Историја на семејното стебло

Член од
30 јули 2012
Мислења
22
Поени од реакции
4
moze da si napravish dnk test analiza za predci . evtini se testovite a moze da bide dobar pocetok za tvojata potraga . jas gi zapoznav ovie [poradi druga pricina, ama imaat i takvi testovi i mnogu mi pomognaa www.smartdna.gr
 
Ф

Флеш

Гостин
Брат да запознаен сум со оваа работа,но сепак благодарам на вниманитето,запознаен сум и со проектот на Национална географија .... Планирам во блиска иднина да направам преку Игенеа или Кралскиот Британски Институт ....Но те молам раскази ми за твоето искуство ако имаш направено ... Фала ;)
 
Член од
30 јули 2012
Мислења
22
Поени од реакции
4
Јас конкретно немам направено ваков тест за предци. Случајно дознав кога правев за жал ДНК тестови за татковство . Бев задоволен од овој тест , и потоа направив ДНК фитнес тест и толку . Гледајќи на нивната веб видов дека имаат и вакви тестови какви што ти требаат тебе . Дечките се супер резултатите мене различно ми стигнаа. Едниот за 2 другиот за 3 недели. Ги правеле во Америка и мислам дека се најдобри.
 
Messanger

Аскер
Член од
15 октомври 2011
Мислења
380
Поени од реакции
344

А те чинеше колку?
 
Член од
30 јули 2012
Мислења
22
Поени од реакции
4
не се сеќавам точно , ама не беа нешто скапи. има нивната веб страна и цени мислам, провери.
 
Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
И јас во последно време нешто многу се заинтересирав за оваа тема, сакам историја, ама повеќе истражувачка и ова ми звучеше на интересен "проект". Можам да стигнам само до дедо и баба на моите дедо и баба, до толку памтат, а после? Гледам некои луѓе тука дошле до 18 век, а и читав на нет и гледам некои доаѓале и до 17, некои до порано. Не ми е јасно како тоа, кај се бара, кај има толку стари записи? Или лажат незнам... Сепак сакам да стигнам барем до 19 век ( порано о 90/80-тите години)
 
Најлесниот пат е од знаења на постари баби/дедовци, од архива мислам дека не може да се изнајде многу, но оние кои потекнуваат од поголемите градови можеби ќе најдат нешто, главно барем јас така најдов од постарите е сега пример дедо ми се распрашувал кога бил помлад а и фактот дека потекнува од село каде луѓето се познаваат меѓу себе и може полесно да се претпостави. Тој ми раскажа се, не сум се распрашувал по Архиви не сум ни запознаен со процедурите тами дозволи ова она...А да се знае 1 век и повеќе на назад е многу тешко 2-3 уште повеќе земајќи го фактот дека во 1 век се проследуваат колку точно 3-4 генерации...
 
Епа да мене дедо ми може да ми каже до негови прабаба и прадедо ( т.е. од тетка му ги дозна тие), прашањето ми беше за потаму, дали има начин да се дознае затоа што како што кажав има луѓе кои до 18/19 век стигнувале. Фала сепак
 
Messanger

Аскер
Член од
15 октомври 2011
Мислења
380
Поени од реакции
344
Епа да мене дедо ми може да ми каже до негови прабаба и прадедо ( т.е. од тетка му ги дозна тие), прашањето ми беше за потаму, дали има начин да се дознае затоа што како што кажав има луѓе кои до 18/19 век стигнувале. Фала сепак
Ич не знам, ако веќе толку те интересира прашај во градските архиви најверојатно евидентирале а и кој би вршел таква работа во 18/19 век не верувам, такви архивски процедури ( ако не се лажам ) се малку тешки и ми се чини треба некоја посебна дозвола, така што не ти давам некоја гаранција.
 
Член од
12 ноември 2012
Мислења
132
Поени од реакции
47
Го правевме на факс по предметот Помошни историски науки и доста интересно,седнеш со прабаба/прадедо и ти кажува и ти запишуваш
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Уште да не бев јас анти-монархист...

Плавоока, имаш среќа што денес сум добро расположена па ќе ти прогледам низ прсти за ова, ама само да знаеш дека на многу луѓе им летнале главите и за помали навреди.
Живеј поданичке моја, и спомнувај си за денот кога ти го поштедив животот.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Во овие доцни часови од ноќта, се решив да ви ја откријам мојата тајна. Јас сум потомок на царското семејство Романови, односно правнука на Анастасија Николаевна Романова, која успеала да ја избегне трагичната судбина на нејзиното семејство и пребегнала во Пуста Брезница каде што го запознала мојот прадедо Стојан. Подоцна се венчале и се преселиле во Ракотинци и таму си живееле среќно до крајот на животот. Со оглед на моето благородничко потекло, мислам дека би било коректно од ваша страна да ми се обраќате со Ваше Височество , а не би било лошо и да станете и да се поклоните секогаш кога ќе напишам пост.
ПЕТКАНА ?????????? :eek:
Или сестра и Џурѓа ?
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Мојата фамилија има и испишано семејно стебло, кое за жал не можам да го сликнам бидејќи е во далечната Црна Гора. Како и да е, одлично си го познавам потеклото.

Потекнувам од едно племе кое живеело во Стара Херцеговина, од кадешто се преселиле во Требјеса, тогашна Херцеговина, сегашна Црна Гора, за да се преселат во с. Царине, Никшиќ, Црна Гора.

Си ги знам само машките имиња бидејќи тие се впишани: Со болдирано мојата лоза.

Радуле(1 син) - Јанко
Јанко(5 сина) - Филип, Андрија, Коста, Млаѓен и Славко.
Филип (2 сина) - Божо и Андрија
Андрија (3 сина) - Божо, Ново и Видак
Ново (6 сина, 1 ќерка) - Божо, Здравко, Млаѓен, Драгутин, Јагош, Димитрије и Сенка
Драгутин (2 сина) - Небојша и Зоран
Зоран (2 сина) - Брат ми и јас :D
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
55
Поени од реакции
44
Гледам темава е години стара, па ајде да ја подновам.

Јас веќе 2 години се интересирам за родопис. Штета што никој од мојата лоза не се интересирал и не запишал за предците, така да јас почнав буквално од нула. Досега дознав до четврто колено наназад, т.е. до моите пра-пра родители. Дознав и 2 имиња од петто колено, но без презимиња. Приметив дека името од петото колено станува презиме преку едно колено, па оттука од некојси Тефо внуците негови го добиваат презимето Тефови.

Досега имам истражувања само поред кажувањата на моите родители и роднини. Немам никаква верификација колку сето тоа е точно. Баш денеска решив да одам по институции и за сите кои се интересираат како оди процедурата, го дознав следното:

Доколку фамилијарната лоза се состои од просечни луѓе (историски не важни), може да се поднесе барање за увид или извештај од матичните книги. Секој поединечен извештај чини 50 денари. Мислам дека тоа барање треба да се даде во онаа матичната служба која се наоѓа во зградата на старата комерцијална банка, одма до камениот мост, кај музичкото школо. За да барањето биде успешно, треба да знаете име и презиме, место на раѓање и барем отприлика период на години кога е роден на предокот кој го барате. Барањето треба да е на име на последниот жив потомок, т.е. ако барате предци од вашата таткова страна, барањето треба да е од татко ви.

Ми рекоа дека податоци можат да се најдам наназад се до 1900 година, а за постари би било многу тешко. Тогаш ми стана јасно дека при завршувањето на османлиското владеење, они ги имаат собрано сите архиви во Истанбул. Јас незнам дали македонскиот архив и турскиот соработуваат, но доколку би соработувале, моја претпоставка е дека преку специјално барање би можело првата да контактира со втората, па со помош на некоја поголема сума да се добие извештај за поназад во минатото. Или пак само бесполезно се надевам.

Исто така од спроти е и држаниот архив. Таа институција би помогнала само доколку некој од лозата е историски позната личност. Тука незнам како би одела процедурата, бидејќи кај мене нема историско важни личности.

Од усно предавање, јас досега имам собрано околу 350 роднини, од кои само 50 се на жена ми. Од останатите 300, почнувајќи од четврто колено од горе, ги имам изведено подолу повеќето роднински врски до втори братучеди, а понешто и од трети братучеди. Доколку би ги извел сите потомци само од мојата лоза, би излегле некаде околу 450 луѓе. Инаку користам специјализиран софтвер кој се нарекува MacFamilyTree и чини мислам $50.

Нормално сето ова го правам аматерски и многу ме интересира дали во Македонија постојат луѓе кои професионално се занимаваат со ова. Во странство нив ги нарекуваат genealogy researchers. Доколку некој е понавлезен во темава, баш би сакал да чујам совет.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom