обвинител, Фондот за здравствено осигурување да изврши нов надзор на клиниката, и моментално извештајот се анализира во Обвинителството, истакна тој.“

...ниедно не е решено, ниту ќе биде, ова некој друг ги држи конците и не сакаат да го решат! :(
 
Последно уредено:

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.482
Како што соопшти ОЈО, тројцата на 22.11.2023, заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Обвинетите отишле до куќата на оштетениот, физички го совладале и го врзале, а потоа го ставиле во багажникот и се упатиле до местото викано „Рудник“ во околината на Велес, каде од користољубие и на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот со огнено оружје – пиштол со калибар 9 милиметри.
Кои глупости, планирале од него да ја земат колата за да извршат киднапирање на девојче, отишле до дома кај него, ама па со умисла на друго место го лишиле од живот.

Исто и Вања ја киднапирале да изнудат пари, а ја убиле одма по доаѓањето таму...

Значи реконструкција, се собрало друштво, не знаат кај тераат, што прават и што сакале да направат, им текнало во Велес ќе земат кола од некојси којзнај кој познаник да киднапираат девојче, му ја бараат прво дома, ама не планирале дека нема да им ја даде и се изнервирале и со умисла (?!) него го убиваат, пријавен е како исчезнат, сите го бараат него и колата, овие се возикаат со таа кола во два града, киднапираат девојче да изнудат пари, ја носат во пустини и одма ја убиваат... Како ќе изнудат пари така којзнае, па после секој по дома, овој си прави поткасти и на кој жити се нешто му е јасно од случајов. Кое користољубие? Кај е, кога се случи, кој побара пари кога одма е убиена... Или сите овие се премногу глупави или сите ние сме.
 

newcastle

Shearer
Член од
23 декември 2014
Мислења
351
Поени од реакции
213
Таму на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот малолетното лице, така што првоосомничениот ѝ нанел огнострелна повреда со истрел од пиштол со калибар 9 милиметри, а обвинетите го закопале телото во претходно ископана дупка.
Како ако планирале да бараат откуп а веќе имало ископано дупка?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.806
Поени од реакции
26.369
Кои глупости, планирале од него да ја земат колата за да извршат киднапирање на девојче, отишле до дома кај него, ама па со умисла на друго место го лишиле од живот.

Исто и Вања ја киднапирале да изнудат пари, а ја убиле одма по доаѓањето таму...

Значи реконструкција, се собрало друштво, не знаат кај тераат, што прават и што сакале да направат, им текнало во Велес ќе земат кола од некојси којзнај кој познаник да киднапираат девојче, му ја бараат прво дома, ама не планирале дека нема да им ја даде и се изнервирале и со умисла (?!) него го убиваат, пријавен е како исчезнат, сите го бараат него и колата, овие се возикаат со таа кола во два града, киднапираат девојче да изнудат пари, ја носат во пустини и одма ја убиваат... Како ќе изнудат пари така којзнае, па после секој по дома, овој си прави поткасти и на кој жити се нешто му е јасно од случајов. Кое користољубие? Кај е, кога се случи, кој побара пари кога одма е убиена... Или сите овие се премногу глупави или сите ние сме.
Според случките, најверојатно Жежовски бил дел од планот, па најверојатно на време се освестил па решиле да го убијат. Иначе се работи за лице во маргинална партија, во која главен наратив се теории на заговор, слично како десна, банкстерите/власите/евреите. Затоа си мислам дека има поширок плот од она што го прикажуваат. Палчо им продал револуција на овие.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.693
Поени од реакции
17.464
Околу случајот со малата Данка едниот од осомничените, тој што се бранеше со молчење, сега одлучи да се брани и негира дека бил смешан во убиството .
Неговиот адвокат пред новинарите изјави дека освен тоа што клиентот негирал дека е виновен, по негово барање не смее да изнесува други детали.

Истото можи и кај овие да се случи, да си ја префрлуваат вината еден на друг и да се одолговлекува судењето.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.993
Поени од реакции
3.724
Околу случајот со малата Данка едниот од осомничените, тој што се бранеше со молчење, сега одлучи да се брани и негира дека бил смешан во убиството .
Неговиот адвокат пред новинарите изјави дека освен тоа што клиентот негирал дека е виновен, по негово барање не смее да изнесува други детали.

Истото можи и кај овие да се случи, да си ја префрлуваат вината еден на друг и да се одолговлекува судењето.
Нема на тој начин да го одолговлечат судењето ниту пак им е во интерес да го одолговлечат. Притворот е зезната работа, па ако знаеш дека ти нема вадачка на судот тогаш гледаш што побргу да заминеш во затворот. Гледано од Шутка, Идризово им се чини Беверли Хилс, иако во овој случај мислам дека и во Идризово ке имаат ,,добар и законит третман,, од страна на другите осуденици и вработените...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom