Исчезнати лица

  • Креатор на темата Креатор на темата apmkd
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато
Повикуваат да не се злоупотребувал случајот за политички цели, а партиска објава си направиле браво за МВР, за министерот и службите, па тоа ботови пуштени на најјако со хвалоспеви, да шеруваат...

Не бе.....замината е оваа држава одамна.
И едните и другите, загреови се, само што видов на фејсбук миленко се фали собрал 200 000 прегледи на јутуб од случајов.
 
Па и тоа и тоа има смисла, шпекулираме.
Иако презумцијата на невиност излета од прозор заради грозоморноста на случајот, имено за возачот јас би се воздржал и би чекал истрагата да изнеси докази.

Со оглед на очевидниот аматеризам на осомничените, лесно може и полукомпетентна форензика да докаже колку знаел. Пораки, комуникација, дали се приклучил на интернет од своите уреди.

Јас на еднодневно наменско патување од нигде никаде, не би земал роаминг пакет, е-сим или локална картичка.
Abe ne treskaj gluposti be.
Tolku denovi go baraja devojceto i 3 dena predhodno se znaeshe za Palco i zamisli toj zhenet so deca ne slushnal ili ne mu bilo kazhano od nikogo deka se druzhel so ubiec!

Vo tie teorii ne veruvast ni deca od gradinka.

Zhalni likovi ste
 
Abe ne treskaj gluposti be.
Tolku denovi go baraja devojceto i 3 dena predhodno se znaeshe za Palco i zamisli toj zhenet so deca ne slushnal ili ne mu bilo kazhano od nikogo deka se druzhel so ubiec!

Vo tie teorii ne veruvast ni deca od gradinka.

Zhalni likovi ste

Брат ти си на баба Ванѓа внукот изгледа па сега твоите од задница извадени шпекулации треба за закон да ги земиме и да го обесиме на плоштад, да му ја клецкаме женаму а децата со катран и пердуви да ги облиеме.

Со возачот за секој разумен човек, во недостаток на објавени докази, и тоа и тоа прави смисла до степен каде неможеш да направиш заклучок надвор од разумен сомнеж што е постулат на секој правен систем.
 
И едните и другите, загреови се, само што видов на фејсбук миленко се фали собрал 200 000 прегледи на јутуб од случајов.
Типот е на слична фреквенција како му работи неарниот мозок како и овој Палчо. Трагично е како мн луѓе во мк паѓаат на вакви типови, всушност не е само мк во цел свет е така... зборат пргаво, провокативно имаат доволно голем вокабулар да држат внимание и мн луѓе што го гледаат само голтаат што збори нараторот без да пробат критички да размислат што им се сервира... за греота ама така е и колку попрост народ толку појаки се факви фаци
 
Најбитно е дека има 2 жртви, за што ги убиле знаат само они.
Најважно е сега да им се опнат најстроги казни и да не се дозволи вакви работи да се случуваат повеќе.
 
Да 14 годишна девојка имала докази за светското влашко банкстерско лоби, егејскиот глобален дипстејт, масоните и луѓето-гуштери, па затоа ја егзекутирале.
Зошто ги кријат наодите од обдукцијата. Кај Вања скршени двете раце и вилицата. Пак ќе повторам таа е киднапирана за да биде убиена, а вистинскиот мотив засега е непознат. Моја е само претпоставката за што би можело да се работи, имаме различни профили на инволвирани личности а сите имаат заеднички интерес. Тоа се парите и ништо друго.
 
Зошто ги кријат наодите од обдукцијата. Кај Вања скршени двете раце и вилицата. Пак ќе повторам таа е киднапирана за да биде убиена, а вистинскиот мотив засега е непознат. Моја е само претпоставката за што би можело да се работи, имаме различни профили на инволвирани личности а сите имаат заеднички интерес. Тоа се парите и ништо друго.

Незнам од каде ти тоа дека обвинителството и полицијата треба да ја информираат јавноста за секој детал од случајот во реално време. Тоа не е во интерес на истрагата, и може да доведе до уништување докази, влијаење на сведоци и друго мешање што го става случајот во ризик.

Сега оди фаза на собирање на докази, потоа обвинителството ќе го спрема случајот врз база на откриените докази, после што ќе го достави случајот пред судот, и имено тогаш јавноста ќе биде информирана и презентирама со сите достапни докази.

Сега за сега само правиме заклучоци, и шпекулираме врз база на обвинувањата на полицијата.
 
Зошто ги кријат наодите од обдукцијата. Кај Вања скршени двете раце и вилицата. Пак ќе повторам таа е киднапирана за да биде убиена, а вистинскиот мотив засега е непознат. Моја е само претпоставката за што би можело да се работи, имаме различни профили на инволвирани личности а сите имаат заеднички интерес. Тоа се парите и ништо друго.
Кој ти кажа тебе дека Вања има фактури по телото ? Кај Миленко дебилот на статус прочита??
Уште не се добиени извештаите од судска медицина вие наоди барате од обдукцијата.
И не треба да ни ги кажат, така доволно се истрауматизиравме уште да ни објаснат до детал како ја мачеле.
 
АЛО, Каква врска има дали има скршени раце или се прострелна рана? 10 страни муабети и прашања како била убиена. Девојчето го нема, незнам што толку на некого му е битно како била убиена кога веќе ЈА НЕМА! Ете и да е така, што ќе промени? Ништо .. Апсолутно ништо! Дај нека го закачат на web тоа наодот од обдукција нека ви ги реши сите дилеми, АМАН! Кое дно од народ ...
 
Трагичноста на случајов опфаќа и многу повеќе од двете убиства што се случија. Деновиве покрај тоа што сум запрепастена од самите убиства сум запрепастена и од се останато поврзано со истото. Во смисла претажно ми е како размислуваат и се однесуваат 80% од луѓето во врска со трагедијата.

Толку некултура, простотилук, повикување на насилство, користење на случајот за политички цели, click bait постови на квази новинарчиња од некои мизерни сајтови од типот: "ЕВЕ што рекол татко и на Вања", "ЕВЕ што рекла мајка и на Вања" зошо таман сеа ни се погоди шо убија невино дете за да добиеме на читаност..

И овде на форумов шо демек треба да има малце поинтелигентни луѓе од page 80 и некој на секоја трета страна прашувате "а како тоа наставничката пријавила толку брзо" Па дури стигнав и да прочитам пред некој пост дека Вања знаела нешто шо не требала да знае па ја ликвидирале. Wow, свака част на ниската интелигенција

И што е со тие теории на секој чекор "не, чекај јас имам теорија ваква". Што е ова CIA нешто гледаме епизода па си коментираме со пуканки кој каква теорија има па кој ќе погоди тој е најјак? Приберете се со вашите теории, никаква потреба нема од нив, имајте малце почит.

"Ама нешто е нејасно", "ама како сеа они вака викаат па така викаат". Да, нејасно е, нелогично е ама какво очекувате да биде? У кој случај ќе ви биде логично да се убие малолетно девојче? У кое сценарио? И не ви се должни ни мвр да ви дадат логично сценарио затоа што ко шо сто пати кажаа до сега не го знаат ни самите целосно. Тоа што успеале да откријат до сега тоа ви го кажуваат. Истрагата не заврши па да се жалите дека немало логика. Напротив, тек допрва почнува. Само што го фатија главниот осомничен, што очекувате толку рано да ви кажат?

И прекинете сами да си заклучувате ствари шо не се потврдени па триста тези да разглабате околу нив. Тој шо го возел не знаел па стигнале они да разглабаат колку пари коштала картичка со интернет у странство да се купи. Боже господе. Прво никој не потврди дека тој не знаел, второ тој шо го возел е и најмалку битен у целава приказна, ај доста си играте детективи и остајте ги да работат тие шо треба да работат.

