Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Ај мала помош. Следнава недела треба да постам 7 дена строг пост без употреба ни на зејтин. Што би можел да јадам повеќе да ги одржам мускулите во овој период?
Леќа,грав,бадеми,кикирики.. Барај протеин од растителна храна.. сега колку тоа ќе помогне незнам.. ама да кажеме ако внесуваш 200 гр протеин од растителна храна 100гр да се апсорбираат е супер..
 
Член од
3 јули 2011
Мислења
16
Поени од реакции
6
Многумина кога ќе им се спомно зборот диета, веднаш ги асоцира на тешки и исрцпни режими, во кои ве тераат да гладувате или јадете она што не ви е по мерак.
Напротив, диетата во превод значи начин на исхрана, во зависност од тоа каква е целта постојат неколку вида на исхрана.

1. Зголемување на муслулната маса/телесната тежина.
2. Намалување на телесната тежина/мастите.
3. Намалување на телесните масти/дефиниција.

Да не бидам погрешно сфатен, сите овие режими мораат да се проследат со тежински/кардио тренинзи во спротивно резултатот нема да биде целосен, ниту вие ќе бидете задоволни од себеси и вашиот изглед.

Првиот начин, односно зголемувањето на мускулната маса/телесната тежина е особено важен за оние кои потешко качуваат на вага. Оние кои спаѓаат под типот на тело наречен ектоморф.
Тие треба да се конценрираат на тежинскиот тренинг, повеќе дневен одмор (4 дена тренинг - 3 дена одмор по препорака) поголем одмор помеѓу серии (при вежбање) и минимален кардио тренинг, односно без воопшто кардио тренинг (трчање) барем се додека не ја постигнат посакуваната тежина.
Исхранта треба да се состои од многу здрави калории за да го олеснат качувањето на маса.

Вториот начин, односно намалувањето на телесната тежина/мастите е наменет за оние кои веднаш се дебелеат, или по нашки, што и да јадат им се "фаќа" - тие се нарекуваат ендоморфи.
Треба да се посветат повеќе на тренинг за сила, кој ќе им помогне да го урамнотежат системот од масти во мускули и воедно да го забрзаат метаболизмот. Треба да контролираат дневниот калориски внес, и да се хранат фрекфентно на секои 2-3 часа со мали но комплетни оброци. Кардиото е препорачано во овој случај.

Третиот начин, намалување на телесните масти односно попознат поим како дефиниција.
Ова важи са сите три типа на тела (ендоморф, ектоморф и месоморф) но не сите можат и смеат да следат ист начин на исхрана бидејќи едните од другите се разликуваат по тоа колку брзо/споро можат го трошат дневниот калориски внес кој им е пресметан.
Овој начин на исхрана важи кога ќе ја постигнете саканата килажа, но сакате да се ослободите од вишокот масти во телото.
Настрана лажните реклами на ТВ кои ги гледате полни со јо-јо ефект диети и лажни направи за ослободување на вишокот масно ткиво.
За вистински резултати, треба посветеност и истрајност, односно составен режим на исхрана во кој е пресметан дневниот калориски внес и кардио од зависност во тоа каков тип на тело имате.

За додатна помош, доколку сакате да пресметате колку калории треба да внесувате дневно за постнување на саканата цел, еве калкулатор:

На темава можете да го напишете вашиот начин на исхрана и оние кои се поискусни, воедно и јас ќе ви помогнеме во исправањето на грешките се со цел да ви се олесни она што сакате да го постигнете.

Еве еден пример, како треба да се храни тинејџер бодибилдер.
Исхраната е превземена од Херкулес форумот.
Протеините на Labrada, кој се со докажан и проверен квалитет можете да ги најдете во продавницата на SPORTIX која се наоѓа спроти Европскиот универзитет.

Лениното семе можете да го замените со омега 3-6-9 капсули.
Во текот на денот внесувајте минимум по 2 литри вода.
Браво за текстов кој е одличен. Во продолжение сакам да ти го претставам мојот план на исхрана . Иначе секој ден сум на работа до 8 до 4 плус студирам. Вежбам 4пати неделно толку ми дозволува времето, прво тежински тренинг па после тоа кардио 30-40мин.
Целта ми е да го тргнам високот на масти кој не е преголем ама не успевам ради една моја слабост која ке ти ја писшам на крајот.
ова е мојата исхрана, која нормално се менува не е еднолична секој ден
доручек: Зитарици со млеко и 1 банана , протеин веј 1 доза
Ужина: 2 портокали , 6 јајца и нискокалоричен јогурт
ручек 16часот и 15 мин Варено место најчесто стек мозеби риба , со оиз грашок салата во комбинација
Ужина 1 банана
Вечера: Варено бело месо или нешто слично со додаток салата нешо
пред спиење 1 еј доза мешана со вода не со млеко

Прво те молам да ми кажи ми дали е во ред исхраната
Е сеа и имам голем проблем со благи работи . Значи дома им е забрането да купуваат ама кога ке купат ко да неможам а да не пробам, можеш ли да ми кажеш некои извори на благо што би ми помогнале да не имам толкава потреба од него зш ради него мислам дека неможам да направам т.н коцки на телото ЧД:)
Фала унапред поззз
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
После тренинг 1 доза веј, и пред спиење баш треба да го мешаш со млеко, а не со вода.
 
F

FuckYouAll

Гостин
Мармалда од сливи можит да се јадит пред тренинг ?

Јас најчесто вежбам околу 10:30-11 часот насабајле и секој ден пред да вежбам јадам овес, ама сакам да менам малце, можит да предложите што да јадам. :)
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Две кратки прашања
Прво прашање - Какво влијание ( ако имаат воопшто) имаат зелениот чај и омега 3 киселините на организмот? Посебно во контекст на темава, за вежбањето?
Второ прашање - дали е точно дека ако се јаде повеќе пати во текот на денот се забрзува метаболизмот? Дали тоа значи дека треба да делам едно јадење на 3-4 пати, или пак да направам 3-4 различни јадења ?
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
108
Поени од реакции
41

1.Зелениот чај го намалува холесторолот и го забрзува метаболизмот,омега 3 е добро за кардоваскуларното здравје и многу други работи кои можеш на гугл да ги најдеш.

2.Точно е тоа,ќе јадеш 4-5 пати на ден,но не еден ист оброк поделен на 5 дела,туку помали оброци.На пример. во 9 сабајле јадеш овес,во 11 јадеш 2 јаболки,во 2 јадеш јајца,во 5 јадеш стек,во 7 јадеш семки од тиква.кикирики,лешници,во 9 јадеш туна.

Ова беше чисто провизорно колку да ти даде една претстава.^
 
Ок фала.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Две кратки прашања
Прво прашање - Какво влијание ( ако имаат воопшто) имаат зелениот чај и омега 3 киселините на организмот? Посебно во контекст на темава, за вежбањето?
Второ прашање - дали е точно дека ако се јаде повеќе пати во текот на денот се забрзува метаболизмот? Дали тоа значи дека треба да делам едно јадење на 3-4 пати, или пак да направам 3-4 различни јадења ?
1. Уште да додам зелениот чај има сличен ефект како кофеинот во кафето односно дава ментален фокус кај вежањето. Богат е и со антиоксиданси за заштита на клетките од оштетување. Исто така го забрзува метаблоизмот за 3%.
2.Да со почести оброци се забрзува метаболизмот и телото не депонира масти затоа што забележува дека постојано има храна на располагање и нема потреба да складира, секако зборуваме за фиксен број на калории само поделени во повеќе оброци
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Две кратки прашања
Прво прашање - Какво влијание ( ако имаат воопшто) имаат зелениот чај и омега 3 киселините на организмот? Посебно во контекст на темава, за вежбањето?
Второ прашање - дали е точно дека ако се јаде повеќе пати во текот на денот се забрзува метаболизмот? Дали тоа значи дека треба да делам едно јадење на 3-4 пати, или пак да направам 3-4 различни јадења ?
Тоа со оброците нема врска.. Се додека следиш колку калории внесуваш само така ќе ослабеш метаболизмот не се убрзува со помали оброци.. Има и статии за ова..

So, whether you eat 3 meals of 900 calories or 6 meals of 450 calories (both totalling 2700 calories) you will only increase you metabolism by 270 calories per day. Unfortunately, the frequent small meal option reduces your leptin levels, which actually lowers your metabolic rate!

http://www.nocrave.com/fm_small_meal_myth.php

Повеќе гледај колку протеини внесуваш,колку калории за да ослабеш..Но секој е различен ако ти одговара 6 оброци јади така ако сакаш помалку можеш така.. Гледај да вежбаш,пишувај што како си вежбал и зголемувај килажи/повторувања..Очекувај резултати полека..
 
RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
665
Поени од реакции
334
иначе веке не е тренд да се јадат по 6 оброци, сега сите почнуваат да бидат против ова, нешто демек со осетливоста на исулинот, покачување на нивото на шекерот во крвта, пат кон дијабетис ,,, итн итн. не сум во тек али само да пишам дека сега друга мода иде во врска со бројот и количината на ороците :D
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
108
Поени од реакции
41
Како да дискутираме за квантна физика,треба да си проба на него што најмногу му одговара,неможе секој да јаде 6 оброци од различни причини (работа,факултет,итд,итд).Секој си има различни начини на исхрана и вежбање,во што е убавината на спортот.Едно ќе му одговара на еден,друго на друг,се додека не пробаш на себе нема да знаеш.Во тоа е тајната на спортот.;)
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Како да дискутираме за квантна физика,треба да си проба на него што најмногу му одговара,неможе секој да јаде 6 оброци од различни причини (работа,факултет,итд,итд).Секој си има различни начини на исхрана и вежбање,во што е убавината на спортот.Едно ќе му одговара на еден,друго на друг,се додека не пробаш на себе нема да знаеш.Во тоа е тајната на спортот.;)
Тоа е тоа.. Секој треба да прави како што сака и одговара.. за да остане со вежбањето подолго време.. Да му биде пријатно тоа што го прави за да очекува добри резултати по определен период..
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
иначе веке не е тренд да се јадат по 6 оброци, сега сите почнуваат да бидат против ова, нешто демек со осетливоста на исулинот, покачување на нивото на шекерот во крвта, пат кон дијабетис ,,, итн итн. не сум во тек али само да пишам дека сега друга мода иде во врска со бројот и количината на ороците :D
Те цитирам конкретно поради инсулинот, од огромна улога е кога ни треба високо ниво на инсулин и што тогаш треба да конзумираме.
Околу исхраната и суплементацијата на второ место конкретно околу спортов е една голема наука. Оној кој е упатен запознаен е и дека битно за раст и обликување на телото е да манипулираш со хормоните како би го извлекол максимумот.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Те цитирам конкретно поради инсулинот, од огромна улога е кога ни треба високо ниво на инсулин и што тогаш треба да конзумираме.
Околу исхраната и суплементацијата на второ место конкретно околу спортов е една голема наука. Оној кој е упатен запознаен е и дека битно за раст и обликување на телото е да манипулираш со хормоните како би го извлекол максимумот.
А за тие што не се,нешто повеќе да кажеше.. ? :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom