Трагичноста на случајов опфаќа и многу повеќе од двете убиства што се случија. Деновиве покрај тоа што сум запрепастена од самите убиства сум запрепастена и од се останато поврзано со истото. Во смисла претажно ми е како размислуваат и се однесуваат 80% од луѓето во врска со трагедијата.
Толку некултура, простотилук, повикување на насилство, користење на случајот за политички цели, click bait постови на квази новинарчиња од некои мизерни сајтови од типот: "ЕВЕ што рекол татко и на Вања", "ЕВЕ што рекла мајка и на Вања" зошо таман сеа ни се погоди шо убија невино дете за да добиеме на читаност..
И овде на форумов шо демек треба да има малце поинтелигентни луѓе од page 80 и некој на секоја трета страна прашувате "а како тоа наставничката пријавила толку брзо" Па дури стигнав и да прочитам пред некој пост дека Вања знаела нешто шо не требала да знае па ја ликвидирале. Wow, свака част на ниската интелигенција
И што е со тие теории на секој чекор "не, чекај јас имам теорија ваква". Што е ова CIA нешто гледаме епизода па си коментираме со пуканки кој каква теорија има па кој ќе погоди тој е најјак? Приберете се со вашите теории, никаква потреба нема од нив, имајте малце почит.
"Ама нешто е нејасно", "ама како сеа они вака викаат па така викаат". Да, нејасно е, нелогично е ама какво очекувате да биде? У кој случај ќе ви биде логично да се убие малолетно девојче? У кое сценарио? И не ви се должни ни мвр да ви дадат логично сценарио затоа што ко шо сто пати кажаа до сега не го знаат ни самите целосно. Тоа што успеале да откријат до сега тоа ви го кажуваат. Истрагата не заврши па да се жалите дека немало логика. Напротив, тек допрва почнува. Само што го фатија главниот осомничен, што очекувате толку рано да ви кажат?
И прекинете сами да си заклучувате ствари шо не се потврдени па триста тези да разглабате околу нив. Тој шо го возел не знаел па стигнале они да разглабаат колку пари коштала картичка со интернет у странство да се купи. Боже господе. Прво никој не потврди дека тој не знаел, второ тој шо го возел е и најмалку битен у целава приказна, ај доста си играте детективи и остајте ги да работат тие шо треба да работат.
А сите тие коментари по фејсбуци за колење, за палење за бесење и какви се не гадости од 90% од народов само покажуваат колку е се труло во државава и како сме дојдени до оваа ситуација и колку се треба да се смени од корен почнувајќи од образованието па економијата на државава затоа што од необразован и сиромашен народ еве што може да се очекува. Луѓево треба да се научат на емпатија, култура и да прочитаат некоја книга во животот па можеби тогаш нема да се огледуваат на луѓе како Палчо, Миленко, Латас и можеби нема да ни бидат премиери фаци како Заев и Груевски.