А сите тие коментари по фејсбуци за колење, за палење за бесење и какви се не гадости од 90% од народов само покажуваат колку е се труло во државава и како сме дојдени до оваа ситуација и колку се треба да се смени од корен почнувајќи од образованието па економијата на државава затоа што од необразован и сиромашен народ еве што може да се очекува. Луѓево треба да се научат на емпатија, култура и да прочитаат некоја книга во животот па можеби тогаш нема да се огледуваат на луѓе како Палчо, Миленко, Латас и можеби нема да ни бидат премиери фаци како Заев и Груевски.
 
Ич не сум некој што е по теории на заговор, окултизам, култови, жртвувања и такви глупости.... но дупките во официјалната верзија, кои дупки може би се и од причина што истрагата не е завршена па не се кажува се или сеуште не се знае се, даваат простор за различни хипотези на кои може би треба да се размисли. Го мислам следново:
Тимот на палчо, оние првите тројца кои се поапсени се очигледни дебили, тие се неупотребливи за некој промислен и интелигентен криминал, ниту пак некогаш биле криминалци. Да ги пратиш во кокошарник јајца да крадат, ке усерат работа. Тие се добри само за физичка работа а како такви сигурно му служеле како физикалци за копање длабоки дупки при барање злато. Во таква дупка беше пронајден и пензионерот. Значии се работи за група трагачи по скриени богатства. Делата кои ги сториле јасно покажуваат дека се забегани со умот, сите од групата. Се прашувам дали е можно да се толку отидени и помрачени во умот во потрагата за злато што почнале да жртвуваат и луѓе како курбани за пронаоѓање на злато? Ете пензионерот беше најден во таква дупка а објаснувањето од дебилите е дека им должел 500 евра па го убиле и му го зеле кршот! Реално, никој не убива за 500 евра а и кое фајде да го убиеш кога треба да ти врати пари а за тоа ти треба жив. Се прашувам дали и девојчето им требало за некој окултизам при барањето злато?
Знам дека хипотезава звучи забегано али ете ми падна на ум, па мислам дека не е во ред да ме ругате ако сметате дека хипотезата е надвор од секоја можна реалност...
 
Зошто ги кријат наодите од обдукцијата. Кај Вања скршени двете раце и вилицата. Пак ќе повторам таа е киднапирана за да биде убиена,]
Не. Ако е така, тогаш ќе ја убиеле и во самата зграда, без разлика дали со огнено или ладно оружје. За кој кур ке инволвираат толку души за да ја киднапираат, ке ја среди на лице место и никому ништо.

Излезена е работата од контрола кога се има дознаено дека случајот е пријавен во полиција. Дали самиот татко му кажал на палчо, дали можеби кога имаат пробано да ја контактираат мајката, дали поинаку тоа допрва ке се дознава, верувам деќа ќе се дознае.
 
Последно уредено:
Брат ти си на баба Ванѓа внукот изгледа па сега твоите од задница извадени шпекулации треба за закон да ги земиме и да го обесиме на плоштад, да му ја клецкаме женаму а децата со катран и пердуви да ги облиеме.

Со возачот за секој разумен човек, во недостаток на објавени докази, и тоа и тоа прави смисла до степен каде неможеш да направиш заклучок надвор од разумен сомнеж што е постулат на секој правен систем.
Prvo nitu me razbra shto pishuvam nitu znajsh shto mi pdgovarash.

Mozham da uaklucam deka si nezhenet ili nemazhena bez deca i zatoa ne me svajcash!!!!

Familijarwn covek ako ne povejce barem ednash vo denot ce se slushni so domashnite pogotovo koga e na Pat . Toa znaci deka imal prilika da doznae i vo slucaj da neznael.
I ako sakal da ne bidi racunat kako soucesnik trebalo odma da se kavi v policija ili licno ili preku zhena mu i sl.

A toa muda za bubrezi prodavanje deka po zakonot bez dokazi e nevin mi e mnogu mnogu odamna poznato.

Ama nego ne go spasuva od Problemi i trzavici vo narednive denovi.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom