Исхрана по крвни групи

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Исхрана за крвна група О(нулта)

Ловец-месојадец

Силен имунитет, роден е за водач



Генетска предодреденост – здрав дигестивен систем, силен имунитет, природна одбрана од инфекции, систем создаден за ефикасен метаболизам

Слабости –нетолерантен на промени на услови и исхрана, имунитет што може да е премногу активен и што може да се нападне себеси



Ризици од болести
-згрутчување на крвта, инфламаторни болести, артритис, високо тироидно ниво, чиреви , алергии, автоимуни болести (лупус, псоријази, егземи)

Профил за диета – многу протеини, месојадец, месо, риба, зеленчук и овоштие .


Многу корисни јадења ( задолжително)

( може говедско, јагнешко, телешко, овчо, до 300 gr. неделно)
бакалар, ослич, срдина, скуша, пастрмка, лосос, белвица, харинга, гргеч
козјо сирење
ленено или маслиново масло
орев и семки од тиква
артичок, цикорија, рен, праз, кромид, магдонос, компир, спанаќ, репа, пашканат, тиква, пиперка
свежи и суви смокви, свежи и суви зелени, црвени и црни сливи
цреши, ананас.


- Неутрални јадења

кокошка, патка, мисирка,
туна, рак, шкампи, полжав, крап, школки,
оризово или сојино млеко,
бадем костен, лешник , сусам
црн грав, боранија , грашок
ориз, јачмен, просо, рж
цвекло, ким, морков, целер, зелена салата, печурки, лук, краставици, тиква и домат
јаболка, боровинки, киви, круши, грозје, лубеница, банана, малина
кајсии и праски

- ШТЕТНИ ЈАДЕЊА (не смее да се зема)

сланина, гуска, шунка, прасе, салами, паштети, колбаси, конзерви, пушено или чадено месо
кавијар, икра, харинга, чаден лосос, октопод
млеко (обично и пастеризирано) , кашкавал, сирење, кајмак, павлака, кисело млеко, маргарин
обични масла (од пченка, сончоглед и тиква)
кикири и фстаци
леќа и обичен бел грав
леб од пшеница, пченкарно брашно, бурек, ѓеврек, тестенини
авокадо, зелка, карфиол, пченка, црни домати, брокула и маслинки
јаболка, портокал, капини, јагоди, мандарини и диња.
Абе се убаво,само не ми е јасно оти не треба да јадам мандарини и јагоди.И зелка.Тоа другото и без тоа не го јадам.Добро,освен бурек.
Абе...ај ја ке си продолжам вака,па ке ризикувам...:pos2:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Оф леле децава никако да сватат.... Абре луѓе ова е препорачливо да се јаде или да не се јаде ако сакате да направите диета, ако сакате да ја зајакните крвта (пр. има слабокрвни со недостаток на железо) ова ви е еден од начините. Се знае дека неможе да се опстане само следејки ги овие правила.
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Оф леле децава никако да сватат.... Абре луѓе ова е препорачливо да се јаде или да не се јаде ако сакате да направите диета, ако сакате да ја зајакните крвта (пр. има слабокрвни со недостаток на железо) ова ви е еден од начините. Се знае дека неможе да се опстане само следејки ги овие правила.
Добро де,шо се нервираш.
СРЕКНА НОВА ГОДИНА!:smir:
 
Член од
3 април 2008
Мислења
64
Поени од реакции
11
Ах, не ме израдува многу статијава...
Убави си почна да кажува за Нулта -

Генетска предодреденост – здрав дигестивен систем, силен имунитет, природна одбрана од инфекции, систем создаден за ефикасен метаболизам...

А после тоа...некои од омилените јадења ми се во категоријата на Штетни... Како на пример, млеко и млечни производи, ѓеврек, тестенини, зелка, пченка, црни домати, брокула, маслинки, јаболка, портокал, капини, јагоди, мандарини....ахххх....ц ц ц....:nesum:
А ме советува да јадам повеке месо...кое што не ми е баш омилено...:toe:
Али имам срека што јадам скоро се во главно, така да барем знам нема да умрам од глад ако случајно ми треба да си ја зацврстам крвта :smir:

Ама мене сигурно ми ја згрешиле крвната група....јас требеше да бидам АБ. Според дадените информации многу повеке се истоПОветувам со АБ од него со Нулта... :sakas_ust
 

TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
ахх , енигма на еволуцијата :pos2:

јеботе тоа АБ групата ...

Точно е тоа со ГИТ , често имам проблеми со него .
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Исхрана за крвна група А (а)

Генетска предодреденост
чист вегетеријанец (безмесна исхрана).

Слабости -
чувствителен дигестивен систем, нежен имунитет, подложен на напади од микроби

Ризици од болести
- срцеви болести, рак, анемија, црн дроб, жолчка, дијабет.
------

- Многу штетни (не смее да се земаат)

сите останати видови меса

баракуда, краба, јагула, рак, острига, лосос
кравјо и овчо млеко, кајмак, путер, маргарини, пармезан, останити сирења и кашкавали
обични масла за јадење
фстаци
ситен грав и наут
пшеницни цереали
тестенини и пецива од пшеница и бело брашно
црн домат, маслинки, црвен домат, шитаке печурки и зелена банана, кокос, манго, портокал и мандарини
црвен пипер,
јаболков и вински оцет
кечап и мајонез
пиво, ликер и газирани сокови

ХАхахахахахахахахахах.

ХАхахахахахахахахахах.

ХА...... Здравје боже, ќе видиме.

Инаку овие кои си ги означил како Многу штетни (не смее да се земаат)....сигурно не е обратно? :nesum:

Болдирав во што не уживам од таа листа. Со секој друг противник на драго срце се соочувам на софра.


Лоша листа.


 

BuSarCe

See My Profile
Член од
4 август 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
33
млекото штетно пастеризирано??? лошо
леле кој ќе откажува ова неможам да не е само за нулта негатив:smir:
јас по 3л пијам на ден млеко од ова новосадско,уште тоа ако не пијам и ќе умрам за јадење:smir:ај некој кажете имам проблем со желудецот а млекото ми помага.нулта позитив сум знам само дека не смеам зачини и мрсна храна да употребувам,друго што ќе предложите за диета во врска со ова???
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
При моите консултации со доктори, понесен од емоциите кои ми ги предизвика анализата во првиот пост на темава дознав дека многу е неверојатно крвната група да влијае на позитивните или негативните карактеристики кои ги носи начинот или типот на исхрана на човекот.

Лаичка забелешка: метаболитичките процеси не зависат само од крвната група, а конкретно ако се прави ваква распределба, треба да се подели и на подгрупи, нели? Ер-Ха факторот (позитив, негатив) сигурно има улога, доколку веќе е значајна групата.

п.с. Татко ми, карнивор како мене (а не веган во гени) е А+. Добар е, засега, фала му на бога.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
дефинитивно сум нулта, јадам многу месо, и од листата на штетна храна дефинитивно е точно дека не е препорачливо да се јадат јагоди-јас имам алергија, иако и тоа е индивидуален дефект:)
 
Член од
3 април 2008
Мислења
64
Поени од реакции
11
млекото штетно пастеризирано??? лошо
леле кој ќе откажува ова неможам да не е само за нулта негатив:smir:
јас по 3л пијам на ден млеко од ова новосадско,уште тоа ако не пијам и ќе умрам за јадење:smir:ај некој кажете имам проблем со желудецот а млекото ми помага.нулта позитив сум знам само дека не смеам зачини и мрсна храна да употребувам,друго што ќе предложите за диета во врска со ова???
BuSarCe, не се возбудувај многу поради статијава...:smir: И јас сум Нулта и обожавам млечни производи и ред други кои горе се наведени како штетни за нас, а крвната слика ми е топ и не сум имала сериозни здравствени нарушувања досега. Не верувам дека информацииве се многу веродостојни (тие можеби се ОК за некои специфични ствари, ама не мора да значи дека лошо ке влијаат на здравјето ако не се придржуваш до нив).
А конкретно за твоето прашање, не мораш да се откажуваш од млекото ама како што спомна, ако треба да одбегнуваш мрсна храна, тогаш гледај и млекото што го консумираш да не е полно масно. Или нека е 1.5% ама почесто гледај да биде 0%. :smir:
 

^Кристи^

Dreamer
Член од
1 ноември 2007
Мислења
781
Поени од реакции
41
Исхрана за крвна група О(нулта)

Многу корисни јадења ( задолжително)

( може говедско, јагнешко, телешко, овчо, до 300 gr. неделно)
бакалар, козјо сирење, праз, кромид, репа, пиперкa)
Е баш задолжителново не го има на моето мени никогаш.
Не ги внесувам во себе овие работи:pov:

ШТЕТНИ ЈАДЕЊЕ (не смее да се зема)

колбаси, конзерви, кашкавал, сирење, павлака, кисело млеко, маргарин
обични масла (од пченка, сончоглед и тиква)
кикири и фстаци
леб од пшеница, пченкарно брашно, бурек, ѓеврек, тестенини
авокадо, зелка, карфиол, пченка, црни домати, брокула и маслинки
јаболка, портокал, капини, јагоди, мандарини и диња.
Ако стварно се` ова е штетно, не ми се пишува добро на мене
 

BuSarCe

See My Profile
Член од
4 август 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
33
BuSarCe, не се возбудувај многу поради статијава...:smir: И јас сум Нулта и обожавам млечни производи и ред други кои горе се наведени како штетни за нас, а крвната слика ми е топ и не сум имала сериозни здравствени нарушувања досега. Не верувам дека информацииве се многу веродостојни (тие можеби се ОК за некои специфични ствари, ама не мора да значи дека лошо ке влијаат на здравјето ако не се придржуваш до нив).
А конкретно за твоето прашање, не мораш да се откажуваш од млекото ама како што спомна, ако треба да одбегнуваш мрсна храна, тогаш гледај и млекото што го консумираш да не е полно масно. Или нека е 1.5% ама почесто гледај да биде 0%. :smir:
фала на совет ама ако јадам што помалку масно тогаш да се пишам во умрените.ќе се направам чечкалица јас и онака сум слаб :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom